КУЛТРЕНИНГ 2020 /ONLINE/ АПРИЛ /МАЈ /ЈУНИ ::: со Ивана Коцевска, Христина Ангеловска и Валентино Апостоловски

En↓ КУЛТРЕНИНГ 2020 /ONLINE/ АПРИЛ/ МАЈ /ЈУНИ ::: со Ивана Коцевска, Христина Ангеловска и Валентино Апостоловски

 

Во ова време на криза, решивме да не отстапиме од можноста да ги одржиме часовите за техники на современ танц и истражување на движење: КУЛТРЕНИНГ, туку да ги адаптираме на условите.

Па, затоа, во следните два месеци, нашите соработници – танцови уметници, ќе држат online часови!

Ваквата адаптација ќе им овозможи тие да продолжат со работа, а сите останати, заинтересирани, да имаат можност да учествуваат и ги посетувааат часовите бесплатно.

Секој ВТОРНИК, СРЕДА и ПЕТОК ВО 19:00 часот ќе имате можност да бидете дел од часовите на Ивана Коцевска, Христина Ангеловска (интерактивни часови преку zoom) и Валентино Апостоловски (час достапен на YouTube канал).

Секој од нив ќе го сподели својот личен пристап кон телото, просторот и имагинацијата. Тројцата танцови уметници работат на свој специфичен начин преку кој ќе работат со вас на достигнување на флуидност, координација и форма на телото.

Следете ги овие разновидни модели на телесно размислување и експресија!

Пред секој час ќе постираме линкови и информации за часовите што следат на ФБ и веб страните на Локомотива и Кино Култура.

Часовите се бесплатни.

Доколку сакате да донирате, за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate

 

Следете ги најавите на нашите страни.

 

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.


En» KULTRENING 2020 /online/ April/May/June :::

with Ivana Kocevska, Hristina Angelovska and Valentino Apostolovski

 

In this time of crisis, we have decided not to give up the opportunity to hold classes on contemporary dance techniques and movement research:  KULTRENING, but to adapt them to the circumstances.

Therefore, in the following two months, our collaborators – dance artists, will hold online classes!

This adaptation will enable artists to continue with their work, and all others, interested, to have the opportunity to be part of these free classes.

Every MONDAY, WEDNESDAY, and FRIDAY at 19:00 you will have the opportunity to be part of the classes of Ivana Kocevska, Hristina Angelovska (interactive classes through zoom) and Valentino Apostolovski (classes available on YouTube channel).

Each of them will share their personal approach to the body, space, and imagination. The three dance artists work in their own specific way that would enable us to achieve fluidity, coordination, and body shape.

Follow these diverse models of body thinking and expression!

 

Before each class, we will share links and information about the classes that follow on FB and the websites of Lokomotiva and Kino Kultura.

Join our free classes.

If you would like to donate and support the program, you can do at the following link: lokomotiva.org.mk/donate

 

Follow the announcements on our pages.

 

The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.