Мобилното новинарство на домашната медиумска сцена

EN↓ 02.11.2019 @ 13:30-14:30

ПИНА ја започна Програмата за мобилно новинарство и организира обуки за студенти и млади новинари заинтересирани за следење на горливите општествени прашања, како и зголемување на медиумската писменост. Ќе разговараме за можностите што ги нуди оваа програма, како и за иднината на овој новинарски жанр во Македонија, а ќе погледнеме и дел од видеата направени од учесниците во Програмата на ПИНА.
Модератор на настанот е Марина Лазаревска, а искуството ќе го споделат новинарите Ивана Настеска, Теодора Цветковска, Флоријан Шмиц, Жарко Настоски, Кристина Озимец

Програмата за мобилно новинарство е дел од проектот – „Преку мобилно новинарство до зголемување на медиумската писменост“ реализиран со поддршка од грант-програмата на проектот „Медиумите за граѓаните – граѓаните за медиумите“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе информации за дискусијата на: https://2019.iffs.mk/mk/event/mojo-storytelling-mozhnostite-za-razvoj-na-mobilno-novinarstvo-na-domashnata-mediumska-stsena/

Програмата на фестивалот е објавена на https://2019.iffs.mk/mk/programa/

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организира Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите.

Влезот за сите настани е бесплатен.


EN» 02.11.2019 @ 13:30-14:30

Mobile journalism on the domestic media scene

More information about the discussion: https://2019.iffs.mk/mk/event/mojo-storytelling-mozhnostite-za-razvoj-na-mobilno-novinarstvo-na-domashnata-mediumska-stsena/

More information about the festival: https://2019.iffs.mk/mk/programa/

Entrance is free