KУЛТРЕНИНГ со Ивана Коцевска ::: BodyFlow Dance

En↓ 08.05.2020 @ 19:00

KУЛТРЕНИНГ со Ивана Коцевска ::: BodyFlow Dance

Овој култренинг ќе го држи балетскиот педагог м-р. Ивана Коцевска и ќе го сподели со нас нејзиниот пристап кон движењето: BodyFlow Dance!
“BodyFlow Dance” е принцип на движење на телото и претставува склоп на танцови движења во комбинација со вежби за зајакнување, истегнување, баланс, координација и правилно дишење.
Во овој период ќе започнеме со вежби за будење на телото!
👣Импро вежби на тема интуиција, трансформација, адаптација на се што не опкружува.

Zoom meeting ID: 930-5084-1956
Password: 972514
Придружете се на линкот во 19:00 часот: https://zoom.us/j/93050841956?pwd=TFo5b3JZbkxWMzU1L3Q1RDJna0hTdz09

Пред секој час ќе постираме линкови и информации за часовите што следат на ФБ и веб страните на Локомотива и Кино Култура.
Часовите се бесплатни.
Доколку сакате да донирате за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate
Контакт: kultrening@gmail.com

Следете ги најавите на нашите страни.

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.

Ивана Коцевска е балетска уметничка/танчерка, кореографка и магистерка по балетска педагогија. Работи како солистка во македонската опера и балет.
Завршено основно и средно балетско образование во „Илија Николовски – Луј“ во Скопје, Македонија.
Во 2001 година станува дел од Македонскиот национален балет.
Изведува солистички и главни улоги во балетските претстави како што се Оревокршачка, Лебедово езеро, Заспаната убавица, Дон Кихот, Наполи, Самсон и Далила, Кармен, Жизел, Серенада, Концерто Бароко, Есмералда, Шехерезада, Кармина Бурана, Конзерваториум (Бурнвил), Ла Силфид, Лес Силфид, Агонија на срцето (Галили) и многу други.
Работела како солистка во словенечкиот национален балет во Љубљана и во Вурцбург каде била поканета од Ана Вита и една година специјализира во Киев при украинскиот национален балет каде ја реализира улогата на Мирта во балетот Жизел.
Нејзината прва голема продукција „МЕТАМОРФОЗА“ премиерно е изведена на 3 јули 2018 на главната сцена на Националната опера и балет со поддршка на Министерството за култура на Македонија.


En» 08.05.2020 @ 19:00
KULTRAINING with Ivana Kocevska ::: “BodyFlow Dance”
This kultraining lesson will be held by the ballet pedagogue and MA. Ivana Kocevska, she will share with us her approach to the movement: BodyFlow Dance!
“BodyFlow Dance” is a principle of body movement and is a combination of dance movements combined with exercises for strengthening, stretching, balance, coordination, and proper breathing.
During this period, we will start with exercises for awakening the body!
👣 Impro exercises on intuition, transformation, adaptation of everything that surrounds us.

Zoom meeting ID: 930-5084-1956
Password: 972514
Join us shortly before 19:00h: https://zoom.us/j/93050841956?pwd=TFo5b3JZbkxWMzU1L3Q1RDJna0hTdz09

Before each class, we will share links and information about the classes that follow on FB and the websites of Lokomotiva and Kino Kultura.
Join our free classes held on Macedonian language.
If you would like to donate and support the program, you can follow the link: lokomotiva.org.mk/donate
Contact: kultrening@gmail.com

Follow the announcements on our pages.

The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the R.N.Macedonia.

Ivana Kocevska is a dancer, choreographer, and an MA in ballet pedagogy. Works as a soloist at the Macedonian opera and ballet.
Studied at the national school for music and ballet “Ilija Nikolovski- Luj” in Skopje, Macedonia.
2001 she became part of the Macedonian national opera and ballet ensemble.
She danced solo and main roles in the ballets such as Nutcracker, Swan Lake, Sleeping beauty, Don Quixote, Napoli, Samson and Dalilah, Carmen, Giselle, Serenade, Concerto Barocco, Esmeralda, Sheherazade, Carmina Burana, Conservatory (Bournonville), La Sylphide, Les Sylphides, Agony of the heart (Galili) and many others.
Worked as soloist with the Slovenian national ballet in Ljubljana and in Wuerzburg where she was invited by Anna Vita and worked one year with the Ukrainian National Ballet as an apprentice, where she danced the role of Myrtha in the ballet Giselle.
She choreographed performances in the alternative theatre and collaboration with many performance artists. Her first big production “Metamorphosis” premiered on the 3rd of July on the main stage of the National ballet with the support of the ministry of culture of Macedonia.