EN↓05.12.2019@20:00
Изложба на фотографии од голем формат, дело на Сашо Алушевски со наслов МЕТАМОРФОЗИ.
Изложбата е инспирирана од современиот балетски перформанс на Ивана Коцевска-Метаморфоза и е авторско толкување на истиот. Во централниот дел од просторот на Кино Култура ќе бидат изложени деветнаесет фотографии на платно во-за наши услови нестандардно голем формат, настанати на специфична фотографска техника од деветнаесеттиот век.
Сашо Алушевски е првиот фотограф што изработува „колодиумски“ фотографии, и, иако претходно, на минатите две изданија на МакеДокс сме имале можност да видиме две негови изложби каде тој ги изложувал оригиналните фотографии на стаклените плочи, овој пат, тие се дигитализирани, и брутално исркено и грубо се пренесени на соврмен а сепак класичен медиум. Авторот истакнува дека работел на изложбава безмалку две години, и нагласува дека целиот циклус е сработен во креативна соработка со Ивана Коцевска.
На изложбата ќе биде промовирана и книга со истиот наслов, во која се сместени истите фотографии, пропратени со куси текстови, исто така дело на Сашо Алушевски.
Наместо говор, како најава за изложбата во живо ќе може да се погледне дел од кореографијата на Ивана Коцевска.
EN»05.12.2019@20:00
Exhibition of large format photographs by Sasho Alusevski entitled METAMORPHOSI.
The exhibition is inspired by the contemporary ballet performance of Ivana Kocevska -Metamorphosis and is the author’s interpretation of it. In the central part of the Kino Kultura nineteen photographs of non-standard large format canvas in nineteenth-century photographic technique will be exhibited.
Saso Alushevski is the first photographer to make “collodion” photos, and, although previously, at two previous editions of MakeDox we had the opportunity to see two of his exhibitions where he exhibited original photos on glass boards, this time, they are digitized and rudely transmitted to a contemporary yet classic medium. The author points out that he has been working on this exhibition for almost two years, and emphasizes that the whole cycle is done in creative collaboration with Ivana Kocevska.
At the exhibition, a book of the same title will be promoted, featuring the same photographs, accompanied by short texts, also by Saso Alusevski.
Instead of a speech, a live preview of Ivana Kocevska’s choreography can be seen as an announcement of the exhibition.