PLAYground со Александра Петрушевска

EN↓ 23.12.2019 @ 17:00-18:30

PLAYground
Главна цел на часот е создавање на средина во која секој
учесник/чка функционира и работи сам со своето тело во група.
Акцентот ќе биде на свесно движење и користење на телото во
просторот, во однос на останатите присутни и во однос на
партнер/ка. Часот е фокусиран на развивање нови навики без да ги потиснеме
старите со кои ќе си дозволиме да откриеме и да забележиме нешто
што досега не сме, дозволувајќи гравитацијата да ни го
обликува телото. Ќе пробаме да изградиме простор во кој ќе
бидеме отворени да споделиме, да ги осоознаеме своите маани и
предностите и да ги искористиме истите.

Александра Петрушевска е родена 1992 год. во Куманово,
Македонија. Таа е една од четирите основачи на Fusion,
независно студио во Куманово, Македонија.
Завршува три годишна специјализација за танчар и педагог во
Скопје Танцов Театар, под менторство на Рисима Рисимкин.
Има настапувано на интернационални фестивали во
продукции на Скопје Танцов Театар како: Holland Dance
Festival во Хаг (Холандија), Battery dance festival во Њу Јорк
(САД), Silk Road во Пекинг (Кина). Има работено со реномирани кореографи како:
Ноа Цук, Шерон Ејал, Антон Рудаков, Антонело Тудиско, Хофеш
Шектер, Иан Робинсон, Рејчел Озборн и др. Во моментот, дел е од програмата Танц, Контекст, Кореографија на HZT(Hochschulübergreifendes Zentrum Tanz) во Берлин во соработка со Universität der Künste Berlin (UdK), Hochschule für Schauspielkunst Ernst Busch (HfS) и TanzRaumBerlin.

Култренинг часовите се поддржани од организацијата Локомотива- Центар за нови Иницијативи во уметноста и културата – како дел од програмата „Заедно“- социо- културни активности за пошироката општествена заедница, на проект_просторот Кино Култура


EN» 23.12.2019 @ 17:00-18:30

PLAYground

The lessons are focused on creating an environment in which each participants works and functions independently from each other in a group. The emphasis is on conscious movement and conscious use of the body in space, in relation to the others present and in relation to the partner. The lesson is focused on developing new habits without suppressing the old ones, allowing ourselves to notice and discover something new and letting the gravity to shape our bodies. We will try to build a space in which we will be open to share, to become aware of our deficiencies and advantages and learn how to use them.

Aleksandra Petrushevska is born in 1992 in Kumanovo, Macedonia. She is one of the four founders of Fusion, independent dance studio in Kumanovo, Macedonia. She finishes a three – year specialization as a dancer and pedagogist at Skopje Dance Theater, mentored by Risima Risimkin. She has performed at international festivals in Skopje Dance Theater productions like: Holland Dance Festival in The Hague (Netherlands), Battery dance festival in New York (USA), Silk Road in Beijing (China). She has worked with renowned choreographers such as: Noa Zuk, Sharon Eyal, Anton Rudakov, Antonello Tudisko, Hofesh Schechter, Ian Robinson, Rachel Osborne and others. She is currently part of HZT (Hochschulübergreifendes Zentrum Tanz) in  Dance, Context, Choreography program in Berlin that collaborates with  Universität der Künste Berlin (UdK), Hochschule für Schauspielkunst Ernst Busch (HfS) and TanzRaumBerlin.

The Kultrening classes are supported by Lokomotiva – Center for New Arts and Culture Initiatives – as part of the Together program – socio-cultural activities for the wider social community at the Kino Kultura Project space.