КУЛТРЕНИНГ со Александар Георгиев ::: „SCREENSAVER“

En↓ 19.10.2020 @ 18:00

Александар ве поканува на КУЛТРЕНИНГ часови, на кои ја споделува својата фасцинација со танцот и кореографијата преку својот пристап кон механизмите на танцовата пракса кои ги нарекува „SCREENSAVER“.

 

„SCREENSAVER“ се појавува како танцувачка практика, но всушност е ТВ Поп шоу или само апсурдно видео рекламирање кое го носи со себе танцовата архива од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архивата („SCREENSAVER“) отвора спекулативен простор на минати временски линии кои поинаку се занимавале со танцот, простор да коегзистираат истовремено во денешната перцепцијата на танцот и кореографијата. Простор каде може да се доживее танцот кој се играл илјада пати, или сеќавањето на некој танц што е виден многу пати и сите го носиме во себе, конечно може да биде доживеан; простор за танц на идна носталгија, простор за танц и кинетички задоволства. Пристапот отвора простор за задоволства во доживувањето на танцот и кореографијата како кинематографска меморија на нашите тела.

 

Александар Георгиев – Аце е кореограф кој работи номадски околу неколку места во Европа. Тој бил дел од неколку формални и неформални образовни и истражувачки програми, меѓу кои „NOMAD”, „SPAZIO”, „DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program” (трета генерација). Аце дипломирал на „DOCH” во Стокхолм, во рамките на магистерската програма за кореографија. Аце активно работи од 2008 година, претставувајќи се на меѓународно ниво, во релација со мрежите во кои членува. Неговите дела биле премиерно претставени и изведени во просторите на: „Red House” (Софија), „DNK” (Софија), „MDT” (Стокхолм), „PTL” (Љубљана), „Schauspielhaus” (Виена), „Кино Култура” (Скопје). Неодамна започнал да ги истражува практиките на ко-егзистирање преку кореографија, и веќе 10 години работи во формати на колективно авторство на креација, окупиран околу славењето и протестот на телото, и поетиката во рамките на социјалните феномени преку движење. Тој премиерно ги промовирал своите дела во зимата 2019, и пролетта 2020 година. Аце активно учествува во перформанси на други уметници, како Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud. Заедно со Zhana Pencheva и Dario Barreto Damas, тој е дел од културниот проект STEAM ROOM.

 

*****

Часовите се дел од КУЛТРЕНИНГ 2020, дел од програмската линија Заедно – социо-културни активности за поширокото општество во проектниот простор Кино Култура, во организација на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата. Програмата е поддржана од општина Центар и Министерство за култура на Р.С.Македонија.


En» 19.10.2020 @ 18:00

KULTRAINING with Aleksandar Georgiev ::: „SCREENSAVER“

Aleksandar would like to invite you for KULTRAINING to share his fascination with dance and choreography through approaching the mechanisms of dance practice that he called “SCREENSAVER”.

SCREENSAVER appears as a dance practice, but in-fact it is a TV Pop show or just absurd Video advertising of the dance archive one carries from the 60s, 70s, 80s and 90s. Archive that speculatively opens space for other temporalities that have dealt differently with dance, to co-exist simultaneously within the perception of dance and choreography nowadays. A space where the dance that has been danced thousand times, or the memory of that dance that have been seen so many times and we all carry it, can be finally experienced; a space for a dance of future nostalgia, a space for a dance of satisfaction, and kinetic pleasure. The approach opens a space for satisfaction in experiencing dance and choreography as a cinematographic memory in our own bodies.

 

Aleksandar Georgiev – Ace is a choreographer who works as a nomad in several places in Europe. He was part of several formal and informal educational and research programs, including NOMAD, SPAZIO, DanceWeb, 50 Days Fly Low and Passing Through and Critical Practice program (third generation). Ace graduated from DOCH in Stockholm with a master’s degree in choreography. Ace has been active since 2008, presenting itself internationally, in relation to the networks in which it is a member. His works were premiered and performed in places such as: “Red House” (Sofia), “DNK” (Sofia), “MDT” (Stockholm), “PTL” (Ljubljana), “Schauspielhaus” (Vienna), “Kino Kultura” (Skopje). He has recently begun to explore the practices of co-existence through choreography and has been working in the past 10 years in the formats of collective authorship of creation, occupied around the celebration and protest of the body, and poetics within social phenomena through movement. He premiered his works in the winter of 2019, and spring 2020. Ace is still actively involved in performances with other artists, such as Doris Ulrich, Nefeli Oikonomou and Marcus Doverud, among others. Together with Zhana Pencheva and Dario Barreto Damas, he is part of the cultural project STEAM ROOM.

 

*****

 

The classes are part of KULTRENING 2020, part of the program line Together – socio-cultural activities for the wider society in the project space Kino Kultura, organized by Lokomotiva – Center for new initiatives in art and culture. The program is supported by the Municipality of Centar and the Ministry of Culture of the R.N.Macedonia.