EN↓ 23.04.2020 @ 20:00
Монодрама ,,Кротка” – Според новелата на Фјодор М. Достоевски
Режија и драматизација – Дејан Ангелов
Актер – Стојан Велков Трн
Музика – Ставре Ангелаков
Сценографија и дизајн – Никола Пијанманов
Продукција – Здружение за култура Транзен.
Монодрамата „Кротка“ е правена според новела на Фјодор М. Достоевски. Новелата „Кротка“ е едно од подоцнежните дела на Достоевски. Таа е напишана според вистински настан за кој Достоевски дознал од петербуршките весници – самоубиството на млада, сиромашна девојка, која скокнала од прозорецот, држејќи ја семејната икона во рацете. Во новелата, Достоевски ја слика бурната драма на судирот меѓу две личности, меѓу два пола, меѓу две генерации. Новелата го покажува мајсторството на Достоевски во длабинското продирање во човековата психа, како да го снима процесот на мислење и функционирањето на психичките механизми. Евоцирајќи го заедничкиот живот со младата жена, главниот лик постојано запаѓа во контрадикции, со што докажува дека не постои еден став, една вистина и еден начин на гледање на работите, туку секогаш постојат најмалку две точки на гледишта. Според некои аналитичари, во ова дело на најдобар начин се манифестира најважнито раскажувачки принцип на Достоевски – принципот на изнесување на гледиштата „за“ и „против“.
Продукција на самостојниот проект е на Здружението за култура Транзен, во копродукција Театар Антон Панов, поддржано од општина Струмица, изведбата е во партнерство со Кино Култура.
EN» 23.04.2020 @ 20:00
Monodrama “The Meek One”- According to the novel by Fyodor M. Dostoevsky
Directed and dramaturgy by Dejan Angelov
Cast: Stojan Velkov Trn
Music: Stavre Angelakov
Scenography and Design: Nikola Pijanmanov
“The Meek One”, monodrama is created according a novel by Fyodor M. Dostoevsky. The short novel “Krotka” or “The Meek One”, is a story by Fyodor Dostoevsky’s later works. It is written based on a true story Dostoevsky learned from the St. Petersburg newspapers – the suicide of a young, poor girl who jumped out of a window holding the family icon in her arms. In the novel, Dostoevsky paints the tumultuous drama of a clash between two personalities, between two sexes, between two generations. The novel demonstrates Dostoevsky’s mastery of the deep penetration of the human psyche, how to record the thought process and the functioning of psychic mechanisms. Evoking the common life with the young woman, the protagonist constantly falls into contradictions, proving that there is no one attitude, one truth and one way of looking at things, but there are always at least two points of view. According to some analysts, this work best demonstrates Dostoevsky’s most important narrative principle – the principle of expressing “for” and “against” views.
Production of the project by Association of Culture Tranzen, co produced of Anton Panov Theatre, supported by Municipality of Strumica with partnership with Kino Kultura.