En↓ 27.05.2020 @ 10:00
Каде сме сега, и каде одиме?
#АрхиваНаРефлексии
Во овие непредвидливи времиња и веќе соочени со нашата кревка позиција во општеството, имаме итна потреба од рефлексија со нашите колеги, партнери и пријатели.
Затоа, решивме да ја прошириме програмата „Современа култура и културни политики“ од 2020 година и дел од неа да посветиме на размислувања и рефлексии за променливите услови предизвикани од моменталната состојба на пандемија која влијаеше на нашите програми, условите за работа, меѓународните соработки, уметничката продукција, создавањето и ширењето на знаењата итн.
Во овие услови сакавме да создадеме архива на размислувања за сегашните и претстојните социо-политички и економски влијанија врз уметноста и културата во општествата како нашето, кои имаат многу кревки услови за работа на културните работници и уметници, како и во општествата со поорганизиран систем на поддршка на културната продукција.
Затоа, поканивме наши колеги – културни работници, уметници, критичари, активисти на граѓанското општество – да предложат, шпекулираат, критикуваат – односно да промислат и рефлектираат – на прашања кои се однесуваат на културата на солидарност, создавање и ширење на знаењата во овие времиња, нови модели на поддршка на современа продукција, и мерките за надминување на несигурната прекаријатната позиција на уметниците и културните работници.
Ние мислиме дека оваа архива на рефлексии е обид за создавање нов јавен простор, бидејќи веќе постоечкиот е одземен од вирусот.
Сите поканети соработници ги споделија свои размислувања за прашањата подолу во форма на самостојно снимено видео интервју кое е објавено на YouTube каналот на Локомотива за лесна достапноста и дистрибуција.
Прашања:
- Што претставува за вас култура на солидарност во време на COVID-19 пандемијата и како можеме истата да ја создаваме?
- Какво знаење во моментов создаваме во културата и уметноста, и како да создаваме и шириме знаење?
- Што научивме од кризата? Можеме ли да развиеме различни посткризни методи и услови за културна и уметничка продукција, што ќе овозможат базична одржливост и ќе ја намалат прекаријатната позиција на културните работници и уметници?
- Дали COVID-19 кризата ја приближува идејата за социјална еднаквост, социјална држава и, можеби, универзален основен приход? Како ова може да влијае/се примени на културата и уметноста?
- Кои политики и политички пристапи ги предвидувате во вашата област на работа, или како тие треба да се променат во иднина? (На пример, што може да научи театарот /или било која друга дејност/ од оваа криза и кои политики и политички пристапи треба да се развијат за негова промена? Или, како театарот треба да се промени во иднина?)
Почнувајќи од среда, 27 мај, Локомотива ќе споделува секој работен ден по едно видео интервју.
Соработници од целиот свет кои ја поддржаа оваа иницијатива и чии рефлексии ќе можете да ги слушнете во следниот период на YouTube каналот на Локомотива и социјалните медиуми се (по азбучен ред):
- Агнес Квакелс (Белгија)
- Александра Секулиќ (Србија) lokomotivaonline
- Ана Жувела (Хрватска)
- Анастасија Прошутинска (Русија) lokomotivaonline
- Андреас Либман (Данска / Швајцарија) lokomotivaonline
- Антисезона – Соња Преград, Ива Нерина Сибила и Силвија Марциг (Хрватска) lokomotivaonline
- Бојана Младеновиќ (Србија / Холандија)
- Виолета Симјановска (Северна Македонија / Финска) lokomotivaonline
- Владимир Јанчевски (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Горан Ињац (Словенија)
- Данае Теодориду (Грција / Брисел) lokomotivaonline
- Деа Видовиќ (Хрватска) lokomotivaonline
- Драгана Алфиревиќ (Србија / Словенија) lokomotivaonline
- Ева Јоханон (Латвија) lokomotivaonline
- Звонимир Добровиќ (Хрватска) lokomotivaonline
- Ивана Васева (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Ивана Драгшиќ (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Јанез Јанша (Словенија) lokomotivaonline
- Јасмина Василева (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Јордан Шишовски (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Кирстен Маар (Германија) lokomotivaonline
- Кумјана Новакова (Северна Македонија) lokomotivaonline
- Маријана Цветковиќ (Србија) lokomotivaonline
- Мелих Генкобојаци (Холандија)
- Милица Илиќ (Србија / Франција) lokomotivaonline
- Невенка Копрившек и Маја Вижин (Словенија) lokomotivaonline
- Предраг Цветичанин (Србија) lokomotivaonline
- Рок Вевар (Словенија) lokomotivaonline
- Сенка Анастасова (Северна Македонија / САД) lokomotivaonline
- Урсула Игли (САД) lokomotivaonline
- Ута Ламберц (Германија) lokomotivaonline
- Цвета Андреева (Бугарија / Холандија) lokomotivaonline
Сите интервјуа се на англиски јазик
* * *
#АрхиваНаРефлексии
Програмски уредници: Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова
Координатор: Зорица Зафировска
#АрхиваНаРефлексии е активност развиена како дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.
En↓ 25.05.2020 @ 10:00
Where are we now, and where are we going?
#ArchiveOfReflections
Facing these unpredictable times and our already fragile position in society, we found ourselves in need of urgent reflection with our colleagues, partners and friends.
Therefore, we decided to extend and dedicate part of our 2020 programme “Contemporary Culture and Cultural Policies” to reflection on the changing conditions brought about by the actual pandemic situation, which affected our programmes, working conditions, international collaborations, artistic production, production of knowledge, etc.
We wanted to create an archive of reflections on the mentioned conditions, and on the present and upcoming socio-political and economic effect on arts and culture in societies as ours, with fragile working conditions of cultural workers and artists, as well as in societies with a more organized system of cultural production and support.
Therefore, we invited our colleagues – cultural workers, artists, critics, civil society activists – to suggest, speculate, criticize – or think and reflect – on issues including culture of solidarity, production and distribution of knowledge in these times, new models of support for contemporary production, measures to overcome the precarious position of artists and cultural workers.
We want to think of these archives of reflections as an attempt to create a new public space since the existing one has been taken away by the virus.
All the invited collaborators gave their reflections on the questions below in a self-recorded video interview published on Lokomotiva’s YouTube channel for easy distribution.
Questions:
- What is your take on culture of solidarity in these times of COVID-19 and how can we produce it?
- What knowledge are we producing in culture and art now, and how should we produce and distribute knowledge?
- What have we learned from the crisis? Can we develop different post-crisis modes and conditions of art and cultural production, which will allow basic sustainability and reduce the precarious position of cultural workers and artists?
- Does the COVID-19 crisis bring forward the idea of social equality, social states and, perhaps, universal basic income? How can this be reflected in culture and arts?
- What political and policy approaches you would foresee in your field of work, or how it should be changed in future? (For example, what the theatre has learned from this crisis and what political and policy approaches should be developed for its change? Or how the theatre should change in future?)
Starting from Wednesday, 27 May, Lokomotiva will share each day of the week a self-recorded video interview.
Collaborators from all around the world who supported this initiative, and whose reflections you will be able to hear in the next period on Lokomotiva’s YouTube and its social media pages are (in alphabetical order):
- Agnes Quaqels (Belgium) lokomotivaonline
- Aleksandra Sekulić (Serbia) lokomotivaonline
- Ana Žuvela (Croatia) lokomotivaonline
- Anastasia Proshutinskaya (Russia) lokomotivaonline
- Andreas Liebmann (Denmark/Switzerland) lokomotivaonline
- Antisezona – Sonja Pregrad, Iva Nerina Sibila and Silvia Marchig (Croatia) lokomotivaonline
- Bojana Mladenović (Serbia/Holland) lokomotivaonline
- Danae Theodoridou (Greece/Brussels) lokomotivaonline
- Dea Vidović (Croatia) lokomotivaonline
- Dragana Alfirević (Serbia/Slovenia) lokomotivaonline
- Eva Johansone (Lativa) lokomotivaonline
- Goran Injac (Slovenia) lokomotivaonline
- Ivana Dragšić (North Macedonia) lokomotivaonline
- Ivana Vaseva (North Macedonia) lokomotivaonline
- Janez Janša (Slovenia) lokomotivaonline
- Jasmina Vasileva (North Macedonia) lokomotivaonline
- Jordan Šišovski (North Macedonia) lokomotivaonline
- Kirsten Maar (Germany) lokomotivaonline
- Kumjana Novakova (North Macedonia) lokomotivaonline
- Marijana Cvetković (Serbia) lokomotivaonline
- Melih Gencboyaci (Holland) lokomotivaonline
- Milica Ilić (Serbia/France) lokomotivaonline
- Nevenka Koprivšek and Maja Vižin (Slovenia) lokomotivaonline
- Predrag Cvetičanin (Serbia) lokomotivaonline
- Rok Vevar (Slovenia) lokomotivaonline
- Senka Anastasova (North Macedonia/USA) lokomotivaonline
- Tzveta Andreeva (Bulgaria/Holland) lokomotivaonline
- Ursula Eagly (USA) lokomotivaonline
- Uta Lambertz (Germany) lokomotivaonline
- Violeta Simjanovska (North Macedonia/Finland) lokomotivaonline
- Vladimir Jančevski (North Macedonia) lokomotivaonline
- Zvonimir Dobrović (Croatia) lokomotivaonline
All interviews are in English
* * *
#ArchiveOfReflection
Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova
Coordinated by Zorica Zafirovska
#ArchiveOfReflection is developed as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.