EN↓06.12.2019@ 20:00
Книжевно промотивна вечер за романот што од самото објавување предизвикува извонреден интерес и многу реакции: „Аб’т“ од Оливера Ќорвезироска.
Книжевната вечер ќе се одржи на 6. 12. (петок) од 20 ч. во кино Култура.
Покрај авторката ќе учествуваат и актерот Јовица Михајловски, писателот Владимир Јанковски кој ќе го води разговорот, и секако, би не радувало и вклучувањето на публиката.
ОЛИВЕРА НИКОЛОВА за „Аб’т“
Новиот роман на Оливера Ќорвезироска, и овојпат со еден талентиран зафат и необична структура, како и во нејзините претходни текстови, ни нуди на показ проседе на еден автор кој не се помирува со веќе банализираните постигања во нашата проза. Романот „Аб’т“ е колку современ, толку и роман за времињата што минуваат и се испреплетуваат влијаејќи си едни на други, толку и роман за човечката душа и за нејзините треперења, па и за нејзините одгласи наоколу, кои се отсликуваат и пресоздаваат во слики што нѐ потресуваат со оригиналноста и многузначноста.
Повеќе информации: https://www.facebook.com/events/485364025415510/
EN»06.12.2019@ 20:00
A literary promotional evening for the novel that has sparked a lot of interest and reaction since its publication: “Ab’t” by Olivera Choreverziroska.
The literary evening will be held at 6. 12. (Friday) from 20h. in Kino Kultura.
Beside the author, the actor Jovica Mihajlovski and the writer Vladimir Jankovski, will lead the promotion and the conversation, and the audience involvement is expected.
OLIVERA NIKOLOVA for “Abb’t”
Olivera Chorveziroska’s new novel, and this time with a talented grip and unusual structure, as in its previous texts, offers us an average of an author who does not come to terms with the already banalized achievements in our prose. The novel ‘Abbot’ is as contemporary novel about the times that have passed and intertwined affecting each other, as well as a novel about the human soul and its tremors, and its reflections around it, which are reflected and recreated in images that shake us with originality and multi- meaning.