14.05.2017 13:00 МЛАДИТЕ МОЖАТ- „Ослободи ја идејата и превземи акција“
Младите можат ве покануваат да дојдете на финалниот настан од натпреварот „Ослободи ја идејата“. Настанот ќе се одржи на 14 мај во просториите на Кино Култура.
На натпреварот, шесте финалисти ќе имаат можност да ги претстават своите идеи пред публиката и жири-комисијата и да ги убедат за релевантноста, креативноста и иновативноста на понуденото решение.
Дополнително, присутните ќе имаат можност да ги слушнат приказните за граѓански акции на двајца млади успешни говорници, чија цел е да им укажат на присутните дека со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.
Сите присутни на настанот ќе имаат можност да гласаат за една од шесте финални идеи. Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за реализација на идејата.