САМО ЗАМИСЛИ – танцов перформанс

EN↓ 26.12.2019 @ 20:00

САМО ЗАМИСЛИ

танцов перформанс (работа во процес)
Кореографија и изведба: Александра Петрушевска
Дизајн на музика и изведба: HRZL
Времетраење: 30 мин.
Дизајн на плакат: Еми Ермилова

„Само замисли” е танцов перформанс кој произлезе како реакција на веќе постоечка кореографија. Референтната точка е “Try Leather” од 1975 на канадската танчарка и перформанс уметница, Маргарет Драгу. Со неколку референци на оригиналната кореографија, „Само замисли” на крај сепак е дело кое функционира независно. Начинот на кој се перципира, пристапува и реагира на кореографијата “Try Leather” зборува најмногу за авторката. Замислувајќи што сѐ може да направи со нејзиното тело и веќе постоечкото дело, Петрушевска ги реформира и отелотворува референците. Во тој процес, таа и нејзиното тело, таа и танцот заеднички се трансформираат.
Танцовиот перформанс, прикажан како работа во процес овој четврток во Кино Култура е работен во рамки на зимската работилница во 2019 на HZT со Брита Виртмулер и Маргарет Драгу и во рамки на кореографската резиденција на Петрушевска во Кино Култура во 2019 година како дел од проектот „Современа кореографија и танц” на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, поддржан од Министерство за култура и општина Центар.


EN» 26.12.2019 @ 20:00

JUST IMAGINE

dance performance (work in progress)

choreography and performance: Aleksandra Petrusevska

Music Design and Performance: HRZL

Duration: 30 min.

Poster Design: Emmy Ermilova

Just Imagine is a dance performance that emerged as an artistic response to already existing choreography. The reference point is “Try Leather” from 1975 by the Canadian dancer and performance artist, Margaret Dragu. With a few references to the original piece, Just Imagine ends up as an original piece that can stand independently by itself. The way the already existing work “Try Leather” is seen, approached and reacted to, by the author, at the end speaks mostly about herself. By imagining what else she can do with her body and with the already existing work, she began to embody the references and reshape them. Along the way, she and her body, she and the dance transformed.

The dance performance, which will be presented as a work in progress this Thursday at Kino Kultura, is being developed in the frame of the wither workshop at  HZT in 2019 with Brita Wirtmuller and Margaret Dragou and the choreographic residence of Petrushevska at the Kino Kultura in 2019 as part of the “Contemporary Choreography and Dance” choreography and dance project of Lokomotiva – Center for New Arts and Culture Initiatives, supported by the Ministry of Culture and the Municipality of Centar.