En↓ 05.06.2020 @ 10:00
Каде сме сега, и каде одиме? #АрхиваНаРефлексии интервју со Андреас Либман, перформер (Данска / Швајцарија)
Интервјуто е на англиски јазик, видео линк lokomotivaonline
Андреас Либман е швајцарски изведувачки уметник кој живее во Копенхаген. Во 2001 година e ко-основач на изведувачката група GASTSTUBE°. GASTSTUBE° има работено на развивање и создавање на експериментални и театарски претстави, долготрајни перформанси, инсталации, автобуски тури, прошетки и други форми на театар во Франција и земјите од германското говорно подрачје. После распадот на групата во 2007 година, Либман работи како сценски режисер, изведувач и автор кој развива сопствени театарски форми и методи. Во 2016 тој го има иницирано Вечерното училиште за увоз во Цирих и училишна програма во која бегалците и мигрантите се наставници и професори. Во 2017 година го основал Фестивалот Tårnby Torv кој се обидува да ги засили експериментално-изведувачките практики во предградијата. Фестивалот се занимава со прашањата на јавниот простор, демократското учество, јавната сфера и поинаквите културни концепти со цел да се стави крај на времето во кое не постојат различни алтернативи. Фестивалот се обидува да добие свој простор но, бидејќи општинската поддршка не била лесна за добивање, тој работил со принципот на директно дејствување: Однесувајте се како веќе да живеете во светот кој вие сакате да постои. Во 2019 година, изведувачката група GASTSTUBE° повторно се обединува, развивајќи нови изведби со фокус на гостопримството. Андреас предава на универзитетите за уметности во Цирих, Берлин и Лајпциг и од 2015 година, тој е професор по предметот базиран на идеи и концептуалност на Данското национално училиште за изведувачки уметности во Копенхаген.
* * *
#АрхиваНаРефлексии
Програмски уредници: Биљана Тануровска Ќулавковски и Виолета Качакова
Координатор: Зорица Зафировска
#АрхиваНаРефлексии е активност развиена како дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.
En↓ 05.06.2020 @ 19:00
Where are we now, and where are we going? Archive оf reflections interview with Andreas Liebmann, performance artist (Denmark/Switzerland)
The interview is in the English language, video link lokomotivaonline
Andreas Liebmann is a swiss performance artist based in Copenhagen. 2001 he co-founded the performance group GASTSTUBE°. GASTSTUBE° developed experimental performances and created theatre pieces, durational performances, installations, bus tours, walks and other formats in German-speaking countries and France. Since the group split up 2007, Liebmann has been developing his own formats and working methods as a stage director, performer and author. 2016 he initiated the evening school import in Zurich – a school program where refugees and migrants are the teachers. 2017 he founded the Tårnby Torv Festival which is an attempt do anchor experimental performance practices in regular neighbourhoods. It deals with questions of public space, democratic participation, public sphere and heterotopia in order to end the time of no alternatives. The festival is struggeling with the problem of getting space. As municipal support is not easy to get, it works with the principle of direct action: Behave as if the world you wish to exist had already appeared. 2019, the performance group GASTSTUBE° reunites, developing new performances with a focus on hospitality. Andreas has been teaching at the Universities of the arts Zurich, Berlin and Leipzig and since 2015, he is teacher for ideabased and conceptual direction at the DDSKS in Copenhagen.
* * *
#ArchiveOfReflection
Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova
Coordinated by Zorica Zafirovska
#ArchiveOfReflection is developed as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.