EN↓ 02.11.2019 @ 19:30- 21:00
Медиумите низ светот веќе експериментираат со најразлични иновативни раскажувачки методи. Сè повеќе редакции вклучуваат Ви-Ар новинарство, мултимедијални и интерактивни приказни и опсежни стратегии за пласман на социјалните мрежи.
До каде се македонските редакции во овој поглед? Може ли да се разговара за иновативен пристап кога се соочуваме со проблеми и предизвици на основно ниво – ниски плати, напори за финансирање независно новинарство, мали редакции соочени со голем обем на работа, сè помалку млади заинтересирани за оваа професија?
Говорници на оваа дебата која ќе ја модерира Ивана Настеска се Горан Михајловски, Сашка Цветковска, Билјана Николовска, Александар Манасиев, Ана Петрушева, Магдалена Михајловска.
Повеќе информации за настанот на: https://2019.iffs.mk/mk/event/do-kade-se-digitalnite-redaktsii-vo-makedonija/
Програмата на фестивалот е објавена на https://2019.iffs.mk/mk/programa/
Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организира Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите. Годинава дел од фестивалот е поддржан од УНХЦР Скопје.
Влезот за сите настани е бесплатен.
EN» 02.11.2019 @ 19:30- 21:00
Discussion: Digital versions of the domestic scene, where are we?
More information about the event: https://2019.iffs.mk/mk/event/do-kade-se-digitalnite-redaktsii-vo-makedonija/
Program of the festival: https://2019.iffs.mk/mk/programa/
Free entrance