„Да се прифати или не квир: не-нормативен пристап кон курирање” Предавање на Горан Павлиќ

 

En↓ 04.09.2020 @13:00h
Во рамки на програмата на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”, здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје, организира предавање на Горан Павлиќ (Хрватска) на тема: „Да се прифати или не квир: не-нормативен пристап кон курирање”, кое ќе биде отворено за јавноста.
Предавањето е во партнерство и дел од програмата на овогодинешниот Skopje Pride Weekend.
Во своето предавање Горан Павлиќ ќе се обиде да наведе некои проблеми со кои се соочуваме кога ќе се обидеме да курирарме во „граничните” полиња, т.е. во оние сфери кои пркосат на прецизните академски категории. Поточно, на што мислиме кога велиме „квир“? Дали тоа означува само сексуален или родов идентитет или може да се сфати како алатка за политичка борба? Дали оваа алтернатива е воопшто одржлива, или само погрешно ги претставува секогаш флуидните категории на делување на субјектот и структурните ограничувања. Позајмувајќи дел од теоретските алатки од квир-марксистичката политичка теорија, во предавањето Павлиќ ќе предложи материјалистички пристап кон проблемот на курирање на „маргиналните“ културни практики. Поконкретно, ќе се истражува на кој начин нашиот академски апарат со своите утврдени категории ги инхибира нашите обиди да се пристапи кон комплексноста на квир искуствата. Конечно, Павлиќ ќе предложи алтернативни епистемолошки ставови кога се работи со заедници, кои отстапуваат од нормативните општествени стандарди.
Горан Павлиќ е доцент на Академијата за драмски уметности (Загреб). Неговите истражувачки интереси вклучуваат политичка теорија, теорија на изведба, политичка економија на уметноста. Во 2019 година, тој објави книга за политичката економија на Крлежа „Глембајеви: двојно читање”. Тој е ко-уредник на два тома (со С. Петлевски) на „Театар Мунди. Интердисциплинарни перспективи” (2015) и „Простори на идентитет во сферата на изведба” (2011).
Предавањето ќе биде на англиски јазик, кое ќе може да го проследите преку стриминг во живо на линк објавен на Фејсбук страната на Меѓународна летна школа „Курирање во контекст”
https://www.facebook.com/Curating-in-Context-Summer-School-107444634409843

Меѓународната летна школа „Курирање во контекст” се реализира во периодот од 25 август до 15 септември, 2020 година. Школата има за цел критички да рефлектира на различните социо-политички и економски контексти, и да развива кураторски методи кои ќе ги преиспитаат практиките на современите (изведувачки) уметности во однос на активизмот, социјалните движења и самоорганизација. Програмата на школата опфаќа семинари, предавања и презентации, работилници, дискусии, разговори со уметници и куратори, читачки групи и менторска робота, водени од признати професори, теоретичари, куратори, драматурзи, продуценти и уметници од домашен и меѓународен контекст.

Школата е од затворен карактер, за пријавените и селектирани учесници од домашен и меѓународен контекст, со две отворени за јавноста. Првата од ние е предавањето на Горан Павлиќ.
Повеќе информации за Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” поврзани со програмата, форматот, тематските рамки и предавачите може да најдете на следниов линк http://lokomotiva.org.mk/summer-school-curating-in-context-program-2020/

Меѓународната летна школа е дел од истоимениот проект „Курирање во контекст”, кој се реализира во партнерство помеѓу Локомотива Скопје, Танцфабрик од Берлин, Универзитетот за уметности во Стокхолм и Универзитетот во Загреб (Факултетот за драмски уметности). Проектот е поддржан од „Еразмус +” програмата за образование, тренинг, млади и спорт на Европска Унија. Меѓународна летна школа „Курирање во контекст” оваа година е поддржана и од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Школата иницијално беше замислена да се реализира во Скопје во „Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” но поради ситуацијата со ковид-19 и мерките за заштита и превенција од пандемијата, школата ќе се реализира онлајн преку специјално креирана дигитална платформа и со користење на други дигитални интерактивни алатки.
Тимот на школата го сочинуваат: Славчо Димитров и Биљана Тануровска-Ќулавковски (Куратори на школата), Виолета Качакова (продуцент на програмата на школата), Зорица Зафировска (Координација и ПР) и Јана Димитрова (Волонтерка).

 


En» 04.09.2020 @13:00h
To Queer or Not to Queer: A Non-Normative Approach to Curating
Lecture by Goran Pavlić (Croatia)
Within the program of the International Summer School “Curating in Context”, the citizens’ association Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Art and Culture from Skopje, organizes a lecture by Goran Pavlić (Croatia) on the subject “To Queer or Not to Queer: A Non-Normative Approach to Curating”.

The lecture is realised in partnership with/and as part of this year’s programme of Skopje Pride Weekend.

In his presentation, Goran Pavlić will try to outline some of the problems we face when we try to curate the liminal fields, i.e. those spheres which defy clear-cut academic categories. More precisely, what do we mean when we say ‘queer’? Does it denote only sexual or gender identity, or can it be understood as a tool in political struggle? Is this alternative viable at all, or does it only misrepresent always fluid categories of subject’s agency and structural constraints. Borrowing some of the theoretical tools from queer-Marxist political theory, Pavlić will propose a materialist approach to the problem of curating ‘marginal’ cultural practices. To put it more concretely, we will investigate in what manner our academic apparatus with its established categories inhibits our attempts to approach the complexity of queer experiences. Finally, Pavlić will propose alternative epistemological stances when dealing with communities that depart from normative societal standards.

Goran Pavlić is assistant professor at the Academy of Dramatic Art (Zagreb). His research interests include political theory, performance theory, political economy of art. In 2019, he published a book on Krleža’s political economy Glembajevi: dvojno čitanje (The Glembays: A Dual Reading). He co-edited two volumes (with S. Petlevski): Theatrum Mundi. Interdisciplinarne perspektive (Theatrum Mundi. Interdisciplinary Perspectives) (2015), and Spaces of Identity in the Performing Sphere (2011).
The lecture will be in English, and you can follow via live streaming on a link posted on the Facebook page of the International Summer School “Curing in Context”
https://www.facebook.com/Curating-in-Context-Summer-School-107444634409843

International Summer School “Curating in Context” is realized in the period from August 25 to September 15, 2020. The Summer School aims to critically reflect and address different socio-political and economic contexts, and develop curatorial methods to rethink the practices of performing arts in relation to activism, social movements and self- organization, in a dialogue with contemporary critical theories and trans-disciplinary studies. The programme of the school comprises seminars, lectures and presentations, workshops, discussions, artists’ and curators’ talks, reading groups and mentoring, led by acclaimed professors, theoreticians, curators, dramaturgs, producers and artists from North Macedonian and international contexts.

The school programme is from a closed character, for the applied and selected participants from local and international context, with two sessions open to the public. The first one is the lecture of Goran Pavlic.
More information about the International Summer School “Curating in Context” related to the program, format, thematic framework and lecturers can be found at the following link http://lokomotiva.org.mk/summer-school-curating-in-context-program-2020/

International Summer School is part of the project with the same name “Curating in Context”, which is realized in partnership between Lokomotiva Skopje, Tanzfabrik Berlin, Stockholm University of Arts and the University of Zagreb (Faculty of Dramatic Art). The project is supported by the European Union programme for education, training, youth and sport – Erasmus+. The International Summer School “Curating in Context” is also supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

Initially, the school was planned to be realized in Skopje at “Kino Kultura – Project Space for Contemporary Performance Arts and Culture”. However, due to the COVID-19 situation and the measures for safety and prevention of the pandemic, the school will be realized online, on a specially created digital platform and by using other digital interactive tools.
The team of the school consists of: Slavcho Dimitrov and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski (curators of the school), Violeta Kachakova (producer of the school’s program), Zorica Zafirovska (coordinator and PR) and Jana Dimitrova (volunteer).