En↓ 05.12.2020 @ 12:00
ЗБОРУВА АКТО 2006-2020
ПРОГРАМА
АКТО АГОРА / ЗАБОРАВЕТЕ НА СТАРИТЕ КАВГИ
Концепт: Филип Јовановски и Биљана Тануровска-Ќулавковски
„Црни, бели, калеши, жолти,
заборавете на старите кавги.
Штом муабет почнете со луѓето здружни,
набрзо сите ќ бидеме сложни”
Бертолт Брехт, Песна за солидарноста
Вклучете се на дебатата:
https://us02web.zoom.us/j/83631948665
Датум: 5.12.2020 во 12:00 ч., Агора
>12:00- 15:00 – АКТО АГОРА
„Културата е насловна страница на секое општество“
„Акто Агора“ оваа година повторно поттикнува и придонесува во креирањето на современите културни политики базирани на хоризонтално учество на сите сектори во културата, односно интегрирање на граѓанскиот сектор во креирање на културните политики на локално и национално ниво.
Генерални теми и прашања за дискусија:
Градење политики заедно
Кои се плановите на властите за интегрирање на независниот сектор во културата во процесите на градење на јавни политики? Како заедно можеме да креираме „споделени политики“ во културата, каде што учествуваат сите засегнати страни и сектори? Како да се овозможат услови за меѓународна, регионална и локална соработка?
Услови за работа и работнички права
Како заедно да дејствуваме во надминувањето на прекарните услови на работниците во граѓанскиот сектор и дали е возможна минимална плата за независните културни работници и слободните уметници? Кои се механизмите за развој на поддршка за остварување на работничките права, како и структурната поддршка за граѓанскиот сектор?
Развој на нови модели на простори и институции
Како да се развијат постојните институции, а како да се поттикнат и да се поддржат нови? Како капиталните инвестиции во културата да ги следат барањата на професионалците во граѓанскиот сектор? Како да развиваме нови модели на институции, едукациски програми, односно како до креирање на хоризонтално креирани современи културни и јавни политики?
Нови инструменти за поддршка на соработка со граѓанскиот сектор во културата
Кои се механизмите за подобрување на соработката во Европа, односно евроинтеграциите преку културата, како придонесува и како може да придонесе граѓанскиот сектор? Кои се локалните стратегии за евроинтеграција преку културата и зголемување на буџетите од пет до седум отсто според предлозите на ЕК? Дали е можен децентрализиран фонд, односно фондација што ќе ги поддржи новите перспективи на граѓанскиот сектор?
Учесници на АКТО АГОРА
Модератор: Кристина Леловац
Воведно предавање: Милена Драгичевиќ – Шешиќ
- Прв круг: Искра Гешоска (Контрапункт/Крик), Рисима Рисимкин (Интерартс/Танц фест), Виолета Качакова (ЕПК 2028), Јасмина Билаловиќ (КСП Центар–Јадро) и Биљана Тануровска-Ќулавковски (Локомотива/Кино Култура).
- Втор круг: Ирена Стефоска (министерка за култура на РСМ), Мила Царовска (министерка за образование на РСМ), Саша Богдановиќ (градоначалник на Општина Центар).
- Трет круг: Роберт Алаѓозовски (национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка во владата на РСМ), Ева Елерет (директорка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје), Фани Каранфиловска-Пановска (извршна директорка на Фондацијата „Отворено општество“– Македонија), Тања Кругер (директорка на Институтот „Гете“ – Скопје), Деа Видовиќ (директорка на Фондацијата „Култура Нова“ – Хрватска).
- Четврти круг: Публика.
АКТО ТИМ:
Филип Јовановски – уметнички директор
Ивана Васева – кураторка
Александар Јовановски – координатор на програма и онлајн-кампања
Иван Дургутовски – визуелен концепт и дизајн
Ненад Тонкин – продукција и организација
Кристина Леловац – програмска координаторка
Кристијан Караџовски – фотографија и видео
Продукција: Факултет за работи што не се учат (ФР~У), Битола/Скопје; www.akto-fru.org
Програмата “АКТО Агора” се реализира во партнерска соработка помеѓу Факултет за работи што не се учат(ФР~У) во рамки на проектот 15. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ и Локомотива Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамка на проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура“. Проектите се поддржани од Министерство за култура на Република Северна Македонија.
Тим на Локомотива во рамки на соработката на програмата “АКТО Агора”:
Биљана Тануровска Ќулавковски: куратор на програмата
Виолета Качакова: продуцент на програмата
Зорица Зафировска: координатор на програмата
Партнери на 15. АКТО ФЕСТИВАЛ ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ
Фондација „Фридрих Еберт“ – Скопје
Локомотива–Центар за нови иницијативи во уметноста и културата
ДОМИНО/Фестивал Перфорације – Загреб
Фестивалот е поддржан од:
Министерството за култура на Република Северна Македонија
Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Скопје
En↓ 05.12.2020 @ 12:00
AKTO SPEAKING 2006-2020
PROGRAMME
AKTO AGORA / LEAVE YOUR OLD DISPUTES BEHIND
Concept: Filip Jovanovski and Biljana Tanurovska-Kjulavkovski
Black or white or brown or yellow
Leave your old disputes behind.
Once start talking with your fellow
Men, you’ll soon be of one mind.
Bertold Brecht, Solidarity Song
Join the debate:
https://us02web.zoom.us/j/83631948665
Date: 05.12.2020, 12:00 h, Agora
>12:00- 15:00 –AKTO AGORA
“Culture is the Front Page of Any Society”
Akto Agora this year too, encourages and contributes in the creation of modern cultural policies based on horizontal participation of all the sectors in culture, i.e. integration of the civil sector in the policy-making in culture at both the local and national level.
General topics and discussion points:
Joint policy-making
What are the Government’s plans to integrate the independent sector in culture in the public policy-making processes? How can we build those “common policies” in culture, where all the shareholders and sectors get to participate? How can we create conditions for international, regional and local collaboration?
Working conditions and labour rights
How can we jointly act to overcome the precarious circumstances of the workers in the civil sector and is it possible to provide a minimum wage for independent cultural workers and freelance artists? What are the mechanisms to develop support for exercising labour rights, as well as provide structural support to the civil sector?
Developing new models of spaces and institutions
How can we further develop the existing institutions and how can we encourage and support new ones? How can we ensure that the capital investments in culture are in line with the requests of the professionals and the civil sector? Can we develop new models of institutions, educational programmes, i.e. how can we start building horizontally set-up contemporary cultural and public policies?
New instruments to support the collaboration with the civil sector in culture
What are the mechanisms to improve the collaboration in Europe, i.e. the euro-integration processes through culture, how does and how can the civil sector contribute?? What are the local strategies for euro-integration through culture and budget increases of five to seven percent according to the EC recommendations? Is it possible to set-up a decentralized fund, i.e. a foundation to support the new perspective of the civil sector?
AKTO AGORA Participants
Moderator: Kristina Lelovac
Introduction talk: Professor Milena Dragićević Šešić
- First round: Iskra Geshoska (Kontrapunkt/Krik), Risima Risimkin (Interarts/Dance Fest), Violeta Kachakova (ECC 2028), Jasmina Bilalovikj (SCS Centar – Jadro) and Biljana Tanurovska-Kjulavkovki (Lokomotiva/Kino Kultura).
- Second round: Irena Stefoska (Minister of Culture of RNM), Mila Carovska (Minister of Education of RNM), Sasha Bogdanovikj (Mayor of the Municipality of Centar).
- Third Round: Robert Alagjozovski (National Coordinator on Interculturalism, One Society, Culture Development and Interagency Collaboration at the Government of RNM), Eva Ellereit (Director of the Friedrich Ebert Foundation – Skopje), Slavica Indjevska (Program Director of the Foundation Open Society – Macedonia), Falk Schleicher (Deputy head of the Goethe Institute – Skopje), Dea Vidović (Director of the Kultura Nova Foundation – Croatia).
- Fourth Round: Audience.
AKTO TEAM:
Filip Jovanovski – artistic director
Ivana Vaseva – curator
Aleksandar Jovanovski – programme and online-campaign coordinator
Ivan Durgutovski – visual concept and design
Nenad Tonkin – production and organisation
Kristina Lelovac – programme coordinator
Kristijan Kradzovski – photography and video
Production: Faculty of Things That Can’t Be Learned FRU, Bitola/Skopje; www.akto-fru.org
The Programme of AKTO Agora is brought to you in partnership between the Faculty of Things That Can’t Be Learned (FRU) as part of the project 15 AKTO FESTIVAL FOR CONTEMPORARY ART and the Lokomotiva Centre for New Initiatives in Art and Culture within the project Lokomotiva’s Programme in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and contemporary culture. The projects are supported by the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.
Lokomotiva’s team working on AKTO Agora’s programme:
Biljana Tanurovska Kjulavkovski: programme curator
Violeta Kachakova: programme producer
Zorica Zafirovska: programme coordinator
Partners of 15 AKTO FESTIVAL OF CONTEMPORARY ART
Friedrich Ebert Foundation, Skopje
Lokomotiva-Centre for New Initiatives in Art and Culture
DOMINO/Perforations Festival – Zagreb
The Festival is supported by:
Ministry of Culture of the Republic of Macedonia
Friedrich Ebert Foundation – Skopje