11. 11. 2019 @ 17:30- 19:00
Култренинг- редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење
WE ARE EXCITED ♥
📣
Култренинг 2019 – нови искуства, нови иницијативи, нови истражувања 😊
Култренинг е инициран како простор на споделување на пракси и истражување на движење во полето на совремниот танц.
Култренинг е базиран на методолошкиот пристап кој се разликува од традиционалниот наставен метод на пренесување на знаење.
Култренинг го замислуваме како простор на континуирана средба на луѓето активни во полето на истражување на движење, кое своето знаење го споделуваат со пошироката заедница.
Овој Понеделник
📍 11.11.2019
🕠 17:30 до 19:00
📍 Кино Култура- простор за современи изведувачки уметности и современа култура, Култренинг продолжува со
⚡ КРУМЕ ТОШЕВ ⚡ ИНТЕГРАЛНА ЈОГА
Интегралната јога е спој на различни јога практики и вклучува техники на асана (вежби за држење на телото), пранајама (вежби за дишење) и медитација кои имаат за цел да влијаат кон постигнување на хармонија на телото и умот.
📍 Претходно искуство не е потребно.
📍 Учеството е бесплатно.
Часовите се поддржани од организацијата Локомотива- Центар за нови Иницијативи во уметноста и културата – како дел од програмата „Заедно“- социо- културни активности за пошироката општествена заедница, на проект_ просторот Кино Култура.
Секој Понеделник, ново искуство!!!
Ве очекуваме!!