EN↓ 26.02.2020 @ 20:00
Втора изведба на „Океанот”, во 2020 година,
монодрама според мотиви на “Психоза 4, 48” од Сара Кејн
Игра: Симона Димковска
Режија: Драгана Гунин
Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев
Музика: Огнен Давитковски, Бојан Поповски, Кристијан Караџовски, Јован Јовановски
Дизајн на плакат: Мартин Гијевски
Резервации на: kinokultura2015@gmail.com
Цена на билет: 200 денари
Ова не е класична изведба по мотиви на еден познат драмски текст во кој отворено се говори за самоубиството и се следат последните мигови од животот на Сара Кејн. Ова не е ниту авторска и документарна претстава на младата актерка Симона Димковска. „Океанот“ е сериозна монодрама во која актерката со својот огромен потенцијал ги вади океанските длабочини на внатрешното битие распострирајќи го низ неколку кратки темати – машко-женските односи, родителите, пријателите, лекарот (режисерот Милош Б. Андоновски се јавува како гласот на лекарот) и системот, воопшто, кои пак се драматуршки поставени како интермеца меѓу сличните парчиња од драмата на Кејн“, напиша за монодрамата Ана Стојаноска, театролог.
Благодарност до Милош Б. Андоновски, Mеркур Македонија Доо Скопје, Лед Маркет
Во копродукција со Кино Култура, Театар на Навигаторот Цветко
Проектот е финансиран од Министерство за култура.
EN» 26.02.2020 @ 20:00
Soon theatrе play “Ocean”, based on the 4.48 Psychosis, by Sarah Kane
Performed by: Simona Dimkovska
Director: Dragana Gunin
Set design and light design: Martin Manev
Music: Ognen Davitkovski, Bojan Popovski, Kristijan Karadzovski, Jovan Jovanovski
Design on poster: Martin Gijevski
Thanks to Milosh B. Andonovski, Merkur Makedonija Doo Skopje, Led Market
C0-production with Kino Kultura, Theater of Cvetko the Navigator
The project play is supported by Ministry of Culture.