КУЛТРЕНИНГ 2020 /ONLINE/ Септември/ Октомври/ Ноември:::

En↓  септември/ октомври/ ноември 2020 @ 18:00

Култренинг со Ивана Коцевска, Христина Ангеловска и Александар Георгиев.

Времето на криза продолжува, но ние не отстапуваме од можноста да одржиме втора серија на часови за техники на современ танц и истражување на движење: КУЛТРЕНИНГ, туку ги адаптираме часовите соодветно на условите.

Па, затоа, во следниот, нашите соработници – танцови уметници, ќе држат online часови!

Ваквата адаптација ќе им овозможи тие да продолжат со работа, а сите останати, заинтересирани, да имаат можност да учествуваат и да ги посетувааат часовите бесплатно.

Во следните два месеца во 18:00 часот ќе имате можност да бидете дел од часовите на Ивана Коцевска, Кристина Ангеловска и Александар Георгиев.

Секојa од нив ќе го сподели својот личен пристап кон телото, просторот и имагинацијата. Двете танцови уметници работат на свој специфичен начин преку кој ќе работат со вас на достигнување на флуидност, координација и форма на телото.

Следете ги овие разновидни модели на телесно размислување и експресија!

 

Пред секој час ќе постираме линкови и информации за часовите што следат на ФБ и веб страните на Локомотива и Кино Култура.

Часовите се бесплатни.

Доколку сакате да донирате, за развој на програмата можете тоа да го направите на следниот линк: lokomotiva.org.mk/donate

Следете ги најавите на нашите страни.

 

*****

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.


En↓  September/ October/ November 2020 @ 18:00

KULTRENING 2020 /online/ September/ October/ November :::

with Ivana Kocevska, Hristina Angelovska and Aleksandar Georgiev.

Тhis time of crisis, still continues, but we have decided not to give up the opportunity to hold classes on contemporary dance techniques and movement research:  KULTRENING, but to adapt them to the circumstances.

Therefore, in the following two months, our collaborators – dance artists, will hold online classes!

This adaptation will enable artists to continue with their work, and all others, interested, to have opportunity to be part of these free classes.

In the next two months at 18:00, you will have the opportunity to be part of the classes of Ivana Kocevska, Kristina Angelovska and Aleksandar Georgiev.

Each of them will share their personal approach to the body, space and imagination. The two dance artists work in their own specific way that would enable us to achieve fluidity, coordination and body shape.

Follow these diverse models of body thinking and expression!

 

Before each class we will share links and information about the classes that follow on FB and the websites of Lokomotiva and Kino Kultura.

Join our free classes.

If you would like to donate and support the program, you can do at the following link: lokomotiva.org.mk/donate

Follow the announcements on our pages.

 

*****

The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the Republic of Macedonia.