En↓ 26.11.2020 @ 19:30
Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје во рамки на 45-тото издание на МОТ ќе го претстави перформансот SCREENSAVER – кореографското дело на Александар Георгиев.
На 26-ти ноември во 19:30 часот во просторот на главната сала во Младинскиот културен центар премиерно ќе се прикаже делото SCREENSAVER на Александар Георгиев, автор, и кореограф. Перформансот ќе биде изведен од Александар Георгиев, Дарио Барето Дамас (Шпанија), Жана Пенчева (Бугарија) и Тереза Лазарев (Р.С. Македонија). Развојот и продукцијата на делото се подржа преку реализација на две уметнички резиденции во Скопје, во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура и Младинскиот културен центар, во месеците август и ноември.
SCREENSAVER може да се сфати како танцова пракса, но всушност станува збор за еротско ТВ поп-шоу или едноставно, апсурдно видео рекламирање на архивата за танцување, која се негува уште од 60-тите, 70-тите, 80-тите и 90-тите години. Архива која спекулативно отвора простор за други темпоралности кои поинаку се бавеле со танцот, за да коегзистираат истовремено во денешната перцепција на танцот и кореографијата. Ќе се отвори простор каде што конечно ќе може да се доживе илјада пати одиграниот танц, или сеќавањето на танцот што сме го гледале толку многу пати и сите го носиме во себе како кинетичка меморија. Ќе се отвори простор за танц на идна носталгија. SCREENSAVER создава клима на задоволство додека танцот и кореографијата се доживуваат како кинематографска меморија на телата.
Автор и изведувач: Александар Георгиев
Изведувачи: Дарио Барето Дамас (Шпанија), Жана Пенчева (Бугарија) и Тереза Лазарев (Р.С. Македонија)
Во разговор со: Дарио Барето Дамас (Шпанија)
Авторска музика: Цветан Момчилов (Бугарија)
Дизајн на звук: Драгана Заревска
Визуелен дизајн : Ѓорѓи Десподов
SCREENSAVER – танцување во идната носталгија – е дел од истражувањето „Ко-серии“. Ова истражување претставува епизодично структурирана кореографска серија која се занимава со денешните практики на коегзистирање. SCREENSAVER е првата епизода од „Ко-серии“, која се појави како јасен интерес за време на уметничкиот престој во студиото ТОР во Брисел во 2019 година, а понатаму се разви, во контекст на уметнички резиденции, во ccap и c.off (2019) и Констнарснамнден (2020) во Стокхолм, во Кино Култура и Младинскиот културен центар во Скопје (2020).
Сите заинтересирани граѓани, ќе можат да набават билети на веб страницата на МКЦ, по што ќе добијат видео линк од изведбата на перформансот. купи билети
*****
SCREENSAVER
Перформансот „Screensaver“ е развиен во рамки на програмата „Современа кореографија и танц“ на Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата, финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Програмата е курирана од Биљана Тануровска Ќулавковски, продуцирана од Виолета Качакова и координирана од Зорица Зафировска.
Изведбата на перформансот „Screensaver“ е во соработка со фестивалот Младински отворен театар и Младинскиот културен центар.
En» 26.11.2020 @ 19:30
SCREENSAVER – premiere of the choreographic work of Aleksandar Georgiev
Lokomotiva – Center for New Initiatives in Art and Culture from Skopje will present the performance “SCREENSAVER” – the choreographic work of Aleksandar Georgiev within the 45th edition of the MOT.
On November 26th at 19:30 hours the choreographic work “SCREENSAVER” by Aleksandar Georgiev, an author and a choreographer, will be premiered in the main hall of the Youth Cultural Center in Skopje. The choreographic work will be performed by Aleksandar Georgiev, Dario Barreto Damas (Spain), Zhana Penceva (Bulgaria) and Teresa Lazarev (R.N. Macedonia). The development and production of the choreographic work was supported through the realization of two artistic residences in Skopje, in Kino Kultura – project space for contemporary performing arts and contemporary culture and Youth Cultural Center, in August and November.
“SCREENSAVER” might appear as a dance practice, but it is in fact an erotic TV pop show or just an absurd video advertising of the dance archive one caries from the 60s, 70s, 80s and 90s. An archive that speculatively opens space for other temporalities that have dealt differently with dance, so they could simultaneously co-exist within today’s perception of dance and choreography. A space where a dance danced a thousand times, or the memory of that dance and the dance we have seen so many times and we all carry within, could finally be experienced. A space for a dance of a future nostalgia. “SCREENSAVER” creates a climate of satisfaction while experiencing dance and choreography as a cinematographic memory in our own bodies.
Author and performer: Aleksandar Georgiev
Performers: Dario Barreto Damas (Spain), Zana Pencheva (Bulgaria) and Tereza Lazarev (SR Macedonia)
In conversation with: Dario Barreto Damas (Spain)
Original music: Cvetan Momchilov (Bulgaria)
Sound design: Dragana Zarevska
Visual design: Gjorgji Despodov
SCREENSAVER – dancing in the future nostalgia – is part of the “Co-series” research. This research is an episodic structured choreographic series that deals with today’s practices of coexistence. SCREENSAVER is the first episode of “Co-series”, which appeared as a clear interest during the artistic stay in cie. THOR in Brussels in 2019, and further developed, in the context of art residences, in ccap and c.off (2019) and Konstnärsnämnden (2020) in Stockholm, at Kino Kultura and Youth Cultural Center in Skopje (2020).
All interested citizens will be able to purchase tickets on the YCC website, after which they will receive a video link from the performance. buy tickets
*****
SCREENSAVER
The performance “Screensaver” is developed as part of the “Contemporary Choreography and Dance” programme of Lokomotiva – Centre for New Initiatives in Arts and Culture, funded by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia. The programme is curated by Biljana Tanurovska Kulavkovski, produced by Violeta Kachakova and coordinated by Zorica Zafirovska.
The performance of the choreographic work “Screensaver” is in collaboration with the Youth Open Theater Festival and the Youth Cultural Center.