Контра кадар СК 30 – 3 Women – Женските ликови кај Алтман

EN↓ 07.11.2016 КОНТРА КАДАР СК 30- Женските ликови кај Алтман

Роберт Алтман е ненадминатиот гениј на независниот филм и еден од најистакнатите претставници на ерата на Новиот Холивуд (New Hollywood). Понекогаш подзаборавен Алтман претставува вистинско освежување во седумдесетите години на минатиот век со својот уникатен филмски јазик. Неговиот натуралистички стил на прикажување на реалноста е вистинско раскрстување со некои етаблирани правила за филм од златната ера на Холивуд.

3 Women (3 Жени) се смета за едно од неговите најзначајни дела кое во 1977 од познатиот филмски критичар Роџер Еберт е прогласено за филм на годината. Ова дело зрачи со својата човечност, но исто така и со својот немир. Тоа е една вознемирувачка приказна за три жени чија психа е многу слична кои само како одделно да егзистираат во оваа димензија, а на повисоко ниво се поврзани меѓусебе.

Алтман ги забледува линиите помеѓу она што го гледаме и она што е. Ние не се чувствуваме на моменти удобно кога гледаме како целата приказна оди кон трагични расплети, но самата несигурност во она што го гледаме ни дава надеж дека таму некаде над оваа свест тоа е наменето да функционира така.

Ве очекуваме во 19 часот во Кино Култура, влезот е секако слободен!


EN»

Robert Altman is unsurpassed genius of independent film and one of the foremost representatives of the New Hollywood era (New Hollywood). Sometimes forgotten Altman is a real refreshment in the seventies of the last century with its unique cinematic language. His naturalistic style of portraying reality is real exit from some established rules of film from the golden era of Hollywood.

3 Women (3 Women) is considered one of his most significant works which in 1977 by the famous film critic Roger Ebert was designated for film of the year. This work exudes with his humanity, but also with his anxiety. It is a disturbing tale of three women whose psyche is very similar to that just as separately they exist in this dimension, and on a higher level are interconnected.

Altman has faded lines between what we see and what it is. We do not feel comfortable at times when we see the full story go to tragic denouement, but the uncertainty in what we see gives us hope that somewhere above this sense it is intended to function.

We expect you at 19 pm at Kino Kultura, entrance is free!