EN↓04.10.2019@ 19:30
ПЕРФОРМАНС „Ј А С Н Е М А“
Првата изведба ќе започне во 19:30 часот, а втората изведба во 20:30 часот. Траењето на перформансот е околу половина час. Бројот на седишта е ограничен на 40. Ве молиме вашето присуство да го пријавите на info@lgbti.mk, а ние ќе ви испратиме потврден мејл за во кој термин има слободно место.
Влезот е слободен.
Се повеќе деца и младинци се жртви на булинг, а дополнителен проблем е и појавата на сајбер- булингот. Почнува со почетните одделенија, продолжува во средните училишта, факултетите, а за припадниците од маргинилизираните заедници и поединци трае цел живот. Целта на театарскиот перформанс „Ј А С Н Е М А“ е да се разгледаат корените на проблемот од поинаков аспект, да се прикаже како се чувствува жртвата на булинг и да се согледа вистинската сериозност и влијание на оваа појава. …Јаснема ќе ја снема, а јас нема…
Режијата е на Дени Стојанов, а техничката поддршка е на Зорица Зафировска. Актерите во перформансот се дел од групата за перформанс Кунстверкштат на Младински образовен форум (МОФ). Кунстверкштат е група на млади ентузијасти и љубители на театарот, друштво без граници на креативност, посветеност и младинска критична мисла.
Перформансот е дел од проектот „Perform2Reform“ кој е партнерски проект помеѓу пет земји чија цел е да ги адресира прашањата со булингот, дискриминацијата и нееднаквоста помеѓу младите преку употребување на алатки како уметност, театар и перформанс. Проектот е финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија.
Постерот е дело на Јован Јосифовски, а графичкото прилагодување на Слободан Спасовски.
За повеќе информации – https://www.facebook.com/events/2442696785948206/?event_time_id=2442696789281539
EN» 04.10.2019@ 2019
PERFORMANS: J A S N E M A
The first performance will be at 19:30 and the second performance will start at 20:30. Time duration is approximately 30 min.
The number of the audience is limited to 40, so please send an email to info@lgbti.mk for reservation. We will confirm in which time slot there is still a free space.
More information : https://www.facebook.com/events/2442696785948206/?event_time_id=2442696789281539