КУЛТРЕНИНГ со Александар Георгиев ::: „SCREENSAVER“
Александар ве поканува на КУЛТРЕНИНГ часови, на кои ќе ја сподели својата фасцинација со танцот и кореографијата преку својот пристап кон механизмите на танцовата пракса кои ги нарекува „SCREENSAVER“.
„Screensaver“ се појавува како танцова пракса, но всушност е ТВ поп-шоу или само апсурдно видео рекламирање на танцовата архива од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архива која спекулативно отвора простор за други темпоралности кои поинаку се бавеле со танцот, за да коегзистираат истовремено во денешната перцепција на танцот и кореографијата. Простор во кој конечно може да се доживее танцот што се играл илјада пати, или сеќавањето на некој танц што е виден многу пати и сите го носиме во себе; простор за танцување во идната носталгија, простор за танцување од задоволство, и кинетичко уживање. Пристапот отвора простор за задоволство од танцовото искуство и кореографија како кинематографска меморија на нашите тела.
Пред секој час ќе постираме линкови и информации за часовите што следат на ФБ и веб страните на Локомотива и Кино Култура.
Доколку сакате да донирате за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate
Контакт: kultrening@gmail.com
Следете ги најавите на нашите страни за Култренинг бесплатните часови.
Александар Георгиев – Аце е кореограф кој работи номадски околу неколку места во Европа. Тој бил дел од неколку формални и неформални образовни и истражувачки програми, меѓу кои „NOMAD”, „SPAZIO”, „DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program” (трета генерација). Аце дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија. Аце активно работи од 2008 година, претставувајќи се на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно претставени и изведени во просторите на: „Red House” (Софија), „DNK” (Софија), „MDT” (Стокхолм), „PTL” (Љубљана), „Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје). Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, окупиран околу славењето и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, тој е дел од интернационалниот тим од уметници STEAM ROOM.
*****
Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.
KULTRAINING with Aleksandar Georgiev ::: „SCREENSAVER“
Aleksandar would like to invite you for KULTRAINING to share his fascination with dance and choreography through approaching the mechanisms of dance practice that he called “SCREENSAVER”.
SCREENSAVER appears as a dance practice, but in-fact it is a TV Pop show or just absurd Video advertising of the dance archive one carries from the 60s, 70s, 80s and 90s. Archive that speculatively opens space for other temporalities that have dealt differently with dance, to co-exist simultaneously within the perception of dance and choreography nowadays. A space where the dance that has been danced thousand times, or the memory of that dance that have been seen so many times and we all carry it, can be finally experienced; a space for a dance of future nostalgia, a space for a dance of satisfaction, and kinetic pleasure. The approach opens a space for satisfaction in experiencing dance and choreography as a cinematographic memory in our own bodies.
Before each class join the shared link and follow on FB and the websites of Lokomotiva and Kino Kultura.
https://zoom.us/j/95807359122
If you would like to donate and support the program, you can follow the link: lokomotiva.org.mk/donate
Join our free classes and follow the announcements on our pages.
Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer who works as a nomad in several places in Europe. He was part of several formal and informal educational and research programs, including NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (third generation). Ace graduated from DOCH in Stockholm with a master’s degree in choreography. Ace has been active since 2008, presenting itself internationally, in relation to the networks in which it is a member. His works were premiered and performed in places such as: “Red House” (Sofia), “DNK” (Sofia), “MDT” (Stockholm), “PTL” (Ljubljana), “Schauspielhaus” (Vienna), “Kino Kultura” (Skopje). He has recently begun to explore the practices of co-existence through choreography and has been working in the past 10 years in the formats of collective authorship of creation, occupied around the celebration and protest of the body, and poetics within social phenomena through movement. Together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas, he is part of the international artistic team STEAM ROOM.
*****
The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the R.N.Macedonia.