Програма за жени новинарки, можности за промени во медиумите

EN↓ 01.11.2019@ 18:00- 19:00

Истражувањата покажуваат дека новинарките се значително помалку присутни на повисоките управувачки места во медиумите, во споредба со своите машки колеги. Ова е една од клучните причини зошто ПИНА ја започна Програмата за жени-новинарки, поддржана од Цивика Мобилитас, каде новинарките стекнуваат вештини од мултимедијално и мобилно новинарство што им овозможува поголема самостојност во работата. Верена Ламерт, уредничка во германската радиотелевизија WDR, ќе го сподели искуството за комуникација со помладата публиката на теми од феминизмот и други важни прашања пласирани на нејзиниот наградуван инстаграм-канал. Таа ќе им се придружи на учесничките во Програмата за жени-новинарки на ПИНА, чија работа ќе биде прикажана во рамки на дискусијата.
Програмата за жени-новинарки на ПИНА е дел од проектот „Жени новинарки за посилно граѓанско општество“ поддржан од Цивика Мобилитас.
Ивана Митровска за овие теми ќе разговара со Вања Мицевска, Џемилиана Абдулова, Верена Ламерт, Кристина Озимец

Повеќе информации за дискусијата на: https://2019.iffs.mk/mk/event/programa-za-zheni-novinarki-mozhnosti-za-promeni-vo-mediumskata-sfera/

Програмата на фестивалот е објавена на https://2019.iffs.mk/mk/programa/

Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА заедно со партнерите ФЕС – Скопје од 31 октомври до 2 ноември годинава во Кино Култура по трет пат го организира Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје, неколкудневен настан посветен на новинарството и медиумите.

Влезот за сите настани е бесплатен.


EN» 01.11.2019 @ 18:00- 19:00

Program for women journalists, opportunities for change in the media

More information about the discussion:  https://2019.iffs.mk/mk/event/programa-za-zheni-novinarki-mozhnosti-za-promeni-vo-mediumskata-sfera/

Program of the festival: https://2019.iffs.mk/mk/programa/

The entrance is free