КУЛТРЕНИНГ со Христина Ангелoвска ::: Самоизолација во геометриска форма

En↓ 25.02.2020 @ 18:00

КУЛТРЕНИНГ со Христина Ангелoвска ::: САМОИЗОЛАЦИЈА ВО ГЕОМЕТРИСКА ФОРМА
Кога имаме чувство дека собата или просторот во кој се наоѓаме ни е тесен, можеби грешиме, ограничен ни е само погледот и мислите во однос на просторот и времето кое го поминуваме во него.
Овој КУЛТРЕНИНГ се состои од неколку етапи кои ќе се развиваат во однос на нашата перцепција, тело и простор.
Oвој час го посветуваме времето со себе и нашата имагинација.
Замислуваме геометриски форми и во мал простор ќе ги исцртуваме по подот. Ќе се предизвикуваме себеси да движиме широко и слободно, воедно ќе се движиме и обратно. Препреките не постојат, самите ги создаваме доколку сакаме нештата да не успеат.
Телото ќе го движиме контролирано и балансирано, со чувство за простор, дури и кога ќе се движиме небалансирано ќе го усогласиме во однос на просторот во кој работиме. Движењето на телото ќе биде со фокус на сопствениот центар и неговото привремено исклучување, работејќи во режим кој не’ претставува и рефлектира самите себе.

Потребни материјали: селотејп
Програма/етапи на часот
1.Загревање
2.Квадрат (3 вежби кои се развиваат)
3.Триаголник (3 вежби кои градираат)
4.Круг (завршна вежба во која се достигнува кулминацијата на часот)
5. Истегнување

Придружете се во 18:00 часот:

Пред секој час ќе постираме линкови и информации за часовите што следат на ФБ и веб страните на Локомотива и Кино Култура.
Часовите се бесплатни.Претходно искуство не е потребно.
Доколку сакате да донирате за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate
Контакт: kultrening@gmail.com

Следете ги најавите на нашите страни.

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија

Христина Ангеловска е дипломиран балетски педагог за современ танц. Нејзиното искуство со кореографии го стекнала на Факултетот за музичка уметност воСкопјеРаботела на презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија-современ танц – Нови тенденции/ нови современи танцови дела и автори при УКИМ ФМУ каде е дел од тимот и сама изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година и „Равенка“ 2018 год.
Како изведувач и танчар соработувала со Горан Начевски за премиерна изведба на операта „Помеѓу соништа и летови“ во 2019 и „Континуитет“, во кореографија на Марија Ристеска во 2018 год.


En» 25.02.2020 @ 18:00

КULTRENING with Hristina Angelovska ::: SELF-ISOLATION IN GEOMETRIC SHAPE
When we have a feeling that the room or space in which we are is narrow, we may be wrong, only our gaze and thoughts about the space and time we spend in it are limited.
This KULTRENING consists of several stages that will develop in terms of our perception, body, and space.
With this lesson, we dedicate the time to ourself and our imagination.
We will draw shapes on the floor in a small space so that we challenge ourselves to move wide and freely and vice versa. There are no obstacles, we create them ourselves if we want things to fail.
We will move the body controlled and with a sense of space, balanced even when we move unbalanced and we will harmonize it in relation to the space in which we work. The movement of the body will be the focus of one’s own center and its temporary exclusion in a mode that reflects the representation of oneself.

Join us shortly before 18:00h:

Required materials: -scotch tape

Program/stages of the class
1. Warming up
2. Square (3 exercises which develop)
3. Triangle (3 exercises that intensify)
4. Circle (final exercise in which the culmination of the lesson is achieved)
5. Stretching

Before each class, we will share links and information about the classes that follow on FB and the websites of Lokomotiva and Kino Kultura.
Join our free classes held on Macedonian language.
If you would like to donate and support the program, you can follow the link: lokomotiva.org.mk/donate
Contact: kultrening@gmail.com

Follow the announcements on our pages.
The classes are part of КULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture. The program is supported by the Municipality of Centre and Ministry of Culture of R.N.Macedonia.

Hristina Angelovska is a graduated ballet pedagogue in contemporary dance.
She gained her experience with choreography at the Faculty of Music in Skopje. Works on presentation of the Ballet Pedagogy Department Contemporary Dance Program “New Trends/New Contemporary Dance Works and Authors” at UKIM FMU where she is part of the team and performs in choreographic works “Somebody, some” “Three” in 2019 and “Equation” in 2018.
As a performer and dancer, she collaborated with Goran Nacevski for the premiere of the opera “Between Dreams and Flights” in 2019 and “Continuity”, choreographed by Mariјa Risteska in 2018.