EN↓18.12.2019 @ 18:00
ПОЛИТИЧКИ ТЕАТАР
Предавање на Мишел Павловски
Проследено со јавна дискусија со Лорета Георгиевска-Јаковлева, Софија Куновска, Маја Стевановиќ и Филип Јовановски. Модератор Биљана Тануровска – Ќулавковски.
среда, 18.12.2019 во Кино Култура
Предавањето и дискусијата се дел од „Програмата на Локомотива во Кино Култура во 2019 година”, програмска линија „Уметност, Политика, Институција, Тело“ поддржана од Министерство за култура и Општина Центар.
Вообичаената дефиниција на поимот политички театар е дека станува збор за „поим кој означува театар што се користи за политички цели, обично како дел од кампања или движење, понекогаш како дел од работата на политичката партија. Во најширока смисла, терминот може да има широка примена, од театар во заедницата до подигнување на свеста од страна на групи со специфичен идентитет, како што се движењата за правата на жените, афроамериканците или ЛГБТ заедницата. Неговата употреба е често непрецизна, преклопувајќи се со други термини како алтернативен, герила или радикален театар.“ (Chambers, Colin (2002): The Continuum companion to twentieth century theater. London, New York: Continuum, pp. 613)
Предавањето ќе се обиде да ги разгледа недоразбирања околу терминот, како и термините и прашањата кои се во релација со него како про-активна публика (политичкиот театар и активирање на публиката), идни естетики, институционални/вонинституционални простори, критички мултикултурализам и поликултурализам, театарот и глобализацијата, post-human performance. Исто така ќе посочи одредени примери за политички театар од светската и македонската театарска историја.
Мишел Павловски е редовен професор по културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Неговото поле на истражување вклучува културолошки студии, студии за медиумите и студии за театарот. Раководител и главен истражувач во проектот „Македонската литературна дата база“. Главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Спектар“ (2010-2012). Еден од оснивачите и член на Редакцијата на меѓународното научно списание Култура/Culture. Коуредник на книгата Креативни економии: Нови знаења за нови иницијативи (2014). Ги има објавено следните трудови: Од првична идеја до држава (заедно со Јован Павловски, 1993), Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1996), Чиста игра: биомеханиката во режисерскиот систем на В. Е. Мејерхољд (1998), Театарот и митот (2005) и Тесписовите светови (2014). Член на Друштвото на писателите на Македонија. Член на претседателството на ДПМ и негов секретар за внатрешни активности.
Мишел Павловски е добитник на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за книгата Македонија: вчера и денес (заедно со Јован Павловски, 1997) и колективната награда за наука „Гоце Делчев“ за проектот „Театарот на македонска почва“ (2003).
EN» 18.12.2019 @ 18:00
POLITICAL THEATER
Lecture by Michel Pavlovski
Followed by a public discussion with Loreta Georgievska-Jakovleva, Sofia Kunovska, Maja Stevanovic and Filip Jovanovski. Moderator Biljana Tanurovska – Kulavkovski.
Wednesday, 18.12.2019 in Kino Kultura
The lecture and discussion are part of the “Programme of Lokomotiva in Kino Kultura in 2019”, program line “Art, Politics, Institution, Body” supported by the Ministry of Culture and the Municipality of Centar.
The usual definition of the term political theater is “a term that denotes a theater used for political purposes, usually as part of a campaign or movement, sometimes as part of the work of a political party. In the broadest sense, the term can have a wide application, from community theater to awareness-raising by specific identity groups, such as women’s rights movements, African Americans, or the LGBT community. Its use is often inaccurate, overlapping with other terms such as alternative, guerrilla or radical theater. ” (Chambers, Colin (2002): The Continuum companion to twentieth century theater. London, New York: Continuum, pp. 613)
The lecture will address misunderstandings about the term, as well as issues related to it such as pro-active audiences (political theater and audience activation), future aesthetics, institutional / non-institutional spaces, critical multiculturalism, polyculturalism and globalization, post-human performance. It will also point to some examples of political theater in world and Macedonian theater history.
Michel Pavlovski is a full time professor of cultural studies at the Institute of Macedonian Literature at the University “Ss. Cyril and Methodius” in Skopje. His field of research includes cultural studies, media studies and theater studies. Head and lead researcher of the project “Macedonian Literary Database”. Editor-in-Chief of the international scientific journal Specter (2010-2012). One of the founders and a member of the editorial board of the international scientific journal Culture / Culture. Co-author of the book Creative Economics: New Knowledge for New Initiatives (2014). He has published the following papers: From Initial Idea to the State (with Jovan Pavlovski, 1993), Macedonia: Yesterday and Today (with Jovan Pavlovski, 1996), Pure Play: Biomechanics in W. E. Meyerhold (1998), Theater and Myth (2005) and The Thespians Worlds (2014). Member of the Macedonian Writers’ Association. Member of the Presidency of the Macedonian Writers’ Association and its Secretary for Internal Affairs. Michel Pavlovski is the winner of the “Mito Hadzi Vasilev-Jasmin” Prize for the book Macedonia: Yesterday and Today (together with Jovan Pavlovski, 1997) and the collective Goce Delchev Science Prize for the project “Theater of the Macedonian Soil” (2003).