ФЕНЕР Меѓународeн фестивал за детски театар

EN↓19-21.12.2019@20:00

Шестото издание на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР во продукција на Буден Театар ќе се одржи од 19ти до 21ви декември во Кино Култура.

Две претстави од овогодишното издание на ФЕНЕР, се случуваат во Кино Култура и се насочено кон публиката со над десетгодишна возраст.

Денес во 20:00 часот можете да ја погледнете претставата „Удобниот живот“ изведена од Дафа куклениот театар кој ни пристигнува од Јордан.

„Удобниот живот“ ги документира приказните и ситуацииите на Изрелскиот палестинец роден и израснат во бегалски камп раскажана и режирана од самиот, расплетувајќи ја историјата на неговата татковина во последните 30 години. Публиката седи околу масата додека храната се приготвува. Се ова придружено од фотографии, мапи, видеа и посебно свежи рециклирани материјали –конзерви, колички, жица, хартија, дрво, ориз и доброто старо раскажување. На масата уметноста се поврзува со животот и креацијата со реалноста. Абед ги раскажува своите приказни создавајќи атмосфера која ги наситува сетилата.

Во сабота ќе може да ја погледнете „Невидливи земји“ на Грус Грус театарот од Финска.

„Невидливи земји“ кратко сиже.

Претставата на Исмаел Фалке и Сабина Линдгрен допринесува со нов свеж поглед кон темата за бегалците. Во претставата телата на уметниците се претвораат во пејзажи врз кои минијатурните фигурки патуваат. Претставата ја подвлекува разликата помеѓу сликата за бегалците в медиумите и физичкото искуство на тоа да се биде бегалец. Просторот помеѓу „другите“ и „нас“.

Буден Театар е независен театарски колектив, со седиште во Скопје, Македонија, кој работи од 2008 година. Главниот фокус на  е на зајакнување на развојот и растот на локалната независна театарска сцена и стимулирање на меѓукултурна размена. Буден Театар произведува театарски претстави, организира семинари за театарски професионалци, креативни работилници за деца произведува претстави за возрасни, како и за млада публика.