КУЛТРЕНИНГ со Христина Ангелoвска ::: Конекција

En↓ 01.10.2020 @ 18:00

 

Овој Култренинг ќе се базира на движења и вежби прилагодени за сите активни и пасивни учесници и љубители на танцот. Преку слушање и чувствување на сопственото тело ќе пронаоѓаме начини и соодветно ќе се обидеме да го ослободиме истото. Ќе се обидеме да го елиминираме заморот, болките во одредени делови од телото, да го пронајдеме внатрешниот баланс и да воспоставиме конекција со просторот, времето и околностите околу нас.

 

Придружете се на линкот во 18:00 часот: https://zoom.us/j/97998905136

 

Часовите се бесплатни. Претходно искуство не е потребно.

Доколку сакате да донирате за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate

Контакт: kultrening@gmail.com

Следете ги најавите на нашите страни.

 

Христина Ангеловска има дипломирано балетска педагогија за современ танц. Нејзиното искуство со кореографија го стекнала на Факултетот за музичка уметност воСкопје. Работела на презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија-современ танц – Нови тенденции/ нови современи танцови дела и автор/и/ки при УКИМ ФМУ каде е дел од тимот и сама изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година и „Равенка“ 2018 год.

Како изведувачка и танчерка соработувала со Горан Начевски за премиерна изведба на операта „Помеѓу соништа и летови“ во 2019 и „Континуитет“, во кореографија на Марија Ристеска во 2018 год.

 

*****

 

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.

 


En» 01.10.2020 @ 18:00

КULTRENING with Hristina Angelovska ::: Connection

This training will be based on movements and exercises adapted for all active and passive participants and dance lovers. By listening and feeling our own body we will find ways and accordingly try to release it. We will try to eliminate fatigue, pain in certain parts of the body, to seek our own internal balance and to establish a connection with the time, space and circumstances surrounding us.

 

Join us shortly before 18:00h on the following link: https://zoom.us/j/97998905136

 

Join our free classes held on Macedonian language.

If you would like to donate and support the program, you can follow the link: lokomotiva.org.mk/donate

Contact: kultrening@gmail.com

Follow the announcements on our pages.

 

Hristina Angelovska is a graduated ballet pedagogue in contemporary dance. She gained her experience with choreography at the Faculty of Music in Skopje. Works on presentation of the Ballet Pedagogy Department Contemporary Dance Program “New Trends/New Contemporary Dance Works and Authors” at UKIM FMU where she is part of the team and performs in choreographic works “Somebody, some” “Three” in 2019 and “Equation” in 2018. As a performer and dancer, she collaborated with Goran Nacevski for the premiere of the opera “Between Dreams and Flights” in 2019 and “Continuity”, choreographed by Mariјa Risteska in 2018.

 

*****

 

The classes are part of КULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture. The program is supported by the Municipality of Centre and Ministry of Culture of R.N.Macedonia.