Продукција на перформанс SCREENSAVER во Кино Култура и МКЦ

En↓ 01.08. – 01.09. 2020

Перформансот SCREENSAVER е авторско дело на Александар Георгиев (Северна Македонија), кое Георгиев го развива во соработка со Жана Пенчева (Бугарија) и Дарио Барето Дамас (Шпанија) и Александра Петрушевска (Р.С.Македонија).

Делото се развива во неколку етапи, преку резиденција и соработка со Младинскиот културен центар во месец август и ноември. Премиерата е планирана на крајот на месец ноември или почетокот на декември, а ќе се реализира со физичко присуство или преку онлајн стрим во зависност од состојбите со КОВИД-19 пандемијата во земјата. Перформансот SCREENSAVER е дел од програмата „Современа кореографија”, курирана од програмата Биљана Тануровска – Ќулавковски и продуцирана од Виолета Качакова. Перформансот ќе биде придружен со авторската музика на Драгана Заревска (Северна Македонија).

Screensaver е танцовото дело кое се занимава со концептот на Future Nostalgy/Носталгија на иднината. Овој термин реферира кон конструирање на иднина базирана на носталгијата во контекст на современиот танц и танцот генерално. Танцот и кинетичните форми на движење предизвикуваат можност за создавање на носталгични чувства, кои на нови начини ја поставуваат носталгијата во конструирањето на идните форми на движење. Носталгијата на иднината, во овој уметнички проект се истражува преку формата на физичка пракca создадена за изведбени цели, и претставува кореографско дело кое го користи танцот и историјата на танцот како изразен јазик.

 

Александар Георгиев – Аце е кореограф кој работи номадски околу неколку места во Европа. Тој бил дел од неколку формални и неформални образовни и истражувачки програми, меѓу кои „NOMAD”, „SPAZIO”, „DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program” (трета генерација). Аце дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија. Аце активно работи од 2008 година, претставувајќи се на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно претставени и изведени во просторите на: „Red House” (Софија), „DNK” (Софија), „MDT” (Стокхолм), „PTL” (Љубљана), „Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје). Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, окупиран околу славењето и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Тој премиерно ги промовирал своите дела во зимата 2019, и пролетта 2020 година. Аце активно учествува во перформанси на други уметници, како Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud. Заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, тој е дел од културниот проект STEAM ROOM.

 

*****

SCREENSAVER

E дел од програмата „Современа кореографија” на Локомотива во Кино Култура, курирана од Биљана Тануровска Ќулавковски и продуцирана од Виолета Качакова, а координацијата е на Зорица Зафировска.

Перформансот и програмата е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.


118486226_1015209462232643_2792155872031916623_n 118581537_3232795480139655_7010988846850724775_n

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

En» 01.08. – 01.09. 2020

Contemporary choreography and dance/production of performance SCREENSAVER in Kino Kultura and YCC

The performance SCREENSAVER is an author’s work of Aleksandar Georgiev (North Macedonia), developed in collaboration with Zhana Penceva (Bulgaria), Dario Barreto Damas (Spain) and Aleksandra Petrusevska (North Macedonia).

The work is developed in several phases, through residence and cooperation with Kino Kultura the Youth Cultural Center in August and November. The premiere is planned for the end of November or the beginning of December, and will be realized with physical presence or through an online stream, depending on the situation with the COVID-19 pandemic in the country. The performance SCREENSAVER is part of the program “Contemporary Choreography”, curated by the program Biljana Tanurovska-Kulavkovski and produced by Violeta Kachakova. The performance will be accompanied by the author’s music by Dragana Zarevska (North Macedonia).

Screensaver is a dance work that deals with the concept of Future Nostalgy. This term refers to constructing a future based on nostalgia in the context of contemporary dance and dance in general. Dance and kinetic forms of movement cause the possibility of creating nostalgic feelings, which in new ways place nostalgia in the construction of future forms of movement. The nostalgia for the future in this art project is explored through the form of physical practice created for performance purposes, and is a choreographic work that uses dance and the history of dance as an expressive language.

 

Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer who works as a nomad in several places in Europe. He was part of several formal and informal educational and research programs, including NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (third generation). Ace graduated from DOCH in Stockholm with a master’s degree in choreography. Ace has been active since 2008, presenting itself internationally, in relation to the networks in which it is a member. His works were premiered and performed in places such as: “Red House” (Sofia), “DNK” (Sofia), “MDT” (Stockholm), “PTL” (Ljubljana), “Schauspielhaus” (Vienna), “Kino Kultura” (Skopje). He has recently begun to explore the practices of co-existence through choreography and has been working in the past 10 years in the formats of collective authorship of creation, occupied around the celebration and protest of the body, and poetics within social phenomena through movement. He premiered his works in the winter of 2019, and spring 2020. Ace is still actively involved in performances with other artists, such as Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud, among others. Together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas, he is part of the cultural project STEAM ROOM.

 

*****

SCREENSAVER

Part of the program “Contemporary Choreography” of Lokomotiva in Kino Kultura, curated by Biljana Tanurovska Kulavkovski and produced by Violeta Kachakova, coordination by Zorica Zafirovska.

The performance and the program are supported by the Ministry of Culture of the Republic of Northern Macedonia.

мнинистерство