Трибина: Измените на Законот за Култура

EN↓ 02.11.2016 18:00 Синдикат на културата на Република Македонија

Измените од Законот за култура веќе се спроведуваат во културните институции. Колективниот договор за јавните уставони од областа на културата ќе се потпише до крајот на годинава, нови договори за работа веќе се потпишуваат во институциите. Малкумина од нас разбираат што содржи законот, што значи колективниот договор, кои се последиците од потпишување на нов договор за работа.

За таа цел, СКРМ организира трибина, во која би се разјасниле и одговориле многу прашања што ги засегаат сите уметници, културни работници, моменталните и идните вработeни во јавните институции.

Учесници во трибината:
– Претставници на синдикални организации при СКРМ од сите културно-уметнички дејности;
– Билјана Тануровска Ќулавковски, културен работник/Локомотива;
– Милан Живковиќ, експерт за работнички права, директор на канцеларијата на фондацијата ”Фридрих Еберт” во Македонија;
– Трпе Деаноски, генерален секретар на УПОЗ.

Колеги уметници и културни работници, вработени и невработени, спремајте ги вашите прашања и дојдете да разговараме за состојбата на уметникот денеска, за неговиот статус во институциите и неговите работнички права.


EN»

The amendments of the Law of culture are already active in cultural institutions. The collective agreement for public institutions in the field of culture will be signed by the end of the year, new contracts have already been signed in the institutions. Few of us understand what the law contains, what the collective agreement means and which are the consequences of signing a new contract.

For this purpose SKRM organizing a debate in which it would be clarified and answered many questions that concern all artists, cultural workers, current and future employees in public institutions.

Participants id the debate:

  • Representatives of all syndical organisations in SKRM of all cultural and artistic activities;
  • Biljana Tanurovska Kjulavkovski/ cultural worker/ Lokomotiva
  • Milan Zvikovic/ an expert on labor rights, director of the Foundation Fridrich Ebert Office Skopje, Macedonia
  • Trpe Deanoski,  UPOZ

Fellow artists and cultural workers, employed and unemployed, prepare your questions and come to talk about the situation of the artist today, his status in the institutions and their labor rights.