Серија на предавања и дискусии со Катја Празник, Елеонора Монтање, Алвизе Фавото

En↓ 24.06.2020 @ 20:00

Во рамките на програмата „Современа култура и културни политики/Други простори”, Локомотива организира СЕРИЈА НА ПРЕДАВАЊА СО ДИСКУСИИ, поврзани со позицијата на уметниците и културните работници на пазарот на трудот, односите меѓу уметниците, менаџерите и публиката и нивното меѓусебно влијание, но и меѓусебното влијание со општествените авторитети и средината во која делуваме. Исто така, размислувањата на гостите ќе понудат етички дилеми и размислувања за одговорноста кон релациите меѓу нас, но и околината, природата и другите битија со кои го делиме светот.

Среда, 24/06/2020, 20:00 часот
Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста
Предавање на Катја Празник (Словенија/САД) lokomotivaonline

Четврток, 02/07/2020, 20:00 часот
Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју
Предавање на Елеонора Монтање (Италија/Франција) lokomotivaonline

Понеделник, 06/07/2020, 20:00 часот
Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност
Предавање на Алвизе Фавото (Италија/Велика Британија) lokomotivaonline

Предавањата ќе бидат проследени со дискусија на англиски јазик, со пренос во живо кој може да го проследите на https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA

* * *
Среда, 24/06/2020, 20:00 часот
Катја Празник/Невидливиот труд на уметноста: придонес кон работна еднаквост во уметноста
Во ова предавање ќе се зборува за парадоксот на уметноста кој е отелотворен во невидливиот уметнички труд. Уметничкото дело обично се перципира како генијален чин на создавање, одделен од економските грижи, но невидливиот труд на уметниците е клучната супстанца што ги подмачкува механизмите на уметничкиот свет. Додека уметниците како олицетворение на креативноста се идеализираат како работници за пример во шемата на неолибералниот капитализам, широко распространетата економска експлоатација на уметничкиот труд генерирана од неплатената или ниско платената работа лежи во сржта на парадоксот на уметноста. Зошто уметниците се сметаат како работници за пример, но начинот како се исплаќаат не е пример кој некој сака да го примени? Аргументите дадени од Празник ќе се потпрат на наследството на југословенскиот социјализам и неговата борба за спроведување на фер работни услови на уметниците, како и на феминистичката критика на невидливиот труд како термин кој опишува флексибилни, атипични, девалвирани и незаштитени форми на трудот, за да објасни зошто разбирањето на уметничкиот труд како работа може да обезбеди алатки за демистифицирање на уметничкиот труд и неговата привидна исклучителност. Разговарајќи за современите примери за еднаквост на трудот во уметноста, Празник ќе понуди насоки зошто оваа перспектива нуди стратешка точка во борбата за работна еднаквост во контекст на институционализирана уметничка продукција во време на современ неолиберализам и за развој на фер културни политики ориентирани кон трудот.

Катја Празник е доцентка на Програмата за менаџемент во уметноста на државниот Универзитет во Њујорк во Бафало. Докторирала социологија на Универзитетот во Љубљана. Таа е автор на „Парадоксот на неплатениот уметнички труд: Автономија на уметноста, авангардата и културната политика во транзицијата кон пост-социјализмот” (Заложба Софија, Љубљана 2016) објавена на словенечки јазик. Нејзината нова книга „Уметничкото дело: Невидливиот труд и наследството од југословенскиот социјализам“ наскоро излегува од печат во издание на Универзитетот на Торонто Прес. Нејзиното истражување се фокусира на теми поврзани со работничките права во уметноста за време на распаѓањето на режимите на социјална држава. Пред да се пресели во Соединетите Американски Држави, Празник работела како фриленсер во словенечката независна уметничка сцена. Таа била главна и одговорна уредничка на Маска – списание за изведувачки уметности (2007–2009) и била вклучена во борбата за подобрување на работни услови на културните работници во Словенија како дел од „Друштво Асоцијација” (2009–2012). Празник исто така била инволвирана во активностите за подобрување на условите за продукција за современ танц во Словенија и се бавела со истражување на неговата историја.

* * *
Четврток, 02/07/2020, 20:00 часот
Елеонора Монтање/Учесници во уметноста и нивната „верност кон уметничкиот настан.“ За примената на настанот на уметничкиот концепт од Бадју
Клучни зборови: настан; управување во уметноста; верност;
Тема на интерес: Значења и толкување на различноста во културното и креативното поле

Ева Кјапело (1998) го разгледува потенцијалот за тензија помеѓу менаџерските и уметничките императиви на оние кои ‘учествуваат’ во светот на уметноста. Поточно, таа предлага дека вредностите и верувањата кои лежат во суштината на различни уметнички страни може да претставуваат основа за конфликт. На пример, таа забележува: „Сè поголемото прибегнување кон менаџерите често предизвикува една голема недоверба кај уметничкиот кадар кои ги смета како совршени филистри слепи за потребите на уметноста“ (Кјапело, 1998).
Овој труд ги истражува теоретските основи кои се темелат на честопати бурните релации помеѓу различните уметнички страни повикувајќи се на филозофијата на Алан Бадју и неговата идеја за ‘настанот’, онака како што е претставена во Битие и настан (1988) и во Логиката на световите (2014).
Идејата за ‘настан’ привлече значително влијание во современата филозофска дебата, во Франција и пошироко. Meѓу оние кои го согледуваат настанот како постојан ‘прекин’ со општествениот статус кво, Бадју е веројатно оној кој најзабележливо го стави во преден план теоретскиот развој на концептот. Бадју, повеќе од другите, ја теоризираше можноста за настан во уметностите, условите за негово постоење и импликациите што верноста кон еден настан ги има за субјектите. Како образложение, Бадју нуди картографија на субјективност (Power & Toscano, 2009) расветлувајќи ја состојбата на различните конституенти настанати како последица од пробивот на настанот. Во нашиот труд ќе примениме таква картографија на „учесниците во светот на уметноста“ (Кјапело, 1998) со цел повторно да ги обмислиме таквите субјективности во нивните релации едни со други и со уметноста воопшто.
Оперативно, нашата работа се одвива на следниов начин: прво, ја истражуваме филозофијата на Бадју за настанот во уметноста. Потоа, се повикуваме на овој теоретски објектив за да понудиме алтернативно читање на случаи и илустрации кои ги разгледува Кјапело (1998). Особено се концентрираме на објаснувањето кое Кјапело го дава за различните страни кои ги вклучуваат уметниците, менаџерите и јавноста и ги користиме идеите на Бадју за верноста кон настанот (или недостатокот на верност кон настанот) за да им припишеме значење на релациите во и помеѓу страните и со уметноста воопшто.

Елеонора Монтање – По дипломирањето на тема современа естетика на Универзитетот во Милано, Италија, Елеонора Монтање докторира филозофија на Универзитетот во Бургундија во Франција на тезата Влијанијата на Мерло-Понти во современата феноменолошка психопатологија. Предава филозофија во Бургундската школа за бизнис во Дижон, и е ко-директорка на одделот за Мастер на науки во уметноста и Културниот менаџмент во истата институција.
Нејзиното истражување се фокусира на проблемот на другоста во естетиката, феноменологијата и современата мисла и апликациите и последователните импликации на филозофијата врз менаџментот, сметководството и деловната етика.

* * *
Понеделник, 06/07/2020, 20:00 часот
Анималност, грижа и одговорност – Спекулативна одговорност за животинската сродност
Автори: Алвизе Фавото (и Џон Мекернан)
Во овој труд го истражуваме и спекулираме за потенцијалот на одговарањето за и одговорноста да се одржува сродноста и да се поддржува способноста за одговор помеѓу човечкото и не-човечкото животинско. За да го сториме тоа, се впуштаме во дискусија за концептуалниот апарат во чија основа може да лежи одговорноста за животинската сродност и ги потврдуваме нашите тврдења со помош на илустрации преземени од сточарството и работата на кланиците, и користејќи искуства од етологијата и проучувањата на животните. Нашата цел е да дадеме концептуален придонес кон сфаќањето за одговорноста и кон работата за нејзина отвореност кон не-човечкото, животинското друго. Го застапуваме она што ние го нарекуваме „спекулативна одговорност“, односно ситуирана одговорност која е секогаш отворена кон особеноста на ситуацијата и која е претпазлива во однос на нормативноста на кои било универзалистички кодекси или програми за одговорност. Го користиме постструктуралистичкиот пристап на Дерида кон оваа тема како основа за критичка работа со идеи за одговорноста што произлегуваат од концепциите на темата како човечка. Го користиме неговиот деконструктивистички пристап за да ја предизвикаме концепцијата на темата како човечка, а потоа да го разгледаме погледот на одговорноста што се појавува кога почнуваме да ги рушиме етичките граници помеѓу човекот и другите животни. Ја користиме критиката од Дона Харавеј за ограничувањата на вистинскиот одговор на Дерида кон животинското, како и филозофските рефлексии за етологијата од Винсиан Деспре и други, за да започнеме да ги одгатнуваме импликациите на постхуманизмот на Дерида за способноста за одговор и одговорноста.

Алвизе Фавото предава контрола на менаџмент на бизнис школата Адам Смит при Универзитетот во Глазгов. Претходно работел на политички науки на Универзитетот во Глазгов и во Ка’ Фоскари, Универзитетот во Венеција. Во неговото истражување, се фокусира на контролата на управување и системите на владеење со посебен интерес за работни односи и општо добро.
Во двете области има објавено текстови во високо профилирани стручни списанија како што се: Финансиска одговорност и управување, Политики и општество и Регулативи и управување. Неговите истражувања се поддржани од водечкитите фондови, како Карнеги Фондот на шкотските универзитети (Социјална одговорност во Венециското Арсенале – 2015), Советот за економски и социјални истражувања (Безгранични политики – 2015) и Леверхулм фондот (Одговорни лобисти? 2019- 2021 година).
Во тековниот проект Леверхулм, ги испитува начините на кои големите фирми ја користат својата корпоративна социјална одговорност, кредибилитет и практики како пристап за влијание на врз креаторите на политики/законодавците и како овие коорпорации се влучени во процесот на донесување на политички одлуки.

СЕРИЈА НА ПРЕДАВАЊА СО ДИСКУСИИ
Програмски уреднички: Биљана Тануровска – Ќулавковски и Виолета Качакова
Координатор на програмата: Зорица Зафировска

Дел од програмата „Современа култура и културни политики” на Локомотива во Кино Култура, која е финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.

 


En» 24.06.2020 @ 20:00

In frame of the programme Contemporary Culture and Cultural Policies/Other Spaces, Lokomotiva organises SERIES OF LECTURES WITH DISCUSSIONS related to the position of the artists and cultural workers in the labour market, relations between artists, managers, and the public and their interrelations and influences, as well as, the mutual influence with the social authorities and the environment in which we operate. Besides, lecturers will offer views related to the ethical dilemmas and thoughts about the responsibility towards the relations between us, but also the environment, nature and other beings with which we share the world.

Lectures will be followed by discussion, both on English language. All of them will have live streaming

Wednesday, 24/06/2020, 20:00h
Invisible Labor of Art: a Contribution toward a Labor Equity in the Arts
Lecture by Katja Praznik (Slovenia/USA) lokomotivaonline

Thursday, 02/07/2020, 20:00h
Art’s participants and their “fidelity to art event”. On Badiou’s application of the event of the art concept
Lecture by Eleonora Montagner (Italy/France) lokomotivaonline

Monday, 06/07/2020, 20:00h
Animality, Care and Accountability – Speculative accountability for animal kinship
Lecture by Alvise Favotto (Italy/UK) lokomotivaonline

Lectures will be followed by discussion, both on English language. All of them will have live streaming, which you join on the following link https://www.facebook.com/LOKOMOTIVA
* * *
Wednesday, 26/6/2020, 20:00h
Katja Praznik /Invisible Labor of Art: a Contribution toward a Labor Equity in the Arts
This lecture will discuss the paradox of art embodied in the invisible artistic labor. An artist’s work is commonly perceived as an ingenious act of creation separated from the economic concerns but the invisible labor of artists is the key substance that greases the mechanisms of the art world. While artists as an embodiment of creativity are idealized as model workers in the blueprint of neoliberal capitalism, the widespread economic exploitation of artistic labor engendered by unpaid or low paid labor represents the core of the paradox of art. Why is it that artists are considered model workers but their pay is nothing one would want to model? Arguments presented by Praznik will draw on the legacy of Yugoslav socialism and its struggles to implement fair working conditions for art workers as well as on feminist critique of invisible labor as the term describing flexible, atypical, devalued and unprotected forms of labor to explain why an understanding of artistic labor as work can provide tools for the demystification of artistic labor and its ostensible exceptionality. Discussing contemporary examples for labor equity in the arts, Praznik will offer some cues as to why this perspective offers a strategic point in the struggle for labor equity in the context of institutionalized art production under contemporary neoliberalism and for a development of fair labor oriented cultural policies.

Katja Praznik is Assistant Professor in the Arts Management Program at the State University of New York at Buffalo. She holds a PhD in Sociology from University of Ljubljana. She is the author of The Paradox of Unpaid Artistic Labor: Autonomy of Art, the Avant-Garde and Cultural Policy in the Transition to Post-Socialism (Založba Sophia, Ljubljana 2016) published in Slovenian. Her new book Art Work: Invisible Labor and the Legacy of Yugoslav Socialism is forthcoming with University of Toronto Press. Her research focuses on labor issues in the arts during the demise of the welfare-state regimes. Before moving to the United States, Praznik worked as a freelancer in the Slovenian independent art scene. She was the editor-in-chief of Maska – performing arts journal (2007–2009) and was engaged in the struggle for improvement of the working conditions of art workers in Slovenia at Društvo Asocacija (2009–2012). Praznik was also involved in attempts to improve the production conditions for contemporary dance in Slovenia and researched its history.

* * *
Thursday, 02/07/2020, 20:00h
Eleonora Montagner/Art’s participants and their “fidelity to art event”. On Badiou’s application of the event of the art concept
Keywords: event; art management; Badiou; faithfulness;
Topic of interest: Meanings and interpretation of diversity in the cultural and creative field

Eve Chiappello (1998) discusses the potential for tension between managerial and artistic imperatives of those ‘participating’ in the world of art. Specifically she suggests that values and beliefs underlying different art parties may represent ground for conflict. For instance she notices that: “The increasing use of managers often arouses great mistrust on the part of the artistic staff, who consider them to be perfect philistines who are blind to the needs of art” (Chiappello, 1998, p. ).
This work explores the theoretical foundations underlying the often tumultuous relationship between different art parties by drawing on the philosophy of Alain Badiou and his idea of ‘event’ as presented in Being and Event (1988) and Logics of World (2014).
The idea of ‘event’ has attracted considerable attention in contemporary philosophical debate, in France and elsewhere. Amongst those who conceive the event as a sustained ‘rupture’ with the societal status quo, Badiou is arguably the one who has most prominently foregrounded the theoretical development of the concept. Badiou, more than others, has theorised the possibility of an event in the arts, its conditions of existence and the implications faithfulness to an event has for subjects. To elaborate, Badiou offers a cartography of subjectivity (Power & Toscano, 2009) illuminating the standing of different constituencies in the aftermath of an eventual breakthrough. In our study we will apply such cartography to the “participants des mondes de l’art” (Chiapello, 1998) with a view of re-thinking such subjectivities in their relation with each other and with art in general.
Eleonora Montagner – After graduating in contemporary aesthetics from the University of Milan, Italy, Eleonora Montagner obtained her Ph.D. in philosophy at the University of Burgundy in France with a thesis on Merleau-Ponty’s influences in contemporary phenomenological psychopathology. She currently teaches Philosophy at the Burgundy School of Business in Dijon and she is co-director of the Master of Science in Arts and Cultural Management for the same institution.s within and between parties and with art in general.

Eleonora Montagner – After graduating in contemporary aesthetics from the University of Milan, Italy, Eleonora Montagner obtained her PhD in philosophy at the University of Burgundy in France with a thesis on Merleau-Ponty’s influences in contemporary phenomenological psychopathology. She currently teaches Philosophy at the Burgundy School of Business in Dijon and she is co-director of the Master of Science in Arts and Cultural Management for the same institution.
Her research focuses on the problem of otherness in aesthetics, phenomenology, and contemporary thought and on the applications and consequent implications of philosophy to management, accounting and business ethics.

* * *
Wednesday, 26/6/2020, 20:00h
Animality, Care and Accountability – Speculative accountability for animal kinship
Authors: Alvise Favotto (with John McKernan)
In this work, we explore, speculate upon, the potential of accounting and accountability to sustain kinship and support response-ability between human and non-human animals. To do so we engage in discussion of the conceptual apparatus that may underlie accounting for animal kinship and corroborate our contentions using illustrations taken from animal husbandry and the work of abattoirs, and drawing on ethology and animal studies. Our aim is to make a conceptual contribution to the understandings of accountability and towards the work of making accountability responsive to the non-human, animal other. We advocate what we call “speculative accountability”, that is situated accountability that is always responsive to the particularity of the situation and which is wary of the normativity of any universalist codes or programs of accountability. We use Derrida’s poststructuralist approach to the subject as a basis for critical engagement with ideas of responsibility emerging from conceptions of the subject as human. We use his deconstructive perspective to challenge the conception of the subject as human, and go on to consider the view of responsibility that emerges when we begin to break down the ethical boundaries between the human and other animals. We use Donna Haraway’s critique of the limits of Derrida’s real response to the animal, and the philosophical reflections on ethology of Vinciane Despret and others, to begin to work out the implications of Derrida’s posthumanism for response-ability and accountability.

Alvise Favotto is a lecturer of Management Control at the Adam Smith Business School, University of Glasgow. He has also worked as a lecturer of Political Science at the University of Glasgow, and at Ca’ Foscari, University of Venice.
Favotto’s research is focused on management control and governance systems, with a particular interest in labour relations and the common good.
He has publications in both areas in high-profile journals including Financial Accountability & Management, Policy and Society, and Regulation and Governance.
His research has been supported by leading funding bodies including the Carnegie Trust for Scottish Universities (Social Responsibility at the Venice Arsenale – 2015), the Economic and Social Research Council (Borderless Politics – 2015), and the Leverhulme Trust (Responsible Lobbyists? 2019-2021).
Favotto’s current Leverhulme project examines the ways in which large companies’ corporate social responsibility credentials and practices affect their access to policymakers, as well as the ways in which these corporations engage in the policy process.

SERIES OF LECTURES WITH DISCUSSIONS
Programmed by Biljana Tanurovska Kjulavkovski and Violeta Kachakova
Coordinated by Zorica Zafirovska

Organised as part of the Contemporary Culture and Cultural Policies programme of Lokomotiva in Kino Kultura, which is funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia and the City of Skopje, and part of the Other Spaces programme of the ACT project: Art Climate Transition, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.

серија на предавања