24.02.2020 @13:00
Независниот академски синдикат (НАкС) организира Трибина во просторот на Кино Култура насловенa:
„Проблеми и предизвици на финансирањето на високото образование и науката во РСМ“.
Воведно обраќање на настанот ќе оддржи проф. д-р Елена Џукеска.
Презентери: проф. д-р Мирјана Најчевска, доц. д-р Бранимир Јовановиќ, порф. м-р Маја Стефановиќ, проф. д-р Виктор Стефанов, модератор проф. д-р Елена Џукеска.
Трибината е дел од проектот „Финансиска транспарентност и отчетност во високото образование и науката во РСМ“. Проектот е финансиран од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертски тим на НАкС.
Тема на дискусија на трибината се заклучоците и препораките изведени во рамките на анализите кои се однесуваат на:
– Воспоставување критериуми за финансирање на високообразовните институции;
– Воспоставување критериуми за формирање на платите на вработените во високото образование и потпишување колективен договор;
– Финансирање на научно-истражувачката дејност во РСМ.
Комплетот на извештаите од истражувањата реализирани во рамките на проектот се јавно достапни на официјалната интернет страница на НАкС – www.naks.org.mk. / https://naks.org.mk/?p=1090
Проектот е финансиран од Фондацијата Институт Отворено општество Македонија, а спроведен од страна на експертски тим на НАкС.