Култренинг! Со Јована Зајкова, 25.11.2019

25.11.2019 @ 17:30- 19:00

Култренинг- редовни отворени часови за техники на современ танц и истражување на движење

WE ARE EXCITED ♥

📣
Култренинг 2019 – нови искуства, нови иницијативи, нови истражувања 😊

Култренинг е инициран како простор на споделување на пракси и истражување на движење во полето на совремниот танц.
Култренинг е базиран на методолошкиот пристап кој се разликува од традиционалниот наставен метод на пренесување на знаење.
Култренинг го замислуваме како простор на континуирана средба на луѓето активни во полето на истражување на движење, кое своето знаење го споделуваат со пошироката заедница.

📍 25.11.2019

🕠 17:30 до 19:00

📍 Кино Култура- простор за современи изведувачки уметности и современа култура, Култренинг продолжува со

Jovana Zajkova

Овој Култренинг ќе се состои од кратко загревање, вежби на под, средно и високо ниво и движење на телото низ просторот. Фокус на координација на тело, динамика на движење и свесност за себе и околината. За крај, преку импровизација до поинаков пристап кон сопствените шеми на движење и реакција на друго тело во движење.

📍 Претходно искуство не е потребно.
📍 Учеството е бесплатно.

Часовите се поддржани од организацијата Локомотива- Центар за нови Иницијативи во уметноста и културата – како дел од програмата „Заедно“- социо- културни активности за пошироката општествена заедница, на проект_ просторот Кино Култура.

Ве очекуваме!!

Повеќе информации: https://www.facebook.com/events/3030640550285556/