Музички настан – Креирање и издавање музика во дигитална средина

EN↓07.12.2019@20:00

Креирање и издавање музика во дигитална средина: концерт – импровизација во живо, дискусија и промоција
Кино Култура, сабота, 7 декември

20.00 дискусија на тема: Креирање и издавање музика во дигитална средина
Учествуваат: Andreja Salpe, Deni Omeragić, Mirko Popov
Модератор: Violeta Kachakova

22.00 Концерт – импровизација во живо
Панче Бујуклиев и Кантон 6 Трио (Mirko Popov, Синиша Евтимов, Vladan Drobicki)

Во рамки на настанот ќе се промовира и изданието Interactive Music Lab на Kanton6-Teichman Quintet, кое произлезе од истоимениот проект Interactive Music Lab реализиран во Кино Култура оваа година како работилница и импро сесија во живо, соработка помеѓу Кантон 6 Трио (Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки) – Скопје и Gebrüder Teichmann (Andi Teichmann и Hannes Teichmann) – Берлин.
/ / / / / / / / /
„Креирање и издавање музика во дигитална средина” е настан организиран од Локомотива Скопје како дел од програмата за музика на Локомотива во Кино Култура во рамки на која се истражува, контекстуализира и дискутира за музичката култура, но истовремено со креира и платформа за нејзина продукција и промоција. Настанот се реализира во соработка со ПМГ Рекордингс и е поддржан од Град Скопје и општина Центар.

Изданието/проект Interactive Music Lab е подржано од Гете Институтот од Скопје.

Програмата на настанот се состои од три сегменти.

20.00 дискусија на тема: Креирање и издавање музика во дигитална средина
Учествуваат: Андреа Ристески, Дени Омерагиќ, Мирко Попов
Модератор: Виолета Качакова

Првиот дел кој ќе започне во 20 часот, преку еден дискурзивен пристап ќе се бави со начинот на создавање, издавање и промоција на музика во ерата на дигитализација. Интернетот и дигиталните платформи отворија нови можности за креирање на аудио и музиката култура, можноста за нејзино издавање за различни дигитални издавачки куќи, како и дистрибуција и промоција во рамки на нов дигитален пазар кој не познава територијални граници, и работи по нови принципи на глобално ниво во рамки на новите ИТ економии и екологии.
Тргнувајќи од оваа реалност, дискусијата на тема „Креирање и издавање музика во дигитална средина” ќе се обиде да ја прикаже ситуацијата на домашните музичка сцена и како таа се развива земајќи ги во предвид можностите, но и пречките поврзани со создавањето и дистрибуција на музика (преку позицијата на автори и издавачи) како комбинација на механизмите кои (не)постојат во домашен контекст и оние карактеристични за дигиталниот музички пазар. Дискусијата ќе даде аспект на тоа што значи да си самостоен музички автор денес, како и во кои услови се создава музиката и кои се калните на дистрибуција, промоција па и продажба кои ги користат. Од друга страна пак ќе зборуваме и за музичкото издаваштво и како дигиталниот ”пазар” ги менува приликите на работа и бара нови знаења и алатки за издавање и промоција, дали може да надополни дел од недостатоците на механизми на поддршка од страна на домашните институции кои се одговорни за развој и поддршка на музичката култура. Исто така ќе се обидеме да го допреме и прашањето на нови типови на заедници или колективи кои се формираат во дигиталната средина кои развиваат нов контекст и начини на комуникација и соработка, а дел од нив се развиени врз принципите на солидарност и взаеман поддршка. А преку тоа и прашањето што значи да си млад автор денес во Северна Македонија, влијанието и идентификацијата со социо-културниот контекст од кој доаѓаш во однос на дигиталниот во рамки на кој дополнително се развиваш.
На дискусијата ќе земат учество музичари од различни генерации и со различни искуства во полето на создавање и издавање на музика.

22.00 Концерт – импровизација во живо
Панче Бујуклиев и Кантон 6 Трио (Мирко Попов, Синиша Евтимов, Владан Дробицки)

Сериозно интересна комбинација на неколку музичари кои имаат оставено траен белег на современата македонска сцена, пред се преку нивните матични бендови: Сетстат (Владан Дробицки, Панче Бујуклиев) и ПМГ Колектив/Кантон6 (Мирко Попов, Синиша Евтимов). Последниве години донесоа соработка помеѓу овие бендови, олицетворени во проектот Кантон6 Трио, кој пред се сé базира на импровизација и крос овер помеѓу џез и електроника. Адицијата на господинот Бујуклиев на синтисајзери и вистински потег во правец на згуснување на супстанцата во материјалот кој полека добива облик и веројатно наскоро ќе биде преточен и во издание. За оваа прилика, тие ќе се осврнат во слободен стил на материјалот снимен пред неколку месеци на истово ова место, Кино Култура, кој штотуку излезе како петто по ред издание на ПМГ Џез.

Тоа е изданието Interactive Music Lab на Kanton6-Teichman Quintet, кое произлезе од истоимениот проект Interactive Music Lab реализиран во Кино Култура оваа година како работилница и импро сесија во живо, соработка помеѓу Кантон 6 Трио (Мирко Попов, Синиша Евтимов и Владан Дробицки) – Скопје и Gebrüder Teichmann (Andi и Hannes Teichmann) – Берлин.

Биографии на учесници:
Виолета Качакова
Менаџер во култура и културен работник од Скопје, Македонија. Магистер по менаџмент во култура и културна политика (Универзитет на уметностите во Белград), дипломиран економист (Економски факултет во Скопје). Проект менаџер и програмски уредник во Локомотива-Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Преку Локомотива ко-основач на Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура и дел од управувачкиот тим. Програмски соработник, графички дизајнер и диџеј во ПМГ Рекордингс. Музички соработник во Канал 103. Се занимава со истражување и развој на културни политики, развој на современа уметничка пракса и модели на соработка, развој на нови модели на јавни простори во култура, застапување за работничките правата на културните работници и самостојните уметници, развој и афирмација на домашната музичка сцена. Дел е од тимот на Скопје – Европска престолнина на културата 2028.

Мирко Попов
Роден е во 1972 во Скопје. Купува плочи и внимава на музика уште од почетокот на осумдесеттите години. Тој е првиот професионален диџеј-букинг во 1992 и прв македонски интернационален диџеј. Континуирано е активен на култното скопско радио „Канал 103“ од 1992. Бил главен и одговорен уредник помеѓу 2008 и 2010 година. Во 1993 е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Во 1995 го формира „ПМГ Колектив“ како манифест на акцијата што треба да го победи незадоволството од актуелната културна состојба. ПМГ во следните години ќе прерасне во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции, од нарко-еуфории до музички револуции. Во 1998 ја формира „ПМГ Рекордингс“, независна македонска дискографска куќа со повеќе од 170 изданија. Има снимено и издадено 14 албуми со своите 3 проекти: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew и 1 со легендарниот скопски џез-бенд Sethstat. На околу 30 видеоспотови и 1 филм се јавува како сценарист и продуцент. Настапува како актер и пишува музика за театар и за филм. Режирал радиодрама. Сè уште живее и работи во Скопје.

Андреја Ристески
Роден на 13.08.1996 година, апсолвент на новинарски студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и дел електронското дуо „БарумБарум“, кое е музичка експериментална игра и производ на светската музичка еволуција. Со „БарумБарум“ неодамна извадивме сингл насловен „Upgrad“ за странска издавачка куќа „White Clouds“, моментално работиме на првото „EP“ издание кое ќе биде насловено „БарумТонен“. Исто така сум член на бендот „Каин“, со кој неодамна го извадивме нашиот прв студиски албум и член на реномираниот рокенрол бенд „Ласт Експедишн“ со кој работам на нов материјал.

Дени Омерагиќ е музичар кој живее и работи во Скопје. Студира музикологија на Факултетот за музичка уметност – Скопје, каде посебно внимание посветува на современата македонска музика, како и западно-европската уметничка музика на XX век. Најзабележителен е по неговото делување со групите Fighting Windmills и Светлост, со кои има издадено 6 албуми и отсвирено преку 70 концерти од различен формат. Покрај овие има дискографски и концертни остварувања со групите Палиндром, Avadarxi Ensemble, Avadarxi Quartet, Букршлиев / Омерагиќ / Спировски, Fighting Windmills + Sethstat, Јордан Костов Ad-hoc Ensemble, Јордан Костов Ensemble Moderne, Silent Spring, Invisible Fence. Паралелно со своето активно учество на алтернативната сцена ја следи истата и како новинар и критичар преку списанието „Излез“ (2011-2015) и повремени програми на радиото Канал 103 (2012-2019).

Панче Бујуклиев е роден во Скопје 1971 година. Завршил студии на ФМУ (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“) на одделот за музичка теорија и педагогија во 1996 година. Од 1998/1999 работи како наставник по теориски предмети во ДМБУЦ „Илија Николовски –Луј“ каде последната деценија предава Солфеж и Теорија на музика во основното музичко образование. Во пост-студиските години соработувал во најразлични проекти и студиски изданија најчесто како изведувач на дијатонска усна хармоника. Учествувал и во проектите „Peace unlimited festival“, „No borders“, „Мозаик“ (Mosaique) и други. Од 2000 година е член на Сетстат (Sethstat) партиципирајќи во создавањето на следните осум албуми на групата издадени за SJF Records, ПМГ Рекордингс и PMGJazz, и во концертните настапи и други изданија на Сетстат (Sethstat) како изведувач на синтисајзери во перформансите во Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, Бугарија, Црна Гора и Италија во рамките на различни музички фестивали.

Кантон6 е пионерски музички проект, предвесник на инди-техно-рок кросоверот во Македонија. Веројатно највозбудливиот музички микс во последната деценија, кој настана врз потребата да се музицира еклектично и со став, но тој став да биде базиран на цврст танцов бит (како наследство од последните 2 и пол техно декади) и изнесен во клубовите и на концертите. Кантон6 датира од 2000та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како диџеј, композитор/продуцент, издавач и музичар воопшто. Од раниот период датираат неколку поединечни песни, од кои највеќе се истакнува “Rockaroundtheclock” вртена на Канал 103 и издадена на компилацијата Зависна Листа.Мк – песна поради која од македонската музичка критика се наречени “one hit wonder”. Можеби токму ослободувањето од овој таг е причината за реактивирањето на Кантон6, чија работа беше во втор план за Синиша и Мирко – можеби највеќе поради креативната презафатеност со нивниот бенд ПМГ Колектив. Сепак, очигледно е дека креативноста ја прелева чашата и работите се одвиваат позитивно за Кантон6. Следат рафални ЕП изданија во многу краток рок, а деби албумот “Чил Фолк” излегува во 2011 година. Вториот албум “Деца на МРТВ” излегува во 2013 и е пропратен со обемна промотивна концертна активност. Во годините кои следат, Кантон6 се трансформира во вистинска лајв-техно атракција, што е навистина ретка појава на овие простори. Всушност целиот концепт на бендот се движи во правец на концертна импровизација, со звучни резултати кои ја изненадуваат публиката, но и самите автори. Во моментов бендот работи на третиот по ред студиски албум под работен наслов “Џезус”, за кој соработува со џез музичари.

Владан Дробицки
Роден 1971 во Јесеник, Чешка Република. Основно музичко образование завршува во МБУЦ-Илија Николовски-Луј, каде матурира. Дипломира тромбон во класата на проф. Јорго Стефановски. Почнува со работа во оркестарот на Македонската Опера на место прв тромбон. Во исто време го основува џез бендот Сетстат со кој остварува до сега 9 авторско-самостојни изданија. Долгогодишен член на ревискиот оркестар на МРТВ, а последните години и неформален шеф на ансамблот. Член на Градскиот дувачки оркестар на град Скопје. Основач на Прилеп Џез Викенд фестивал и селектор на програма на истиот до 2017 год. Долгогодишен член на УО на ММИ (агенција за остварување на изведувачки и продуцентски права во РМ). Член на оркестарот на ЗЈМ. Активен како музичар-тромбонист во бендот Сетстат, со кој ја промовира џез музиката низ помалите градови на Р. Македонија. Искуството насобрано во работа со големи формации, го прави идеален за носител на проект во кој музиката во која самиот е еден од авторите (СЕТСТАТ), би се преточила во музика за поголема формација, а композициите би останале како пишано наследство за идните генерации.


EN»07.12.2019@20:00

Creating and publishing music in a digital environment: live impro session, discussion and promotion
Kino Kultura, Saturday, 7 December

20.00 Public discussion: Creating and publishing music in digital environment
Participants: Andrea Risteski, Deni Omeragic, Mirko Popov
Moderator: Violeta Kachakova

22.00 Live music impro session
Pance Bujukliev and Kanton 6 Trio (Mirko Popov, Sinisa Evtimov, Vladan Drobicki)

Within the event we are promoting the release by Kanton6-Teichman Quintet titled Interactive Music, which is a result from the project Interactive Music Lab realized in Kino Kultura in a format of workshop and live improv session, a collaboration between Kanton 6 Trio (Mirko Popov, Sinisa Evtimov and Vladan Drobicki) – Skopje and Gebrüder Teichmann (Andi Teichmann and HannesTeichmann) – Berlin.

/ / / / / / / / /

“Creating and Releasing Music in a Digital Environment” is an event organized by Lokomotiva Skopje as part of its Music Programme at Kino Kultura dedicate to explore, contextualize and discuss music culture, but at the same time to create a platform that support music production and promotion. The event is organized in cooperation with PMG Recordings and is supported by the City of Skopje and the Municipality of Centre.

The music release / project Interactive Music Lab is supported by the Goethe Institute in Skopje.

The program of the event consists of three segments.

20.00 Public discussion: Creating and publishing music in digital environment
Participants: Andreja Salpe, Deni Omeragić, Mirko Popov
Moderator: Violeta Kachakova

The first segment, which will start at 8 pm, through a discursive approach, will deal questions how to create, publish and promote music in the digital age. The Internet and digital platforms have opened up new opportunities for the creation of audio and music culture, from the possibility for publishing and releasing music for various digital publishing houses to wider options for distribution and promotion within new digital market that doesn’t have territorial boundaries, and works globally within the new IT economies and ecologies.
Starting from this reality, the discussion “Creating and Releasing Music in a Digital Environment” will attempt to present the situation of the local music scene and how it evolves taking into account the opportunities and obstacles associated with the creation and distribution of music (through the position of authors and publishers) as a combination between the (non)existing mechanisms in the country and those specific to the digital music market. The discussion will give an insight into what it means to be a freelance music author today, as well as to the conditions under which music is created, distributed, promoted and sell. On the other hand, we will also talk about publishing and realising music and how the digital “market” is changing job opportunities, requiring new knowledge and tools for publishing and promotion, or whether it can address some of the deficiencies support mechanisms by national institutions that are responsible for developing and supporting the music culture. We will also try to address the issue of new types of communities or collectives that are emerging in the digital environment, which develop new contexts and modes of communication and cooperation, some of which have been built on the principles of solidarity and mutual support. This also relates to the question what it means to be a young author today in North Macedonia, the impact and identification with the socio-cultural context you come from in relation to the digital context in which you further develop. Participants at the discussion are different generations musicians brining different experiences in the field of music creation and publishing.

22.00 Live music impro session
Панче Бујуклиев and Kanton 6 Trio (Mirko Popov, Sinisa Evtimov, Vladan Drobicki)
Seriously interesting combination of several musicians who have left a landmark on the contemporary Macedonian scene, primarily through their bands: Setstat (Vladan Drobicki, Pance Bujukliev) and PMG Kolektiv / Kanton6 (Mirko Popov, Sinisa Evtimov). In recent years they established collaborations between these bands, embodied in the Kanton 6 Trio project, which is primarily based on improvisation and cross over between jazz and electronics. Adding Mr. Buyukliev’s on synthesizers to this assembly is real move towards thickening the substance in the material that is slowly taking shape and will probably soon be released. For the occasion, they will be referring to the freestyle material recorded a few months ago at the same venue, Kino Kultura, which has just emerged as the fifth edition of PMG Jazz.

This is the Kanton6-Teichman Quintet Interactive Music Lab release, which emerged from the Interactive Music Lab project implemented Kino Kultura this year as a workshop and live impro session, a collaboration between Kanton 6 Trio (Mirko Popov, Sinisa Evtimov and Vladan Drobicki) – Skopje and Gebrüder Teichmann (Andi and Hannes Teichmann) – Berlin

Biographies:

Violeta Kachakova
Cultural manager from Skopje, North Macedonia.
MA in Cultural Management and Cultural Policy (University of Arts in Belgrade, Serbia), BA in Economy (Faculty of Economics in Skopje, Macedonia). Project manager and co-programmer at Lokomotiva-Centre for New Initiatives in Arts and Culture.Through Lokomotiva she co-founder of Kino Kultura – project space for contemporary preforming arts and contemporary culture and part of its management team. Music collaborator at independent radio station Kana103, DJ and part of music collective PMG.
Interested and active in cultural policies research and development; development of the contemporary arts and models of collaboration, and development of new models of public cultural spaces, advocacy for the working rights and conditions of independent sector and development and affirmation of the music scene.
Team member of the Skopje European Capital of Culture 2028.

Mirko Popov
b. 1972 in Skopje.
He’s been buying records and keeping an eye on music since the early 1980s. He is the first professional DJ-booking in 1992 and the first Macedonian international DJ. He is continually active in the cult Skopje radio “Kanal 103” since 1992. He was editor-in-chief between 2008 and 2010. In 1993, he is at the epicentre of the Macedonian techno-cultural revolution, putting Skopje on the map of this contemporary movement. In 1995 he formed “PMG Collective” as a manifesto of action that should overcome dissatisfaction with the current cultural situation. In the coming years, PMG will become a leading avant-garde force on the streets of Skopje, responsible for a wide range of actions, from narco-euphoria to music revolutions. In 1998 he founded PMG Records, an independent Macedonian record label with more than 170 editions. He has recorded and released 14 albums with his 3 bands: PMG Kolektiv, Kanton6, Makedonide Crew and 1 with the legendary Skopje jazz band Sethstat. In about 30 video spots and 1 film, he appear as a screenwriter and producer. He had few acting roles, and writes and produces music for theatre and film. He directed radio play. He still lives and works in Skopje.

Andreja Risteski
Born on 13.08.1996, he is a graduate of Ss. Cyril and Methodius”- Skopje at journalism studies, and part of the electronic duo “BarumBarum”, which is a music experimental game and a product of world music evolution. With “BarumBarum” we recently released a single titled Upgrad for foreign label “White Clouds”, and we are currently working on the first “EP” release which will be titled “BarumTonen”. I’m also a member of the band named “Kain”, with which we recently released our first studio album, and a member of the renowned rock and roll band “Last Expedition” with whom I work on new material.

Deni Omeragic is a musician living and working in Skopje. He studied musicology at the Faculty of Music – Skopje, where she gave special attention to contemporary Macedonian music as well as Western European art music of the 20th century. He is most famous for his work with the bands “Fighting Windmills” and “Svetlost”, with which he released 6 albums and played over 70 concerts of various formats. In addition, he has music releases and concert performances with the bands “Palindrom”, “Avadarxi Ensemble”, “Avadarxi Quartet”, “Bookshliev/Omeragic/Spirovski”, “Fighting Windmills + Sethstat”, “Jordan Kostov Ad-hoc Ensemble”, “Jordan Kostov Ensemble Modern”, “Silent Spring”, “Invisible Fence”. In parallel with his active participation in the alternative music scene, he also follows the same as a journalist and critic through magazine “Izlez” (2011-2015) and occasional programs on radio Kanal 103 (2012-2019).

Pance Bujukliev was born in Skopje in 1971. He completed his studies at the Faculty of Music (Ss. Cyril and Methodius University), at the department Theory and Pedagogy in 1996. Since 1998/1999 he has been working as a lecturer of theoretical subjects at DMBUC “Ilija Nikolovski-Lui” where for the last decade he has been teaching Solfège and Theory of Music in elementary music education. In the postgraduate years he collaborated on various projects and study publications, often as a performer of diatonic harmonica. He has also participated in projects such as “Peace unlimited festival”, “No borders”, “Mosaique” and others. He is a member of “Sethstat” since 2000, participating in the creation of the band’s next eight albums released for SJF Records, PMG Recording and PMGJazz, and in concert performances and other “Sethstat” releases as a synthesizer performer in Macedonia, Croatia, Serbia, Slovenia, Bulgaria, Montenegro and Italy, in the frame of various music festivals.

Kanton6 is a pioneering musical project, a herald of indie-techno-rock crossover in Macedonia. Probably the most exciting musical mix in the last decade, which arose from the need to play eclectically and with an attitude, based on a firm beat (as a legacy of the last two and a half techno decades) and brought to the clubs and concerts. Kanton6 works from year 2000 and is primarily an intellectual product of Sinisha Evtimov – one of the leading Macedonian contemporary theater directors and Mirko Popov – present on our scene as a DJ, composer/producer, publisher and musician in general. From their early period presenting several songs, the most notable being “Rockaroundtheclock”, played on the Radio Channel 103 and released on the compilation ZavisnaLista.Mk – a song that is referred to as “one hit wonder” from the Macedonian music critic. Perhaps the release of this tag is the reason for the reactivation of Kanton6. However, it is obvious that creativity pours the glass and things take place positively for Kanton6. In a very short term follow the burst EP editions, and the debut album “Chill Folk” was released in 2011. The second album “Children of MRTV” came out in 2013 and is accompanied by a great promotional concert activity. In the years to come, Kanton6 is turning into a real cast-techno-attraction, which is a rare occurrence in these areas. In fact, the whole concept of the band is moving in the direction of concert improvisation, with sound results totally surprising the audience, but also the authors themselves. At the moment, the band is preoccupied with their third studio album under the working title “Jazzus”, for which they collaborate with jazz musicians.

Vladan Drobicki
Born 1971 in Jesenik, Czech Republic. He completed primary music education at MBUC-Ilija Nikolovski-Luj in Skopje, where he graduated trombone in the class of prof. Jorgo Stefanovski He starts working in the orchestra of the Macedonian Opera as a first trombone. At the same time, he starts a jazz band Sethstat and releases 9 albums so far. A long-time member of the Macedonian RadioTV revial orchestra and for the last several years an informal head of the ensemble. Member of the City brass band of the City of Skopje. Founder of Prilep Jazz Weekend Festival and program selector of the until 2017. A long-term member of the Management Board of the MMI (Agency for Realizing Performance and Production Rights in the Republic of Macedonia). Member of the ZJM Orchestra. Active as a musician-trombonist in the band Sethstat, which promotes jazz music through the smaller cities of the Republic of Macedonia. Co-owner of PMG Jazz label which started in 2018 and releases and promotes contemporary Macedonian jazz music.