EN↓ 19.12.2019 @20:00
Куклен театар Дафа (Јордан, Чешка)
Режисер и изведувач Хусам Абед,
Дизајнер на сетови и кукли Река Дејк,
Драматург Марек Турошк,
Ментори Јиш Хавелка, Роберт Смолик, Марек Бешка.
Продуцирано од ДАМУ, Чешка
Лична документарнa приказна преточена во соло-куклена претстава која преминува во кулинарско искуство. Ги поврзува животните приказни и семејните инциденти на Палестинец, роден и израснат во најголемиот бегалски камп во Јордан. Поставена во интимна атмосфера, претставата ги поканува гледачите да бидат дел од приказната за едно семејство, да бидат дел од нивните меѓучовечки врски и надеж. Многу суптилно и со голема прецизност, претставата се приклучува на уметноста и животот, креацијата и реалноста, интимноста и јавноста.
Хусам Абед е палестински куклар, музичар и социјален работник кој живее помеѓу Аман и Прага. Магистрирал режија на Одделот за алтернативен и куклен театар во академијата во Прага ДАМУ. Тој е основач на куклениот театар Дафа, како и на други фестивали и здруженија. Тој изведува и води куклени работилници, води работилници за раскажување приказни за деца и млади во повеќе земји, а најголемиот дел од неговата работа е концентрирана во бегалските кампови и во отсечените области низ Јордан. Тој режира куклени претстави и соработува со уметници од различни нации.
EN» 19.12.2019 @20:00
“The Comfortable Life”
Dafa Puppet Theatre (Jordan, the Czech Republic)
Director and performer Husam Abed
Set and puppet designer Réka Deák
Dramaturge Marek Turošík
Mentors Jiří Havelka, Robert Smolík, Marek Bečka
Production DAMU, the Czech Republic
A theater documentary, a personal story told as a solo puppet performance for the viewers it becomes a culinary experience. It connects the life stories and family incidents of a Palestinian, born and raised in the largest refugee camp in Jordan. By setting an intimate atmosphere, the performance invites the viewers into the story of a family, their interpersonal ties and hope. Very subtly and with great precision, the performance joins art and life, creation and reality, the intimate and the public.
Husam Abed is a Palestinian puppeteer, musician and social worker living between Amman and Prague. He earned his Master of Directing from the Department for Alternative and Puppet Theatre at the Prague DAMU Academy. He is the founder of the Dafa Puppet Theatre as well as other festivals and associations. He performs and leads puppetry and storytelling workshops for children and youth in numerous countries, and does most of his work in refugee camps and the deprived areas across Jordan. He directs puppet performances and collaborates with artists of different nations.