Дрвјата паметат! – акција во јавен простор на Филип Јовановски

En↓ 04.12.2020 @ 11:00-14:00

Дрвјата паметат!

акција во јавен простор

автор: Филип Јовановски

петок /4 .12.2020 / 11:00-14:00 часот

околината на хотелот Бристол

Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година во рамки на програмата Други просториподдржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.

Користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се бават со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти.

 

* * *

 

Филип Јовановски своето дело насловено „Дрвјата паметат!” го развива како долгорочен проект, кој во оваа фаза се реализира како  акција во јавен простор во околината на хотелот Бристол на 04.12.2020 година од 11:00-14:00 часот

 

Делото „Дрвјата паметат!” е истражувачко дело во процес, a се состои од инсталација во простор која е поставена како лиминален простор, сцена која содржи звук и натпис, чија комуникацијата изведува замисла за извед(б)ен споменик/паметник.

Извед(б)ениот споменик/паметник памети за минатото, реферирајќи од позиција на сегашноста преку текст кој вклучува реални факти, фиктивни приказни и стихови од Бертолт Брехт, Васко Попа, Пјер Паоло Пазолини, Франсоа Вијон, Булат Окуџаба и Владимир Мартиновски кои ги изведува актерката Кристина Леловац. Поетичноста на делото, односно естетското се реализира преку интеррелацијата на текстот и објектот како акт на изведување на тој споменик/паметник како лиминален простор. Ова дело е еден сегмент од повеќеслојниот и долготраен проект на Филип Јовановски кој се бави со прашањето на јавниот простор и граѓанското учество во неговото (ре)формирање.

 

Делото истражува за, и околу прашањата: Што е тоа што го претставува градот? Граѓаните? Архитектурата? Настаните во него? Што е она што е културно наследство на еден град, а да не се само видливите згради/објекти/архитектура? Дрвјата и начинот како е планиран еден град, особено во пост-земјотресно Скопје е исклучително (политички) важен аспект во планирање и живеењето во градот. Изминативе неколку години со драстичното брутално уништување на јавниот простор во градот Скопје, дрвјата (скоро колку и граѓаните) испаднаа од една страна нај-незаштитените елементи на градот, но пак од друга најсериозните точки на отпор на капиталистичките тенденции во градското планирање. Дрвјата гласно „протестираа” изминатава декада и пол. Дрвјата сакаа да покажат дека се дел од културното наследство на градот, и така треба да се третираат. Дрвјата се носители на знаење/меморија за градот, на одговорноста кон планирањето на градот но и на општеството во целина. Дрвата се како книги.  Ако ги собереме паметењата на сите дрвја во градот може да се направи една архива од знаења што го носат, паметат со децении, со векови, носат историја на еден град, ја рефлектираат сликата на градот, но кога ги сечат тоа трае само неколку минути. Звукот на нивното сечење како крик на борбата за слобода на јавниот простор одекнува сеуште низ улиците на Скопје.

***

„Дрвјата паметат!” започнува со оваа акција на „сеќавање/паметење” на дрвјата, за историјата на градот (и на светот), и со неа започнуваме да градиме архива на сеќавања на дрвјата, архива на сеќавања на насилството и уништувањето, но и за грижата за јавните простори во градот. Започнуваме во паркот кај хотелот Бристол, местото каде што сеуште се слуша крикот на исечените дрвја, звукот на моторните пили, се гледаат сенки од лицата на уапсените мирни граѓани врз оклопните возила на специјалните полициски единици, а сето тоа дрвјата го паметат. Нашето општество заборава, често заборава, а пак наша работа е колективно да се сеќаваме за да одиме напред, без заборав на нашата солидарност и борба за јавниот простор.

Сеќавање/паметење бр. 1: Паркобрани – парк кај хотел Бристол – Насилство во центарот на Скопје

Зашто уште во V век пред нашата ера најдемократскиот владетел Перикле ги опоменува Атињаните, велејќи: „Оној што не учествува во настаните на својот град, не е мирен, туку е лош граѓанин”. А, сите ние знаеме како поминаа на Плоштадот нашите граѓани, кога пред една година на мирен начин сакаа да учествуваат во настаните на својот град. К.Н. Шулц (Егзистенција, простор, архитектура, 1975) со право констатира дека: „Архитектонскиот простор претставува материјализација на човековиот егзистенционален простор”, па затоа за неговото оформување треба да се прашаат и архитектите и пошироката јавност. (обраќање на професорот Токарев на вонредното собрание на „Асоцијацијата на архитекти на Македонија“ на 10.03.10./ извор www.окно.мк)

…“Дрвјата паметат!” приказни на 11 граѓани кои беа уапсени од 400 припадници на единиците за брзо распоредување, една тивка септемвриска скопска ноќ, додека го чуваа паркот спроти хотелот Бристол во центарот на Скопје. По неколкучасовен притвор беа ослободени. Кај паркот пред Бристол беа поставени железни огради. Забележливо беше зголемено полициско присуство. Полицијата не дозволи одблизу да се фотографира делот каде што се планира да се гради административна зграда. Таа ноќ во паркот кај Бристол, 11 граѓани учествувале во одбрана на паркот, а подоцна, 11 граѓани од светот, меѓу нив се наоѓал и францускиот марксистички филозоф Анри Лефевр и филозоф, чилеанскиот поет Виктор Хара со неговите колеги Франсоа Вијон, Булат Окуџава, Васко Попа на кои подоцна им се придружил и Бертолт Брехт заедно со Дејвид Харви, поставија табла во паркот кај хотелот Бристол за да им оддадат почит на борбата на овие храбри граѓани…

 

Филип Јовановски (1979, Битола/Скопје) е визуелен уметник и културен работник.

Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство. Често применува кураторски пристап во своите дела и креира општествено ангажирани и интердисциплинарни уметнички проекти, притоа често работејќи со различни заедници како во проектите „Кога зградите зборувале“ и КУЦ (Културно-уметнички центар)„Текстил“. Јовановски имал многу самостојни изложби во земјава и во странство, и учествувал во голем број групни изложби. Неговиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“, куриран од Ивана Васева, кој ја претставуваше Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор во 2019 година ја доби престижната награда „Златна Трига“. Тој е еден од авторите на македонскиот павилјон насловен „Ослободување на просторот“ кој се претстави на Венециското биенале за архитектура во 2018 година. Има направено околу 20 сценографии за театарски претстави, видео и документарни проекти и е добитник на неколку награди како што се: Наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (2010, коавтор), Посебна награда за архитектура од Асоцијацијата на архитекти на Македонија (2015, коавтор), добитник на наградата Млад ликовен уметник ДЕНЕС (2013), наградата „Ладислав Баришиќ“ од АИКА – Македонија за истражувачки проект (2015, коавтор) итн. Од 2007 година, тој е уметнички директор на АКТО фестивалот за современи уметности во Битола и учествува во раководењето на организацијата за уметност и култура „Факултет за работи што не се учат (ФР~У)“.

* * *

Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.


En» 04.12.2020 @ 11:00-14:00

THE TREES REMEMBER!

public space action

author: Filip Jovanovski

 

Friday / 04.12.2020 / 11:00-14:00

the surroundings of Bristol (hotel space)

 

Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Art and Culture in 2020 within the programme “Other Spaces” supported the development of three contemporary art works by the local artists Zorica Zafirovska, Oliver Musovik and Filip Jovanovski.

By using different media, the artists in their works are referring to a particularly important topics related to the ecology, seen as a dynamic category of interconnected ecological, social, democratic, as well as cultural processes of everyday life. The works explore and deal with the public space, environment, urban planning of the city and the right to decide on special planning and development of the environment in which we live. The works include research, documentation and artistic presentation of green areas, from the planning of the urban greenery and afforestation as part of the urban policies and the spatial planning to the civic grassroots initiatives for development of urban gardens in certain neighbourhoods and quarters.

* * *

Filip Jovanovski artistic work The trees Remember! is developed as durational research project which will start with the public space action at Bristol (hotel space) on 4.12.2020 from 11.00-14.00.

 

The Trees Remember! is a durational research project which consists of installation that is set as a liminal space, a scene which comprises sound and inscription. Communication of the elements enacts the idea of performative monument. This work remembers and recalls the past, from the position of present, through a text that includes real facts, fictional stories and verses by Bertolt Brecht, Vasco Popa, Pier Paolo Pasolini, Francois Vignon, Bulat Okudzhaba and Vladimir Martinovski performed by actress Kristina Lelovac. The poetics of the work, or the aesthetic is realized through the interrelation of the text and the object as monuments’ performance – as a liminal space. This work is a segment of the multi-layered durational project by Filip Jovanovski which relates to the issue of public space and civic participation in its (re)forming.

Jovanovski art work researches around following questions: What is it that makes a city? Its citizens? Its architecture? Its events? What is it that constitutes the cultural heritage of a city, apart from the visible buildings/facades/architecture? The trees and the way a city has been planned, particularly in the case of post-earthquake Skopje is an exceptionally (politically) important aspect of the urban planning and the life in the city. During the past few years of drastic, brutal destruction of the public spaces in the city of Skopje, the trees (in an almost equal measure to the citizens) turned out to be, on the one hand, the most unprotected elements of the city, but, on the other, one of the most serious points of resistance against the capitalist tendencies in urban planning. The trees loudly “protested” during this past decade and a half. The trees aim to show that they are part of the cultural heritage of the city, and that is how they should be treated. The trees hold the knowledge/memory of the city and the responsibility inherent to the planning of the city, but also of society as a while. The trees are like books. If we collect the memories of all the trees in the city we can build an archive of the knowledge they have carried and they have remembered, for decades, for centuries – they reflect the history of the city, although cutting them down only takes a few minutes. The sound of them falling downstill resounds on the streets of Skopje as a shriek of the struggle for free public spaces.

 

***

The Trees Remember! is a research study in process, which starts with this action of “remembering” the history of the city (and the world) through the memory of the trees. With this action we start building an archive of the trees’ memories, an archive of the violence and destruction of the public space in the city. This action starts at the park near the Bristol Hotel, the place where we can still hear the “shriek” of the fallen trees, the sound of the chainsaws, we can see the shadow of the faces of the arrested peaceful citizens on the armored vehicles of the special task force units – the trees remember all of this. Our society forgets, keeps forgetting, and it is our job to collectively remember so that we can move forward, without forgetting our solidarity and struggle for public spaces.

 

 

MEMORY NO 1: PARK-DEFENDERS – PARK NEAR BRISTOL – VIOLENCE IN THE CENTRE OF SKOPJE

Because even as early as the 5th Century B.C. the most democratic ruler, Pericles, warned the Athenians, saying “We do not regard a man who takes no interest in public affairs as harmless. We do not say that such a man ‘minds his own business’. Rather we say he has no business here at all.”.And we are all familiar with what happened to our citizens on the Main Square, when one year ago they tried to peacefully take interest in their city’s public affairs. K.N. Schultz (Existence, Space, Architecture, 1975) rightfully concludes that “architectural space is the materialization of the human existential space”, and therefore, the architects and broader public need to inform it. (excerpt of the  professor Tokarev speech on the assembly of the “Association of Architects of Macedonia” on 10.03.10./resource www.okno.mk)

The Trees Remember! stories of 11 citizens who were arrested by 400 members of the rapid deployment units, on a quiet September night in Skopje, while they were guarding the park opposite Hotel Bristol in the centre of Skopje. After several hours of detention they were released. Iron fences were set up around the Park near Bristol. Increased presence of the police was observed. The police did not allow photos to be taken of the area where an administrative building was planned to be built. That night in the Park near Bristol, 11 citizens engaged in the defense of the park, and later on, 11 citizens of the world, including the French Marxist philosopher Henri Lefebvre and Chilean poet Victor Jara with his colleagues François Villon, Bulat Okudzhava, VaskoPopa, who were later joined by Bertolt Brecht together with David Harvey, set up a table in the Park near Bristol to pay their respect to the struggle of these brave citizens.

 

Filip Jovanovski (1979, Bitola / Skopje) is a visual artist and cultural worker. He graduated at the Faculty of Architecture in Skopje. He holds MA degree in painting from the Faculty of Fine Arts in Skopje.. He often uses a curatorial approach in his works and creates socially engaged and interdisciplinary art projects, involving work with different communities, such as the projects “If Buildings Could Talk” and CAC (Center for Art and Culture) TEXTILE in Shtip. Jovanovski has held many solo exhibitions in the country and abroad, and participated in many group exhibitions. His project “This Building Talks Truly”, curated by Ivana Vaseva, which represented North Macedonia at the 2019 Prague Quadrennial of Performance Design and Space won the prestigious Golden Triga for best exposition. He was one of the authors of the Macedonian pavilion titled “Freeing Space”, which was presented at the 2018 Venice Biennale for Architecture. He has made about 20 stage designs for theater plays, video and documentary projects and won several awards, including the award for best stage design at the “Vojdan Chernodrinski” festival in Prilep (2010, co-author), Special Architecture Award from the Association of Architects of Macedonia (2014, co-author), winner of the Young Visual Art Award DENES (2013), Ladislav Barišić Award  by AICA – Macedonia for a research project (2015, co-author), etc. Since 2007, he is the artistic director of the AKTO Festival for Contemporary Arts in Bitola and is co-managing the organization for art and culture “Faculty of things that can’t be learned (FR~U)”.

 

* * *

The art works are developed as part of the project “Programme of Lokomotiva in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and contemporary culture”, which is funded by the City of Skopje, and part of the Other Spaces programme of the project “ACT: Art, Climate, Transition”, co-funded by the Creative Europe Programme of the European Union.

__________________________________