Култренинг со Христина Ангеловска

En↓ 10.03.2020 @ 18:00

Култренинг со Христина Ангеловскa

Овој Култренинг ќе се состои од кратко загревање, индивидуални вежби и вежби во парови на под, средно и високо ниво.
Овој пат фокусот ќе го насочиме кон не секојдневното движење, истражување, пренесување на енергија и развивање на сопствените идеи.

Христина Ангеловска е дипломиран балетски педагог за современ танц.
Нејзиното искуство со кореографии го стекнала на Факултет за музичка уметност – Скопје. Работела на Презентација на програмата на катедрата за балетска педагогија-современ танц – Нови тенденции / нови современи танцови дела и автори при УКИМ ФМУ каде е дел од тимот и сама изведува во кореографските дела “Somewhere, somehow, somebody” и „Три“ во 2019 година и „Равенка“ 2018 год.
Како изведувач и танчар соработувала со Горан Начевски за премиерна изведба на операта „Помеѓу соништа и летови“ во 2019 и „Континуитет“, во кореографија на Марија Ристеска во 2018 год.

Претходно искуство не е потребно. Учеството е бесплатно.

Контакт: kultrening@gmail.com

Часовите се подржани од организацијата Локомотива – како дел од програмата на Кино Култура.


ЕN» 10.03.2020 @ 18:00

Kultrening classes with Hristina Angelovska will consist of short warm-up, individual exercises, and floor, mid and high level pairs exercises.
This time we will focus on non-everyday movement, research, energy transfer and developing our own ideas.

Hristina Angelovska is a graduated ballet teacher in contemporary dance.
She gained her experience with choreography at the Faculty of Music – Skopje. Works on Presentation of the Ballet Pedagogy Department Contemporary Dance Program Presentation – New Trends / New Contemporary Dance Works and Authors at UKIM FMU where she is part of the team and performs herself in choreographic works “Somebody, some” “Three” in 2019 and “Equation” 2018
As a performer and dancer she collaborated with Goran Nacevski for the premiere of the opera “Between Dreams and Flights” in 2019 and “Continuity”, choreographed by Maria Risteska in 2018.

Previous experience in dance is not compulsory. Participation is free of charge.

Contact: kultrening@gmail.com

The classes are supported by the Lokomotiva, Skopje – as part of the Kino Kultura programme.