EN↓ 28.12.2016 17:00 „Писмо некому“- Буден театар
„Писмо некому“ најнова претстава во продукција на Буден Театар премиерно ќе биде прикажана денеска, 28 декември, во 17.00 часот во просториите на Кино Култура.
Претставата е дел од проектот „Видео писма“, кој Буден Театар го спроведуваше во изминативе два месеци. „Писма некому“ е базирана на приказните на холандскиот автор за деца Тон Телехен, и видео материјалите од креативните работилници спроведувани во рамките на овој проект со децата бегалци сместени во Т.Ц. Табановце и децата од О.У. Кочо Рацин од Скопје.
Во двомесечниот процес двете групи на деца меѓусебно разменуваа видео пораки и испраќаа подароци, а денеска, по кусо одложување, конечно ќе се оствари и нивната прва средба, каде заеднички ќе ја погледнат претставата „Писмо некому“.
Проектот „Видео писма“ претставува чекор кон надминувањето на изолираноста на децата бегалци, пред се преку пронаоѓање на креативен начин да се запознаат со македонските деца и покрај неможноста за директни средби. Овој проект воедно се влијаеше и кон рушење на негативните стереопити со кои децата бегалци се соочуваат.
Проектот е финансиски поддржан од Цивика Мобилитас, а се реализираше во партнерство со СОС Детско село, О.У. Кочо Рацин и со логистичка поддршка од Кино Култура. Морална поддршка за реализацијата на овој проект добивме од МТСП, ЦУК Куманово, и УНЦХР. Екскурзијата на децата бегалци ќе се реализира со поддршка на Руле Турс.
EN»
The premiere of “Letter to someone ‘, latest performance produced by Buden Theatre will be presented today, December 28, at 17.00 pm at the Kino Kultura.
The performance is part of the “Video letters” that Buden Theatre has conducted over the past two months. “Letters to someone” is based on the stories of the Dutch author of children Ton Telehen , and video from the creative workshops conducted within this project with refugee children placed in TC Tabanovce and the children of primary school Koco Racin Skopje.
In the two-month trial two groups of children mutually exchanged video messages and gifts, and today, after a delay, will finally be realized, their first meeting, where together we will see the play “Letter to someone”.
The “Video Letters” is a step towards to overcoming the isolation of children refugees, primarily by finding creative ways to learn about Macedonian children despite the inability for direct encounters. This project is also influential on the destruction of negative stereotypes that refugee children are facing.
The project is financially supported by the Civica Mobilitas and implemented in partnership with SOS Children’s Village, “Koco Racin” and with logistical support from Kino Kultura. Moral support for this project received from the MTSP,CUK Kumanovo and UNHCR. The excursion of the refugee children will be supported by the Rule Tours.