КИНО КУЛТУРА СЕ ОТСЕЛИ ОД „КИНО КУЛТУРА“/ KINO KULTURA MOVES OUT OF “KINO KULTURA”

En↓

КИНО КУЛТУРА СЕ ОТСЕЛИ ОД  „КИНО КУЛТУРА“

Крајот на 2020 го одбележа и крајот на работа на проектниот простор КИНО КУЛТУРА. Го отворивме во декември 2015, и во текот на овие, скоро пет години, поединци, соединети преку две организации (Театар Навигатор Цветко и Локомотива) развиваа простор кој пред сè беше замислен како ново место за театар, танц, перформанс, но и за останати содржини кои доаѓаат од пошироката културна и граѓанска сцена.

Го замисливме како простор кој на некој начин ќе ја продолжи мисијата на Мала Станица, еден простор во кој во 90те некои од нас учевме како да создаваме вонинституционална култура, да креираме нов театар, но и изложби, филмови, и други активности, – заедно со другите организации и поединци. Некои од нас, тогаш студенти, работејќи учеа, создаваа, а и по затворањето на Мала Станица продолжија, развија други иницијативи….

После долги години самостојно работење, повторно се соединивме преку организациите во кои дејствуваме, вклучувајќи ги своите соработници, стари и нови, како и партнери, стари и нови.

Решивме заедно, во понаков облик да ја продолжиме идејата, или да ја прошириме и да направиме еден простор кој ќе даде можност, нови, млади, да создаваат, и ние да продолжиме и ги прошириме своите идеи.

За нас Кино Култура никогаш не беше зграда, беше идеја, желба да се продуцира нов театар, перформанс, танц, и други, нови содржини на сцената. Почнавме во време кога немаше место каде да се видиме, соединиме, разговараме и организираме, да се спротиставиме на едни репресивни политики, и да продуцираме содржини и знаење.

Направивме заедно повеќе од 30 продукции, донесовме повеќе од 500 меѓународни уметници, над 1000 дебати, предавања, конференции, работилници, детски програми и уште многу други содржини.

Но најмалку се важни бројките, креиравме идеја за заедничко работење, за инклузија, за развој, дадовме можност просторот да се гради себе си низ содржините и соработките. Ова не ќе беше можно без  поддршката на Општина Центар, и на неколкуте спонзори, на што сме особено благодарни.

Ја завршивме оваа приказна за овој простор, после долга финансиска агонија, недоволна политичка волја за поддршка, но и покрај тоа, сакаме идејата да продолжи и понатаму… Си одиме од просторот, но идејата за Кино Култура како простор на слобода, кој ќе се гради низ соработка, каде ќе се продуцира и гледа  еден поинаков театар, танц, уметност воопшто, каде ќе се мисли поинаку, продолжува понатаму.

Да не беше Ковидот, ќе направевме голема забава за затворање, која ќе значеше и отворање на нови видици и чекори напред.

Жал ни е што и покрај несомнените успеси и динамизација на македонската а особено скопската- оф култура, не ја добивме неопходната поширока поддршка од државата, од оние кои можат преку креирање на добри политики да потпомогнат ваква и слични идеји да растат, да се развиваат да живеат.  Одиме понатаму и ќе целиме, ќе заговараме, и ќе се бориме да создадеме достоен простор, институција за современи изведувачки уметности, сè со надеж дека јавноста и политиката еден ден ќе препознаат дека нашиот идентитет е пред сè културата.

 

Поздрав,

 

Слободан Унковски, Александар Поповски, Биљана Тануровска- Ќулавковски, Виолета Качакова, Павле Игновски, Климент Попоски, Нела Витошевиќ, Елена Ристевска, Ѓурѓица Христовска, Валентино Апостоловски, Зорица Зафировска, Александар Георгиев, Анџела Петровска, Ивана Васева, Филип Јовановски, Русомир Богдановски, Викторија Илиоска, Христина Ангеловска, Ивана Коцевска, Александра Петрушевска, Тереза Лазарев, Милош Б. Андоновски, Драгана Гунин, Ангела Стојановска, Јанка Лефкова, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Зоја Бузалковска, Ева Камчевска, Јеткин Сезаир, Мартин Манев, Андреј Јованчевски, Сашо Н. Алушевски, Игор Вецовски, Симона Димковска, Горан Ников, Мирко Попов, Оливера Ќорвезировска, Јана Коцевска, Иво Антов, Владимир Петровиќ, Филип Николовски, Славчо Димитров, Јана Ацевска, Ивана Ангеловска, Русе Арсов, Маја Стевановиќ, Ивана Нелковска, Сузана Киранџиска, Хана Миленковска, Кристина Леловац, Филип Димевски, Иван Поповски, Горјан Милошевски, Игор Ангелов, Ненад Стевовиќ и многу други.


En»

KINO KULTURA MOVES OUT OF “KINO KULTURA”

 

The end of 2020 marked the end of Kino Kultura project space. We saw its opening in December 2015, and during these – almost five years, different individuals brought together through two organizations (Theater of Cvetko the Navigator and Lokomotiva) were developing a space primarily thought up as a new place for theater, dance, performance, as well as other contents coming from the wider cultural and civil society scene.

We thought of it as a space that will somehow continue the mission of “Mala Stanica” – a space in the 90s where some of us learned how to create non-institutional culture, to create a new theater, as well as exhibitions, films, and other activities – together with other organizations and individuals. Some of us, students at the time, were learning and creating while working, and even after “Mala Stanica” was closed down, they continued, and developed new initiatives…

After many years of working independently, we were reunited through the organizations in which we operate, including our collaborators, both those we already knew and many new ones, as well as partners, those we knew and many new ones.

We decided to continue the idea, together, in a different form – or, expand it and create a space that will give the opportunity for new, young people to create, and for us to continue and expand our ideas.

To us, Kino Kultura was never a building, but an idea, desire to produce new theater, performance, dance, and other, new contents on the scene. We started at a time when there was no place where we could meet up, join forces, talk and organize, stand against certain repressive policies, and produce contents and knowledge.

Together we created over 30 productions, we brought more than 500 international artists, over 1000 debates, lectures, conferences, workshops, children’s programs, and many more contents.

But, numbers are the least important – we created an idea for joint work, for inclusion, development, we gave an opportunity for the space to build itself through content and collaboration. This wouldn’t have been possible without the support of Center Municipality, and the few sponsors, to which we are extremely grateful.

We finished the story of this space, after a long financial agony, insufficient political will to provide support, but despite that, we still want the idea to continue… We’re moving out of the space, but the idea of Kino Kultura as a space of freedom, which will be built through collaboration, where a different theater, dance, art in general will be produced and seen, and which will inspire different thinking, still continues.

If it weren’t for the COVID-19 pandemic, we would have thrown a big closing party, which would have also marked the opening of new horizons and steps forward.

We regret that despite the undeniable success and invigoration of the Macedonian, and especially the Skopje – off culture, we didn’t receive the necessary wider support from the state, from those who can help this and similar ideas to grow, develop, live on through the creation of good policies. We’re moving ahead, and we’ll strive, advocate and fight to create a decent space, an institution for contemporary performing arts, all in hopes that one day the public and the politics will recognize that our identity is first and foremost found in culture.

 

Regards,

Slobodan Unkovski, Aleksandar Popovski, Biljana Tanurovska- Kjulavkovski, Violeta Kachakova, Pavle Ignovski, Kliment Poposki, Nela Vitosevic, Elena Ristevska, Djurdjica Hristovska, Valentino Apostolovski, Zorica Zafirovska, Aleksandar Georgiev, Andzela Petrovska, Ivana Vaseva, Filip Jovanovski, Rusomir Bogdanovski, Viktorija Ilioska, Hristina Angelovska, Ivana Kocevska, Aleksandra Petrushevska, Tereza Lazarev, Milosh B. Andonovski, Dragana Gunin, Ivana Nelkovska, Angela Stojanovska, Janka Lefkova, Ivana Pavlakovik, Stefan Vujisic, Natalija Teodosieva, Zoja Buzalkovska, Eva Kamcevska, Yetkin Sezair, Martin Manev, Andrej Jovancevski, Saso N. Alushevski, Igor Vecovski, Simona Dimkovska, Goran Nikov, Mirko Popov, Olivera Kjorvezirovska, Jana Kocevska, Ivo Antov, Vladimir Petrovic, Filip Nikolovski, Slavco Dimitrov, Jana Acevska, Ivana Angelovska, Ruse Arsov, Maja Stevanovic, Ivana Nelkovska, Suzana Kirandziska, Hana Milenkovska, Kristina Lelovac, Filip Dimevski, Ivan Popovski, Gorjan Milosevski, Igor Angelov, Nenad Stevovikj, and many others.