„Неуспехoт како пракса“, онлајн настани и работилници

En↓ 11-28.12.2020

„Неуспехoт како пракса“, онлајн настани и работилници

Концепт, уметничка насока: Дарко Драгичевиќ (Берлин)

11-28 декември 2020 година

Уметнички соработници: Рут-Јохана Андерсон (Стокхолм), Кристина Цупке (Берлин), Владимир Јанчевски (Скопје), Нина Мешко (Љубљана), Зорица Милисављевиќ (Белград), Зорица Зафировска (Скопје)

Грешката е едноставно неуспех веднаш да се прилагоди предзнаењето на реалноста. – Џон Кејџ

Неуспехот е нешто од што се срамиме, сакаме да го скриеме, да го направиме незабележлив. Успехот нè интегрира, додека неуспехот значи да бидеме отфрлени од општеството. Но, што се случува кога не-нормативни тела стапуваат на сцена, отворајќи нови простори на контрахегемонски можности? Овие нови можности би можеле да ги означат поместувањата на постојните конфигурации со преуредување на хегемонистичката доминација на државата, институциите и нормативните политики како алтернативни етички погледи.

„Неуспех како пракса“ претставува серија интервенции на специфични локации кои имаат за цел да создадат различни, паралелни линии на комуналност преку спротивставување на општата валоризација на успехот.

Онлајн ЛАБ и интервенции:

„Неуспехот како пракса“ започнува со тридневна работилница за време на која 6 поканети уметници од 5 различни европски земји ќе соработуваат и размислуваат за општото разбирање на Неуспехот во различни социо-политички контексти. Серија на аналитички и практични задачи ќе послужат како средства за набљудување и алатки на дискурс за понатамошна интерпретација на потенцијалите на глобалното разбирање на Неуспехот и неговите трансформативни моќи во продуцирање на новостекнати знаења.

Поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од Ковид-19, работилницата ќе се одржи онлајн, при што еден од „амбасадорите“ од претходните изданија на „Неуспехот како пракса“ од тимовите од Белград, Берлин, Стокхолм и Љубљана ќе им се придружи на двајца локални уметници од Скопје. Во текот на овие тридневни работни сесии ќе размислуваме за темите на колективитетот, телото/телата во приватниот и јавниот простор, соработките итн., споделени низ призмата на културната и колективната меморија на секој учесник. Во практична смисла, ќе се спроведат разни прашалници, задачи, записници, игри, онлајн интервенции, пишувања итн. Учесниците ќе работат индивидуално и во парови. Меморирањето и повторувањето ќе служат како елементи на артикулација со кои трансформативните сили на стравот од Неуспех ќе бидат претставени како креативни процеси на неисцрпни и креативни акти основани врз индивидуална и колективна доверба. По завршувањето на работилниците, секој учесник ќе треба да креира две документации за две различни задачи во форма на изведбени интервенции. Целта на овие задачи ќе биде проширување и создавање на низа контекстуално разработени предлози, преку практики и теорија. За време на овие процеси, уметниците-учесници ќе презентираат различни изведбени проби и обиди создавајќи специфичен јазик и естетика на изразување засновани на материјали за движење, текст, предмет и звук. Нивниот главен фокус ќе биде телото/телата во приватните и јавните простори во ова специфично време на пандемија. Форматите ќе бидат видео и аудио записи, текстови, записници, фотографии и други визуелни материјали како мапи, цртежи и сл. По нивното финализирање тие ќе бидат споделени и отворени за јавноста на интернет-платформите.

Евалуацијата и споделувањето на мислења како форма на критичка пракса ќе се спроведуваат во текот на целата работилница, а на последниот, т.е. 6-тиот ден од овој формат, уште еднаш сите ќе се состанеме за да го заокружиме процесот на размислување и да дадеме конечна проценка. За тоа време, сите материјали ќе бидат споделени помеѓу учесниците на дискусијата.

Проектот „Неуспехот како пракса“ започнал во мај 2017 година како серија работилници предводени од Дарко Драгичевиќ, изведбен и визуелен уметник. Учесниците на работилницата биле членови на „Градска герила“ – група млади уметници и активисти. Проектот е реализиран во Белград, со поддршка од Гете-институт Србија. Во 2019 година Гете институтот ја објавува книгата/каталог со истиот наслов и проектот – „Неуспехот како пракса“ е презентиран меѓународно на различни фестивали, универзитети и други курирани платформи.

Дарко Драгичевиќ  е визуелен уметник и изведувач, роден во Белград, а базиран во Берлин. Работи на интердисциплинарни проекти и крос-медиумски соработки како проширени практики во областа на визуелните уметности, перформансот, кореографијата и филмот. Неговите најнови проекти се кореографиите „Јас сум сега … бесконечност“ со Ј. Заложник (премиерно прикажана во јануари 2020 година во Кино Шишка, Љубљана), Прегратка со J. Еврард (премиерно прикажана во февруари 2019 година на Open Spaces Sommer Tanz Festival Berlin), просторно специфични интервенции „Неуспех како пракса“ (претставени во ноември 2019 година, на КоФестивал Љубљана, јули 2019 година, Open Spaces Sommer Tanz Festival Berlin) и двете книги: „Неуспехот како пракса“ (објавена во март 2019 година од Гете- Институтот Србија) и The Readymades со J. Холтен (повторно издадена во септември 2019 година од Broken Dimanche Press).

Оваа година Драгичевиќ соработува на различни проекти со Кристина Цупке, Јасна Лејес Виновршки, Мартин Сондеркамп, Јасмина Заложник, Сири Јентветд, Маргрет Сара Гудјонсдотир и тој е уметнички директор и уредник на проектот „Лагата и грабежот како пракса“ направен во соработка со Гете-Институтот во Белград.

Драгичевиќ предава на институции DOCH – Школа за танц и циркус /Универзитет за уметности во Стокхолм, Центар за современ танц ZZT/ HfMT Келн, Универзитет Tanzquartier  и Y-Institut/ Hochschule der Künste во Берн.

Студирал филмска и телевизиска продукција на Њујоршката филмска академија, и визуелни уметности на Меѓународниот колеџ за уметности и науки во Милано каде се здобил со диплома за визуелна комуникација, и магистерска диплома за визуелни уметности.

Учесници:

Рут-Јохана Андерсон (1989) е цис-белa-женa танцова истражувачка и концептуална уметница. Студирала кореографија на Школата за визуелен театар, Ерусалим (2014-18) и последипломски студии на самостојната програма, курс за танц на Универзитетот за уметности во Стокхолм (2018-21). Таа е работи на уметнички практики кои се спротивставуваат на индивидуалното самопромовирање со стратегии за колективизација. Како дел од нејзиниот уметнички развој, таа работела на академско истражување за Израел / Палестина на Одделот за меѓукултурни и регионални студии на Универзитетот во Копенхаген (2012-2021). Учествувала на колективни претстави на OVERGADEN. Институтот за современа уметност во Данска, плоштад Офелија во Данска, Uferstudios, Германија и Хазира, Израел. Таа е активна членка на höjden самостојното студио во Стокхолм и зборува течно на четири јазици: шведски, дански, хебрејски и англиски.

Кристина Цупке живее и работи како кореографка и изведувачка во Берлин. Таа ги развива своите проекти во блиски соработки. Во чии рамки произлегуваат специфични простори и ситуации, во кои  средбите меѓу публиката и изведувачот постојано се преиспитуваат. Таа соработува со кореографи како Ајзе Орхон, Јасна Виновршки, Март Кангро, Ник Хафнер, со композиторот Борис Хауф, драматургот Игор Добричиќ и уметникот за визуелни уметности и перформанси Дарко Драгичевиќ. Магистрирала на Амстердамската школа за уметност, отсек Кореографија. Од 2016 до 2020 година, таа била претставена како уметница во Проектот за Напредни изведувачки уметности „АПАП“ на европската мрежа, во Tanzfabrik Берлин.

Владимир Јанчевски е роден во 1984 година и е независен истражувач од Скопје, кој паралелно работи на полето на современата уметност и визуелните студии. Се интересира за интердисциплинарни уметнички практики и теорија на сликата, односот уметност и политика, иконокастички акти и визуелни конфликти.

Од 2004 организирал, курирал и учествувал на бројни настани, групни изложби, колаборативни проекти, предавања и јавни дискусии во земјата и странство. Бил член на јадрото на уметничката иницијатива КООПЕРАЦИЈА (2012-2015).

Од 2011 година соработува со ЦВС-Скопје, учествувал на повеќе меѓународни конференции и организирал јавни предавања во Скопје. Автор е на повеќе од 50 текстови за современа уметност и визуелна култура.

Нина Мешко припаѓа на генерацијата танцови уметници и кореографи, кои го започнале своето уметничко творештво во 90-тите години на минатиот век, кога Словенија се повлекла од федеративната југословенска приказна и деценија и половина била една од најдобро артикулираните уметници во словенечката продукција на современ танц. Таа настапувала на бројни настани во Словенија и во странство и добила два меѓународни гранта: Артслинк, Њујорк и Тансквартиер, Австија. Последните дванаесет години работи како раководителка на одделот за танц во Јавниот фонд за културни активности на Република Словенија, каде организирала настани за современ танц, танцова педагогија, подготвува стимулации за создавање и ги олеснува условите за поставување настапи. Преку оваа работа успеала да создаде фестивали и едукативни настани, чија главна цел е да ја поттикне танцовата креативност кај деца и млади и да обезбеди професионални квалификации на нивните ментори низ словенечките региони.

Зорица Милисављевиќ има работено во одделот за културна програма на Гете-институтот во Белград како координаторка повеќе од дваесет години на посебни и долготрајни проекти како: Градска герила, Урбан инкубатор, Актополис, Фреирум, Следната генерација, Исчезнати приказни и Заедничко преку уметноста, и други. Таа била ментор во период (2010-2017) и една од основачките на самоорганизираната група Градска герила. Преку овој проект, била вклучена во процеси кои опфаќаат развивање на групна консолидација, функционалност и одржливост на група, како и нејзино влијание врз урбаното опкружување во кое била формирана. Од 2017 година, во соработка со Дарко Драгичевиќ, визуелен уметник и изведувач од Берлин, работела на концептот и реализацијата на проектите под наслов „Неуспехот како пракса“ и „Лагата и грабежот како пракса“. Во нејзината уметничка пракса, таа ја истражува поетиката на секојдневниот живот, случајноста, невидливоста и минливоста, како и практичната соработка и партиципација на пишување поезија во интеракција со вештачка интелигенција преку проектот Поезија на секојдневниот живот.

 

Зорица Зафировскa дипломирала на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од 2011-та година е последипломска кандидатка на културните студии на Институтот за општествени науки и хуманистички науки “Евро-Балкан”. Како уметница работи на социо-политички теми, како трговија со луѓе, бездомништво, конзумеризам и екологија за кои прави специфични, временско-просторни инсталации, мали акции и активности. Од 2008-ма година е членка на Ф.Р.И.К. и селекторка на дел видео програмата на ФРИК Фестивалот. Ко-основачка на Арт И.Н.С.T.И.T.У.T. проектниот простор во 2009-та, а заедно со 6 уметници од Скопје ја ко-основаат иницијацијата „Моми“ во 2011 година. Од 2013-та е членка на Јадро и истата година го иницирала проектот „Простор“. Во 2014 е еден од победничките е на отворениот повик за млад уметник/ца на галеријата „Агенцијата за сериозни интереси“. Во 2016-та е добитничка на наградата за млад визуелен уметник/ца „ДЕНЕС“ на Центарот за современи уметности– Скопје. Има преку 10 самостојни изложби, акции и проекти во Македонија, Њујорк, Грција и Германија.

*****

Заслуги:

Концепт и уметничка насока: Дарко Драгичевиќ / „Неуспехот како пракса“ е проект на Гете-институтот Србија во соработка со „Градска герила“ во рамките на платформата за следната генерација / Уметнички директор: Дарко Драгичевиќ / Директор на проектот: Френк Бауман, Гете-институт Белград / Менаџерка на проектот: Зорица Милисављевиќ, Гете-институт Белград / Копродукција: Танцфабрик Берлин, КоФестивал и Номад танц академија Словенија

„Неуспех како пракса“ е презентиран на КоФестивал Љубљана (ноември 2019 година), DOCH / Универзитет за уметности во Стокхолм (октомври 2019 година), Летен фестивал на отворени простори Танцфабрик (јули 2019 година), Гете-институт Белград (март 2019 година) и Градски музеј во Белград ( мај 2017 година).

Уметничка соработка и перформанс: „Градска герила“ Белград: Драгана Кртиниќ, Зорица Милисављевиќ, Мирјана Утвиќ / Берлински уметници: Кристина Цупке, Шанон Куни, Жозефин Еврард, Јуле Флирл, Зеина Хана, Лулу Обермајер, Мартин Сондеркамп / Универзитет за уметности Стокхолм, студенти на курсот СТУФФ хибридни пракси во кореографијата / уметници од Љубљана: Матеја Бучар, Маја Калафатиќ, Катја Легин, Нина Мешко, Радарани Перначиќ, Ајда Томазин

*****

Неуспехот како пракса

 

Проектот Неуспехот како пракса се спроведува во партнерство помеѓу авторот Дарко Драгичевиќ и Локомотива и се реализира во рамките на програмата „Уметност, политика, институција, тело“ куриранa од Билјана Тануровска Ќулавковски, продуциранa од Виолета Качакова и координиранa од Зорица Зафировска. Имплементацијата на проектот е поддржана од Гете-институтот, Скопје.


En» 11-28.12.2020

Failure as Practice, Online workshops and events

Concept, Artistic Direction: Darko Dragičević (Berlin)

 

Artistic Collaborators: Ruth-Johanne Andersson (Stockholm, SE), Christina Ciupke (Berlin, DE), Vladimir Janchevski (Skopje, MK), Nina Meško (Ljubljana, SI), Zorica Milisavljević (Belgrade, RS), Zorica Zafirovska (Skopje, MK)

 

Dates: December 11 – 28, 2020

 

An error is simply a failure to adjust immediately from a preconception to an actuality.John Cage

 

Failure is something we are ashamed of, we want to hide it, make it unnoticeable. Success integrates while failure means being rejected by society. But what happens when non-normative bodies come into the picture, opening up new spaces of counterhegemonic opportunity? These new possibilities could mark the shifts of existing configurations by rearranging the hegemonic dominance of the state, institutions and normative politics as alternative ethical views.

Failure as Practice is a series of site-specific interventions aiming to create different, parallel lines of communality by means of resisting the general valorization of success.

 

Online LAB & Interventions:

 

Ѕtarts with 3-day LAB during which 6 invited artistic collaborators from 5  European countries will contemplate on general understanding of Failure in various socio-political contexts. A set of analytical and practice based tasks will serve as means of observation and instruments of discourse to further interpret the potentials of global understanding of Failure and its transformative powers into the productions of newly-acquired knowledge/s.

Due to the situation with pandemic Covid19, LAB will take place online during which one of the ‘Ambassadors’ from previous editions of Failure as Practice teams from Belgrade, Berlin, Stockholm and Ljubljana will join 2 local artists from Skopje. During these 3 days LAB sessions we will reflect upon the topics of collectivity, the body/bodies in private and public space/s, collaboration etc. that will be shared through the prism of each of the participant’s cultural and collective memory. In practical terms this will be done with various questionnaires, tasks, scores, games, online interventions, writings etc. Participants will be working individually and in pairs. Memorization and repetition will serve as articulation elements by which the transformative powers of fears of Failure will be presented as the creative processes of the incessant and creative acts based on individual and collective trust. Furthermore, after the days of LAB each participant will be asked to create two documentation materials based on two different tasks in the form of performative interventions. The aim of these tasks will be to expand and create a series of contextually elaborated proposals, both through practice and theory. During these processes the participating artists will present various performative attempts and try-outs creating a specific language and aesthetics of expression based on movement materials, text, object and sound. Their main focus will be the body/the bodies in the private and public spaces during these particular times of pandemic. Formats will be video and audio recordings, texts, scores, photographs and other visual materials like maps, drawings and so on. After their finalization they will be shared and open to public on online platforms.

Feedback as a form of critical practice will be implemented during the entire course of the LAB and on the last, 6th day of this format participants will all meet once again for a process of reflection and final evaluation. During this time all of the materials will be shared between the participants for the discussion.

 

The project Failure as Practice started in May 2017 as a Workshop series led by visual and performance artist – Darko Dragičević. The participants of the Workshop were members of the City Guerilla – a group of young artists and activists. The project took place in Belgrade and was supported by Goethe-Institut Serbia. In 2019 the book/catalogue under the same title was published by the Goethe-Institut and project Failure as Practice was presented internationally in different Festivals, Universities and other curated platforms.

 

Darko Dragičević is a Belgrade born, Berlin based visual and performance artist.

He works on interdisciplinary projects and cross-media collaborations as the expanded practices within the fields of performance, choreography and film.

His most recent projects include lecture performance Silent Trio, Chapter #5: Digital Postcards with C. Ciupke (Montag Modus Berlin, November 2020), performances Healers with J. Layes Vinovrški (Open Spaces Tanzfabrik Berlin, October 2020) and Silent Trio, Chapter #4: Unfinished Archives with C. Ciupke (Open Spaces Tanzfabrik Berlin, October 2020).

This year Dragičević is collaborating with Christina Ciupke, Jasna Layes Vinovrški, Siri Jøntvedt, Jasmina Založnik, Zeina Hanna and Martin Sonderkamp, on different projects. He is an Artistic Director and Editor of the project Lie & Theft as Practice done in collaboration with the Goethe-Institut in Belgrade.

Dragičević teaches at institutions such as DOCH – School of Dance and Circus/Stockholm University of the Arts, ZZT Centre for Contemporary Dance/HfMT Cologne, Folkwang University Essen, Tanzquartier Vienna and Y-Institut/Hochschule der Künste Bern.

He studied Film and Television Production at New York Film Academy in New York City and Visual Arts at The International College of Arts & Sciences in Milan where he earned a BA in Visual Communication and an in Visual Arts.

 

Participants in the project:

 

Ruth-Johanne Andersson (1989) is a cis-white-female research-dancer and conceptual artist. She has studied choreography at The School of Visual Theatre, Jerusalem (2014-18) and at the MFA freestanding dance-course program at Stockholm University of the Arts (2018-21). She is driven by artistic practises that counter individual self-promotion with collectivization strategies. As part of her artistic development she has been doing academic research on Israel/Palestine at The Department of Cross-Cultural and Regional Studies at Copenhagen University (2012-2021). She has participated in collective shows at OVERGADEN. Institute of Contemporary Art (DK), Ofelia Square (DK), Uferstudios (GER), and HaZira (ISL). She is an active member of Höjden freelancer-studio in Stockholm and speaks fluent in the four languages: Swedish, Danish, Hebrew, and English.

 

Christina Ciupke lives and works as a choreographer and performer in Berlin. She develops her projects in close collaborations. Within that arise specific spaces and situations, where the encounters between audience and performer are constantly re-negotiated. She collaborates with choreographers such as Ayse Orhon, Jasna Vinovrški, Mart Kangro, Nik Haffner, with the composer Boris Hauf, the dramaturge Igor Dobričić and visual and performance artist Darko Dragičević. She received a MA in Choreography at the Amsterdam School of the Arts (AHK). From 2016 to 2020, she was represented as an artist in the European network APAP – Advancing Performing Arts Project at Tanzfabrik Berlin.

 

Vladimir Janchevski (1984 / Skopje) independent researcher based in Skopje, working simultaneously in the field of contemporary art and visual studies. He is interested in interdisciplinary art practices and image theory, art and politics, iconoclasm and ‘image wars’.

Since 2004 he co-organized, curated and participated in numerous events: group exhibitions, collaborative projects, lectures and public discussions. He was a core member of the art initiative KOOPERACIJA (2012-2015).

Since 2011 collaborates with CVS-Skopje, participated in several international conferences and organized public lectures in Skopje. He authored more than 50 texts on contemporary art and visual culture.

 

Nina Meško belongs to the generation of dancers and choreographers that began its artistic creation in the 1990s, when Slovenia withdrew from the federative Yugoslavian story and was for a decade and half one of the best articulated artists in the Slovenian contemporary dance production. She performed at numerous events in Slovenia and abroad and received two major international residential grants – ArtsLink (NY) and Tanzquarter (A). For the last twelve years, she has been working as a head of dance department at the Republic of Slovenia Public Fund for Cultural Activities (JSKD), where she organises events about contemporary dance, dance pedagogy, drafts incentives for creation and facilitates conditions for staging performances. This is how she managed to create the festivals and educational events, whose main goal is to foster dance creativity of children and youth and provide for professional qualifications of their mentors all over Slovenia’s regions.

 

Zorica Milisavljević has worked at the cultural program department of Goethe-Institut in Belgrade as a coordinator of special and long-term projects (City Guerilla, Urban Incubator, Actopolis, Freiraum, Next Generation, Missing Stories and Commoning Through Arts, among others) for more than twenty years. She was a mentor (2010-2017) and one of the founders of the self-organized group City Guerilla. Through this project, she was involved in processes that encompassed the evolution of the group’s consolidation, functionality and sustainability as well as its impact on the urban environment in which it had been formed. Since 2017, in collaboration with Darko Dragičević, a visual and performance artist from Berlin, she has worked on the concept and realization of projects entitled Failure as Practice and Lie and Theft as Practice. In her artistic practice, she explores the poetics of everyday life, randomness, invisibility and transience, as well as collaborative and participatory practices of writing poetry in interaction with artificial intelligence project EveryDayLifePoetry.

 

Zorica Zafirovska holds a bachelor degree from The Faculty of Fine Arts, University of Ss. Cyril and Metodius of Skopje. Since 2011 she is a Ph.D. Candidate in cultural studies at the Institute for Social Sciences and Humanities “Euro-Balkan”. Her work as a visual and conceptual artist involves a spectrum of research concerned with contemporary socio-political topics, such as human trafficking and homelessness. In her home town Skopje and elsewhere, she does mostly site- and time-specific installations and small actions, that rely on critical approaches of presenting her work. From 2008 member of F.R.I.K. (Cultural Development Association Formation) from Skopje. In 2009 with 13 artists they co-founded Art I. N.S.T.I.T.U.T. an artist group and artists-run space in Skopje, and 2011 together with 6 women they co-founded artist’s initiation MOMI. In 2013 she initiated The Space, art project in Skopje, and becаme a member of Jadro. She has over 10 solo exhibitions and projects in North Macedonia, Greece, New York and Germany.

 

*****

 

Credits:

Concept & Artistic Direction: Darko Dragičević / Failure as Practice is a project of the Goethe-Institut Serbia in collaboration with City Guerilla within the Next Generation platform / Artistic Director: Darko Dragičević / Project Director: Frank Baumann, Goethe-Institut Belgrade / Project Manager: Zorica Milisavljević, Goethe-Institut Belgrade / Coproduction: Tanzfabrik Berlin, CoFestival and Nomad Dance Academy Slovenija

 

Failure as Practice has been presented at the CoFestival Ljubljana (Nov 2019), DOCH/Stockholm University of the Arts (October 2019), Open Spaces Tanzfabrik Summer Festival (July 2019), Goethe-Institut Belgrade (March 2019) and Belgrade City Museum (May 2017).

Artistic collaboration and Performance: City Guerilla Belgrade: Dragana Krtinić, Zorica Milisavljević, Mirjana Utvić / Berlin artists: Christina Ciupke, Shannon Cooney, Joséphine Evrard, Jule Flierl, Zeina Hanna, Lulu Obermayer, Martin Sonderkamp / Stockholm University of the Arts, students from the course STUFF Hybrid Practices in Choreography/ Ljubljana artists: Mateja Bučar, Maja Kalafatić, Katja Legin, Nina Meško, Radharani Pernačič, Ajda Tomazin.

 

*****

 

Failure as Practice

 

The project Failure as Practice is implemented in partnership between the author Darko Dragičević and Lokomotiva and it is realised within the programme “Art, Politics, Institution, Body” curated by Biljana Tanurovska Kjulavkovski, produced by Violeta Kacakova and coordinated by Zorica Zafirovska. The implementation of the project is supported by the Goethe-Institute, Skopje.