EN ↓ 31.10.2019 @ 19:00
Третото издание на Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје погледот го вперува „Кон дигиталното“ разгледувајќи го светот на иновативни можности и можни нарушувања на приватноста.
Почнуваме со панел дискусијата „Новинарството и медиумите во дигиталната ера и социјалните мрежи, каде одиме?“ која ќе ја води новинарката Ана Зафирова, а е посветена на борбата за опстанок и интегритет на новинарството во светот на социјалните медиуми. За предизвиците со кои се соочуваат медиумите денес, како и насоките во кои може да се исползуваат иновативните алатки, Зафирова ќе разговара со Марија Фернанда Лаурет од Контраст и Ана Јакимовска, докторка на науки од областа на вештачка интелгиенција, која има работено во престижни британски медиуми како Guardian, Sky News, BBC и Channel 4.
Повеќе информации за дискусијата на: https://2019.iffs.mk/mk/event/novinarstvoto-i-mediumite-vo-digitalnata-era/
Потоа во 20.30 часот е проекцијата на филмот „Големиот упад“ (Тhe Great Hack) https://youtu.be/iX8GxLP1FHo , документарен филм за скандалот со Кембриџ аналитика и злоупотребата на личните податоци на Фејсбук корисниците.
Програмата на фестивалот е објавена на https://2019.iffs.mk/mk/programa/
Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организира Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите. Годинава дел од фестивалот е поддржан од УНХЦР Скопје.
Влезот за сите настани е бесплатен.
EN » 31.10.2019 @ 19:00
Opening of the IFFS- Investigative Film Festival Skopje
“Going Digital” 31.10- 02.11.2019
Free entrance
Program of the whole festival you can find https://2019.iffs.mk/mk/programa/