„Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска

24.01.2020@19:00

Книжевни муабети: промоција на романот „Девет приказни за госпоѓица Сит“ од Билјана С. Црвенковска во рамки на фестивалот ArtArea 3 кој се одржува од 24 до 26 Јануари
Промоцијата ќе се одржи на 24 јануари, во 20:30 часот, во Кино Култура.
Промоторки: Калина Малеска и Фросина Пармаковска

„Девет приказни за госпоѓица Сит“ е прв роман на Билјана С. Црвенковска (не сметајќи ги романите за деца), кој жанровски може да се определи како магичен реализам.

„Таа нечујно се движи на работ на сенките, кај што тие едвај видливо се милуваат со месечевите места. А потоа, тивко преде приказни на границата меѓу реалноста и фантазијата, онаму кај што се допираат јавето и сонот. Женски приказни, длабоки и потресни, понекогаш љубовни, тивки или гласни, нежни или моќни…“

Илустрацијата и дизајнот на корицата е на Зоран Кардула.

Повеќе за романот: https://chudnashuma.wordpress.com/2019/12/25/devet-prikazni-za-gospogjica-sit/
Повеќе за фестивалот: https://www.facebook.com/events/158271825462081/