En↓ 25.08.2020
Здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје, во периодот од 25 август до 15 септември 2020 година програмски ја уредува и организира првата Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”.
Првото издание на школата се организира како дел од истоимениот – „Курирање во контекст” – двогодишен проект (2019-2021) на Локомотива. Проектот се реализира во партнерство со Универзитетот за уметности во Стокхолм и Универзитетот во Загреб (Факултетот за драмски уметности), како и Танцфабрик од Берлин, а е поддржан од „Еразмус +” програмата за образование, тренинг, млади и спорт на Европска Унија. Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” оваа година е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Меѓународна летна школа има за цел критички да рефлектира на различните социо-политички и економски контексти, и да развива кураторски методи кои ќе ги преиспитаат практиките на современите (изведувачки) уметности во однос на активизмот, социјалните движења и самоорганизација.
Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” како формат ќе опфати: семинари, предавања и презентации, работилници, дискусии, разговори со уметници и куратори, читачки групи и менторска робота со учесниците на школата. Тие ќе бидат водени од признати професори, теоретичари, куратори, драматурзи, продуценти и уметници од домашен и меѓународен контекст. Главната едукативна програма опфаќа семинари, работилници и предавања кои ќе ги водат: Уна Бауер (Хрватска), Кирстен Маар (Германија), Сузана Милевска (Северна Македонија), Горан Павлиќ (Хрватска), Горан Сергеј Присташ (Хрватска) и Данае Теодориду (Грција); предавања/презентации и дискусии со куратори, уметници и културни работници: Драгана Алфиревиќ (Србија/Словенија), Лидија Бел (САД), Мариана Валенциа (САД), Рок Вевар (Словенија), Дарко Драгичевиќ (Србија/Германија), Ана Ефермсон (Шведска), Јасна Јасна Жмак (Хрватска), Јасмина Заложник (Словенија), Касилс (САД), Марија де ла Па Понзе (Германија), Марта Попивода (Србија/Германија), Николина Присташ (Хрватска), Анастасија Прошутинска (Русија), Тове Салмгрен (Шведска), Мартин Сондеркамп (Германија/Шведска), Тиииит! Инк. – Кристина Леловац и Јана Коцевска, (Северна Македонија) и Маријана Цветковиќ (Србија).
Програмата на школата ќе се одвива на англиски јазик.
Школата има вкупно 18 учесници, студенти магистранти од меѓународни универзитети, како и куратори, истражувачи, теоретичари и останати културните работници со одредено искуство во полето. Од Северна Македонија по пат на отворен повик како учесници во школата се пријавија и беа селектирани: Јана Димитрова, Ивана Мирчевска и Кристина Тодороска Петреска.
Школата ќе биде од затворен карактер, чија програма ќе можат да ја следат овогодинешните учесници. Сепак, за останатите заинтересирани лица, школата ќе понуди и две јавни сесии:
- на 4 септември, во 13 часот, предавање на Горан Павлиќ (Хрватска) на тема: „Да се прифати или не квир: не-нормативен пристап кон курирање”
- на 7 септември, во 20 часот, дискусија со: Маријана Цветковиќ (Србија), Јасна Јасна Жмак (Хрватска), Рок Вевар (Словенија) и Јасмина Заложник (Словенија) на тема: „Обична криза, системска криза и иднината на знаењето во контекст на КОВИД-19 пандемијата на и нејзините последици”.
Линкот за следење на јавните сесии ќе биде објавен на фесбук страната на школата, до која може да пристапите на следниов линк
Доколку сте заинтересирани, деталната програма и распоредот на меѓународна летна школа „Курирање во контекст” може во целост да ја проследите на следниов линк.
Школата иницијално беше замислена да се реализира во Скопје во „Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” но поради ситуацијата со ковид-19 и мерките за заштита и превенција од пандемијата, школата ќе се реализира онлајн преку специјално креирана дигитална платформа и со користење на други дигитални интерактивни алатки.
Тимот на школата го сочинуваат: Славчо Димитров и Биљана Тануровска-Ќулавковски (Куратори на школата), Виолета Качакова (продуцент на програмата на школата), Зорица Зафировска (Координација и ПР) и Јана Димитрова (Волонтерка).
25.08.2020
The citizens association Lokomotiva – Centre for New Initiative in Art and Culture from Skopje, programmes and organises the first International Summer School “Curating in Context”, which will be implemented from August, 25 until September, 15, 2020.
The first edition of the school is organized as part of Lokomotiva’s two-year project “Curating in Context” (2019-2021). The project is realized in partnership with the Stockholm University of Arts, the University of Zagreb (Faculty of Dramatic Art) and Tanzfabrik Berlin, and it is supported by the European Union programme for education, training, youth and sport – Erasmus+. This year, the International Summer School “Curating in Context” is also supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.
The International Summer School “Curating in Context” aims to critically reflect and address different socio-political and economic contexts, and to develop curatorial methods to rethink the contemporary practices of performing arts in relation to activism, social movements and self-organization.
The International Summer School “Curating in Context” will use the formats of: seminars, lectures and presentations, workshops, discussions, artists’ and curators’ talks, reading groups and mentoring. These will be led by acclaimed professors, theoreticians, curators, dramaturgs, producers and artists from North Macedonian and international contexts.
The main educational program consists of seminars, workshops and lectures led by: Una Bauer (Croatia), Kirsten Maar (Germany), Suzana Milevska (North Macedonia), Goran Pavlić (Croatia), Goran Sergej Pristaš (Croatia) and Danae Theodoridou (Greece); lectures/presentations and discussions with curators, artists and cultural workers: Dragana Alfirević (Serbia/Slovenia), Lydia Bell (USA), Cassils (USA), Marijana Cvetković (Serbia), Darko Dragicević (Serbia/Germany), Anna Effermson (Sweden), Tiiiit! Inc. – Kristina Lelovac and Jana Kocevska (North Macedonia), Maria de la Paz Ponce (Germany), Marta Popivoda (Serbia/Germany), Nikolina Pristaš (Croatia), Anastasia Proshutinskaya (Russia), Tove Salmgren (Sweden), Martin Sonderkamp (Germany/Sweden), Mariana Valencia (USA), Rok Vevar (Slovenia), Jasmina Založnik (Slovenia) and Jasna Jasna Žmak (Croatia).
The program of the school will be in English.
The school includes 18 participants, master students from international universities, as well as experienced curators, researchers, theoreticians and other cultural workers with experience in the field. From North Macedonia, through an open call, the following participants were selected: Jana Dimitrova, Ivana Mircevska and Kristina Todoroska Petreska.
The school will be of closed character, with the programme followed only by this year’s participants.
However, for those interested, the school will offer two public sessions:
- on September, 4 2020 at 13:00h, a lecture by Goran Pavlić (Croatia) on the topic: “To Queer or Not to Queer: A Non-Normative Approach to Curating”
- on September, 7 2020 at 20:00h, a discussion with: Marijana Cvetković (Serbia), Jasna Jasna Žmak (Croatia), Rok Vevar (Slovenia) and Jasmina Založnik (Slovenia) on the topic: “Crisis Ordinary, Systematic Crisis and the Future of Knowledge in the Context of the COVID-19 Pandemic and its Aftermath”.
The link for following the public sessions will be posted on the Facebook page of the school, which you can access here.
In case you are interested, the detailed program and the schedule for the International Summer School “Curating in Context” is available at the following link.
Initially, the school was planned to be realized in Skopje at “Kino Kultura – Project Space for Contemporary Performance Arts and Culture”. However, due to the COVID-19 situation and the measures for safety and prevention of the pandemic, the school will be realized online, on a specially created digital platform and by using other digital interactive tools.
The team of the school consists of: Slavcho Dimitrov and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski (curators of the school), Violeta Kachakova (producer of the school’s program), Zorica Zafirovska (coordinator and PR) and Jana Dimitrova (volunteer).