KУЛТРЕНИНГ со Валентино Апостоловски ::: КИНОСФЕРА

En↓ 04.05.2020 @ 19:00

KУЛТРЕНИНГ со Валентино Апостоловски ::: КИНОСФЕРА

Часовите „Киносфера“ ќе држи танцовиот уметник Валентино Апостоловски, а тој ќе го сподели својот личен пристап на движење на телото и неговите динамики во однос на просторот!

Личниот простор, или Киносфера, е просторот околу нас кој е во дофатот на нашите екстремитети, без промена на местото, односно промена од точката во која стоиме.

За почеток, на овие часови ќе се занимаваме со просторот околу нас, релацијата на нашето тело во однос на персоналниот и генералниот простор, но подоцна ќе го осознаеме и концептот за различни динамики на просторот.

Придружете се во 19:00 часот: https://zoom.us/j/91207261278?pwd=aHg1R1J6RzNBQmp6bXdCMWxvaSsxQT09

Претходно искуство не е потребно.

Доколку сакате да донирате, за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate

Контакт: kultrening@gmail.com

Следете ги најавите на нашите страни.

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија

Валентино Апостоловски е роден во Битола, Македонија. На своја 10та година, почнува да танцува Латино-американски и Стандардни танци и станува државен првак во двете насоки 11 години по ред. Во 2011 година се запишува на Танцовата Академија за Современ Танц, при универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, Скопје, каде прв пат се среќава со современиот танц. За време на студиите и после нивното завршување, соработува како танчер и/или кореограф со голем број на локални и светски кореографи, режисери и уметници, со кои работи на различни танцови и театарски проекти.

 


En» 04.05.2020 @ 19:00

KULTRENING with Valentino Apostolovski ::: KINOSFERA

“Kinosfera” classes will be held by the dance artist Valentino Apostolovski, and he will share his personal body movement approach in relation to space in general!

The personal space, or Kinosfera, is the space that surrounds us, the space within reach of our limbs, without changing our standing point.

For a start, in these classes, we will deal with the space around us, the relation of our body in relation to the personal and general space, but later we will also learn the concept of different space dynamics.

Join us shortly before 19:00h: https://zoom.us/j/91207261278?pwd=aHg1R1J6RzNBQmp6bXdCMWxvaSsxQT09

Join our free classes. If you would like to donate and support the program, you can do at the following link: lokomotiva.org.mk/donate

Contact: kultrening@gmail.com

Follow the announcements on our pages.

The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the R.N.Macedonia.

Valentino Apostolovski was born in Bitola, Macedonia. At the age of 10, he began dancing Latin American and Standard dances and became a state champion in both directions for 11 years in a row. In 2011 he enrolled at the Dance Academy for Contemporary Dance, at the University of Audio-Visual Arts ESRA, Skopje, where he has been introduced to the contemporary dance for the first time. During and after his studies, he collaborated as a dancer and/or choreographer with a number of local and world choreographers, directors, and artists, with whom he worked on various dance and theater projects.