EN↓07.12.2016 11:30//Младински изборни муабети- НМСМ
Во пресрет на парламентарните избори 2016, ни претставува задоволство да Ве поканиме на нашиот настан „Младински изборни муабети“. Настанот е дел од кампањата #ИЗБОРИСЕ на Национален младински совет на Македонија која има за цел да ги стави младинските прашања во фокусот на јавноста.
На настанот ќе учествуваат младински претставници на политички партии, односно коалиции чии имиња се наоѓаат на кандидатските листи за пратеници на претстојните избори. Говорниците ќе имаат можност пред младите и пред пошироката јавност да ги претстават нивните идеи за решавање на најгорливите прашања за младите во Македонија:
• Младинска невработеност;
• Иселување на младите од Македонија;
• Младинско учество.
По излагањето на говорниците, подиумот ќе им биде препуштен на младите во публиката кои ќе имаат можност да поставуваат прашања до кандидатите за пратеници и одблизу да ги запознаат нивните потенцијални претставници во народниот дом, Собранието на Република Македонија.
Оваа активност на Националниот младински совет на Македонија се реализира во рамките на програмата на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Македонија за Зајакнување на граѓанското учество во политичките процеси, финансиски поддржана од Националната фондација за демократија (НЕД).
Повеќе информации ќе најдете на следниот ФБ линк на настанот:
https://www.facebook.com/events/346565069050172/
EN»
Ahead of the parliamentary elections in 2016, we are pleased to invite you to the event “Youth election talk.” The event is part of the campaign # IZBORISE the National Youth Council of Macedonia, which aims to put issues of the youth in the public focus.
The event will be attended by youth representatives of political parties or coalitions whose names are on lists of candidates for deputies to the upcoming elections. Speakers will have the opportunity for the young and the general public to present their ideas to solve the most pressing issues for youth in Macedonia:
• Youth unemployment;
• Eviction of youth of Macedonia;
• Youth participation.
After the presentation of the speakers, podium will be left to the young people in the audience who will have the opportunity to ask questions to the candidates for deputies and closely get to know their potential representatives for the Parliament of the Republic of Macedonia.
This activity of the National Youth Council of Macedonia is realized within the program of the National Democratic Institute for International Affairs in Macedonia to strengthen citizen participation in the political process, funded by the National Foundation for Democracy.
Get more information about the event on the following FB event: