EN↓ Во рамки на Европскиот проект Life Long Burning и програмата Critical Practice_Made in Yu во организација на Локомотива на 5.05.2016 во Кино Култура од 12:00- 14:00 ќе се одржи дебатата на тема „Естетика и политика“ каде ќе ги спротистават своите ставови Небојша Вилиќ и Славчо Димитров.
Центарот на дебатата ќе се одвива околу објавениот статус на Небојша Вилиќ: Status #100 – 66/34: Доста е со „шарената“ револуција! каде тој твора неколку тези и прашања, меѓу кои – дали естетиката на политичкото се сведува на еманципаторскиот чин, односно театралност и карневал/карневализација, што доведува до губење на основната поента на почетокот на протестите: „Нема правда – нема мир!“.
Целта на дебатата е пошироко да се проблематизира естетското во политичкото, и да се дебатира преку предложениот пример на темата.
Поради учеството на меѓународните учесници во програмата, дебатата ќе се одвива на англиски јазик.
Влезот е слободен.
EN»