EN↓ 12. 10-15.10.2019 @ 10:15- 17:00
АКТЕРСТВО ОД ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА
Вовед во техниката на Михаил Чехов
Меѓународна работилница
Предавач/тренер: Улрих Мејер Хорш, Schule für schauspiel Hamburg, Германија
12 – 15 октомври 2019, oд 10:15 до 17:00 часот (пауза 75 минути), во Театар на Навигатор Цветко – Кино Култура
Работилницата е наменета исклучиво за АКТЕРИ (дипломирани и студенти од втора, трета и четврта година).
Секој заинтересиран АКТЕР треба да испрати линк од видео на YouTube (не подолго од една минута, на англиски јазик) на mihailcehovskopje@gmail.com. Во него објаснете зошто сакате да учествувате на работилницата „Актерство од вашата имагинација“. Краен рок за пријавување е 03.10.2019, до 12:00 часот на пладне. Учеството за селектираните кандидати е бесплатно, бројот е ограничен, а работилницата ќе се одвива на англиски јазик.
Актерство од вашата имагинација
Нашите животи стануваат поинакви кога ќе се поврземе со нашата имагинација. Со цел да ја оживееме нашата работа на сцена, мора да дојдеме во контакт со нашите внатрешни слики.
Имагинацијата е прашање на факти. Секое човечко суштество ја поседува. И секој уметник има свој начин на нејзино користење. За еден актер, 80% од неговата работа е конкретно имагинацијата. Сликите се јадрото на креативноста. Како да ги отелотвориме сликите, како да ги оживееме, за да ги споделиме со публиката?
Техниката на Михаил Чехов ги поврзува нашата потсвест и имагинација со физичката реалност, создавајќи свет на сензации и емоции.
Преку оваа работилница практично ќе го истражиме методот на Чехов: психо-физичките вежби, вежбањето на актерската имагинација, импровизацијата, колективната игра, сето тоа ќе нѐ одведе до работа на сцени и ликови од конкретен драмски текст.
Техниката на Михаил Чехов
Како прецизен набљудувач на „креативниот процес“, Михаил Чехов ја истражувал играта меѓу психата и телото, недопирливото и допирливото.
Открил едноставни и јасни алатки за актерот, основани на моќта на Концентрацијата и Имагинацијата, на Психолошкиот гест, Имагинарниот центар и Атмосферата.
Применети во пракса, овие техники му овозможуваат на актерот да го открие својот лик за релативно кратко време. Техниките отвараат врати кон креативната индивидуалност на актерот.
Михаил Чехов (1891 – 1955)
Михаил Чехов е светски признаен како еден од најголемите актери на дваесеттиот век. Во Московскиот Уметнички Театар, соработката меѓу К. Станиславски, Е. Вахтангов, В. Мејерхољд и М. Чехов води до театар кој бил храбар, експресивен и имагинативен. Во нивната работа, тие трагале по начела коишто би довеле до инспирирано актерство. Ова истражување, го навело Чехов да развие своја сопствена психо-физичка актерска техника, која ги вклучува телото и имагинацијата.
Откако змаинал од Русија во 1928 година, Чехов поминал единаесет години низ Европа како актер, режисер и професор. Соработувал со Макс Рејнхард во Берлин и Виена, основал своја трупа во Париз и режирал во театрите во Рига и балтичките земји. Во 1936 година го отворил Театарското Студио Чехов во Дарингтон Хол, Англија.
Во 1939., се преселил во САД, кадешто предавал во Њу Јорк и во Холивуд.
Улрих Мејер-Хорш
Актер и режисер, Школа за театар Хамбург и Михаил Чехов – Европа
Улрих Мејер-Хорш режира и игра во Гемранија и регионот повеќе од 25 години. Соработувал со Симон Мекберни, Аугусто Боал и Јоши Оида. Како наградуван режисер, познат е по постановките на Бертолд Брехт и Антон Чехов. До 2015 година бил уметнички ко-директор на Kreuzgangspiele Feuchtwangen, еден од најголемите германски летни театри.
Улрих Мејер-Хорш го добил своето уметничко образование во Школата за театар О33 (Шуле фур Шаушпил 033) и има дипломи по театарска педагогија, теологија и филозофија од универзитетите во Хајделберг, Хамбург, Кил и Лондон (Кралскиот колеџ). Учел со поранешните ученици на Михаил Чехов, Хурт Хатфилд, Диадри Хрст ду Преј, Мала Пауерс и Јоана Мерлин, како и со мастер-професори од Германија и Русија.
Од 1994 година па наваму, тој има предавано низ Европа, Русија, Ерменија, Средниот Исток, Бразил, Уругвај, САД, Јапонија, Сингапур и Тајван. Тој е предавач на универзитетот Једитепе, Истанбул, Турција и член на меѓународниот наставнички совет на Асоцијацијата Михаил Чехов, Њујорк. Основач е на Михаил Чехов – Европа, ко-основач на образовната наставна програма на МЧЕ којашто се предава во 15 земји во Европа и Азија. Што туку беше назначен за нов уметнички директор на Школата за театар, Хамбург, официјално почнувајќи од јануари 2020.
EN» 12. 10-15.10.2019 @ 10:15- 17:00
ACTING FROM YOUR IMAGINATION
Introduction to the Michael Chekhov Technique
International workshop
Lecturer-trainer: Ulrich Meyer-Horsch, Schule für Schauspiel Hamburg, Germany
October 12th to 15th, 2019, from10:15 to 17:00 hours, at Teatar of Navigator Cvetko, Skopje, RN Macedonia
The workshop is intended exclusively for ACTORS (graduated and students of second, third or fourth year).
Any ACTOR who wishes to attend the workshop should send a link to a video on YouTube (not longer than one minute, in English) in which is explained why he/she wants to attend the course “Acting from your imagination”. Submission deadline is 03.10.2019, until noon. Participation for candidates that are selected is free of charge. The workshop will be held in English.
Acting from your Imagination
Our lives make a difference when we connect to our imagination. In order to make our work on stage alive, we need to get into contact with our inner images.
Imagination is a matter of fact. Every human being has it. And every artist has his/her own way of using it. For an actor 80% of his/her work is concrete imagination. Images are the core of creativity. How can we embody images, make them physical, so that we can share them with the audience?
The Michael Chekhov Technique connects our sub-consciousness and imagination to the physical reality creating the world of sensations and emotions.
In this workshop we will explore Chekhov’s method in practice: psycho-physical exercises, training of the actor’s imagination, improvisation, playing in the ensemble, will lead us to working on scenes and characters from a given play.
Michael Chekhov Acting Technique
As an accurate observer of the ‘creative process’, Michael Chekhov investigated the interplay between psyche and body, between ‘intangible and tangible’.
He found simple and clear tools for the actor, based on the powers of Concentration and Imagination, the Psychological Gesture, the Imaginary Center and Atmosphere.
Applied in practice, these techniques enable the actor to discover his/her character in a relatively short period of time. They open doors to the artist’s creative individuality.
Michael Chekhov (1891–1955)
Michael Chekhov was widely recognized as one of the greatest actors of the 20th century. At the Moscow Art Theatre the collaboration between K.Stanislavsky, E.Vachtangov, V.Meyerhold and Michael Chekhov led to a theatre that was bold, expressive and imaginative. In their work they searched for objective principles that would lead to inspired acting. This investigation led Chekhov to develop his own psycho-physical acting technique, incorporating body and imagination.
After leaving Russia in 1928 Chekhov spent eleven years in Europe – acting, directing and teaching. He worked with Max Reinhardt in Berlin and Vienna, founded his own company in Paris and directed for the theatres in Riga and the Baltic countries. In 1936 he opened the Chekhov Theatre Studio in Dartington Hall, England.
In 1939 he moved to the United States, where he taught in both New York and in Hollywood.
Ulrich Meyer-Horsch
Actor and Director. Schule für Schauspiel Hamburg and Michael Chekhov Europe e.V.
Ulrich Meyer-Horsch has been acting and directing in German state and regional theatres for more than 25 years. He has worked with Simon McBurney & Complicite, Augusto Boal and Yoshi Oida. As an award winning director, he is known for his playful productions of the works of Bertolt Brecht and Anton Chekhov. Until 2015 he was the associate artistic director of Kreuzgangspiele Feuchtwangen, one of Germany’s biggest summer theatres.
Ulrich Meyer-Horsch received his artistic education at Schule für Schauspiel O33 and holds diplomas in Theatre Pedagogy, Theology and Philosophy from the universities of Heidelberg, Hamburg, Kiel and London (King’s College). He studied with Michael Chekhov’s former students Hurt Hatfield, Deidre Hurst du Prey, Mala Powers and Joanna Merlin as well as with master teachers from Germany and Russia.
Since 1994 he has been teaching throughout Europe, Russia, Armenia, the Middle East, Brazil, Uruguay, the US, Japan, Singapore and Taiwan. He is a guest lecturer at Yeditepe University, Istanbul, Turkey, and a member of the international faculty of the Michael Chekhov Association (MICHA), New York. A founding member of Michael Chekhov Europe e.V., he has co-created MCE’s educational curriculum which is taught in 15 countries in Europe and Asia. He has just been appointed the new artistic director of Schule für Schauspiel Hamburg, starting in January 2020.