EN↓ 19.12.2016/ 19:30
Ќе отвориме една од најголемите стигми во општеството и психологијата. Стигма за која што не се разговара, дискутира, а камоли дебатира. Тема која што скоро секогаш е водена според предрасуда, секогаш покажувана со прст, тема за која многу малку знаат, а уште помалку сакаат да знаат. Една од темите за кои треба целосно да ја напуштите вашата комфорт зона и размислите колку сте отворена и широкограда личност. Педофилија.
Вовед во дискусијата ќе биде филмот “The Woodsman” од 2004 година на режисерката Никол Касел кој ќе ни даде поглед од другата стрaна, а потоа нашиот гостин проф. Д-р Антони Новотни ќе ни помогне подетално да се запознаеме што е тоа педофилија?
Прашања на кои би се задржале се:
Дали злоставувач на деца е исто што и педофил?
Дали секој педофил мора да биде злоставувач на деца?
Како да ги прифатиме овие луѓе во општеството кои не сториле злочин?
Кои мерки се потребни за педофилот да биде во контрола и да живее нормално?
Дали постојат генетски предиспозиции, трауми или други невронски аномали за некој да биде педофил?
Дали доколку педофил не се контролира и се препушти на неговата сексуална желба, местото му е во затвор или во психијатриска институција?
Влез и дискусија слободна.
EN»
We will open one of the biggest stigmas in society and psychology. Stigma for not discuss, discuss, let alone debated. Theme that is almost always guided by prejudice, always pointing the finger, a topic which they know very littleand even fewer want to know. One of the topics that should completely leave your comfort zone and think about how much you are an open and generous person. Pedophilia.
Introduction to the discussion will be the film “The Woodsman” from 2004, directed by Nicole Kassel that will give us a view from the other side, and after that, our guest professor. Dr. Antoni Novotnu will help us to know in detail what it is pedophilia?
Questions that would have remained:
Is a abuser of children the same as a pedophile?
Does each pedophile have to be a abuser of children?
How to accept these people into society who have not committed a crime?
What measures are needed for the pedophile to be in control and live a normal life?
Are there genetic predispositions, trauma or other neural anomalies to be a pedophile?
Whether pedophile is not controlled himself properly and taking care of his sexual desire, is the place for him- in prison or in a psychiatric institution?
The entrance and the discussion are free!