„Порасни ме, навади ме, погали ме” видео на Зорица Зафировска

Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во 2020 година во рамки на програмата „Други простори“ поддржа развој на три современи уметнички дела на домашните уметници Зорица Зафировска, Оливер Мусовиќ и Филип Јовановски.

 

Користејќи различни медиуми, уметниците преку своите дела се бават со исклучително важни теми поврзани со екологијата, која ја разгледуваат како динамична категорија на меѓусебно поврзани, еколошки, општествени, демократски, како и културни процеси на секојдневното живеење. Делата истражуваат и се бават со јавниот простор, животната средина, урбаното планирање на градот и правото на одлучување на уредување и развивање на средината во која живееме. Делата опфаќаат истражување, документација и уметничка презентација на зелените површини, од планирање на градското зеленило и пошумување како дел од урбаните политики и просторното планирање до граѓански грасрут инцијативи за развој на урбани градини во одредени градски маала и четврти.

 

* * *

 

Зорица Зафировска создава видео запис насловен „Порасни ме, навади ме, погали ме” како дел од истоимениот тековен проект кој се обидува да ја забележи брзата урбанизација на градот и зголемената потребата за враќање на грижата за јавните зелени површини.

Четврток, 10.12.2020 година

Премиерно прикажување на видеото

 

„Порасни ме, навади ме, погали ме”

 

Видео запис, 30 мин.

Концепт и видео реализација: Зорица Зафировска

Монтажа и визуелна поддршка: Ангела Маневска

Транскрипт: Марија Ковачева

Фотографија: Софија Григориадоу

Наратор: Живко Грозданоски

 

Видеото премиерно ќе биде премиерно прикажано во четврток, 10-ти декември, на ЈуТуб каналот на Зорица Зафировска, (директен линк: https://youtu.be/InOR1_6G7Eo ) и по што ќе биде достапен за јавен преглед за секој заинтересиран граѓанин. Линкот од видеото биде објавено и на веб страната на Локомотива Скопје.

 

Видеото се обидува да ги документира „урбаните, домашните и напуштените градини“, во скриените деловите од градот, а воeдно и да забележи и мапира видливи и невидливи активности поврзани со важноста на растенијата, природата и чистиот воздух во градот Скопје. Ова дело е дел од подолго истражување на авторката и се движи на границата помеѓу активистичка документаристика и посветување на природата. Таа директно интервенира во реалноста и целта е да ја избегне естетизацијата со цел да потенцира состојби и визии. Нејзината потреба да ги забележи градините и парковите, нивното градење и оддржување потекнува од нејзината потребата да учествува во нивниот развој и живот, да биде дел од реална промена и да се партиципира во градењето на заедничкото добро. Таа се бави со проблематиката на праксисот, односно како работиме, што правиме, како сме вклучени во реалноста, и како неа ја менуваме. За неа видеото претставува формат каде таа се обидува да обележи, и даде простор во јавно поле да се забележи повеќегенерацискито заедништво труд, љубов, грижа и поддршка. Таа зборува за грижата на една заедница како активност која е вон неолибералниот дискурс каде грижата станува стоковна размена, таа зборува за грижата, љубовта и поддршката како предуслов за градење на заедница и заедничко.

 

Видеото претставува документиран запис во времетраење од 30 минути во рамки на кое се прикажани “градини на љубов, грижа и невнимание” кои се снимени на повеќе локации низ градот: Ново Лисиче урбана градина „Бостание“, населба Шуто Оризари основно училиште „Браќа Рамиз и Хамид”, дел од околината на касарната „Ѓорче Петров“ во населбата Даме Груев, паркот од левата страна на Собранието на Република Северна Македонија, населба Буњаковец, близината на основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар и Паркот шума Водно.

 

Освен визуелниот приказ на урбаните “организирани и спонтани” градини во видео записот се вклучени и неколку интервјуа со Тања Истински, Љубе Серафимовски, Димитар Самарџиев и Александар Митревски, кои ги споделија своите искуства и мислења за урбаните градини, можностите за нивен развој и опстанок во градот, интеграцијата и учеството на граѓаните и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во нивното одржување.

Видеото ги вклучува и Ирена Јовческа, Александар Сандревски, Кирил Шентевски, и Александар Николовски сите други учесници во изградбата на општествената градина „Бостание“ проект на „Зелената арка“ кои ја подржаа реализацијата на видео записот.

 

Зорица Зафировскa (1982) дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2011-та година била последипломска кандидатка на културните студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки „Евро-Балкан“. Како уметница работи  на социо-политички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции и активности. Од 2008-ма година е членка на Ф.Р.И.К. и селекторка на мал дел од видео програмата на ФРИК Фестивалот. Ко-основачка на Арт И.Н.С.T.И.T.У.T. проектниот простор во 2009-та, а заедно со 6 уметнички од Скопје ја ко-основаат иницијацијата „Моми“ во 2011 година. Од 2013-та е членка на Јадро и истата година го иницирала проектот „Простор“. Во 2014 е еден од победничките е на отворениот повик за млад уметник/ца на галеријата „Агенцијата за сериозни интереси“. Во 2016-та е добитничка на наградата за млад визуелен уметник/ца „ДЕНЕС“ на Центарот за современи уметности– Скопје. Има преку 10 самостојни изложби, акции и проекти во Македонија, Њујорк, Грција и Германија.

 

 

* * *

 

Уметничките продукции се развиваат како дел од проектот „Програма на Локомотива во Кино Култура-проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура” финансиран од Град Скопје, и како дел од програмата „Други простори“ на проектот ACT: Act, Climate, Transition/Уметност, Клима, Промена, ко-финансиран од програмата Креативна Европа на Европската унија.