Технологија и уметност – револуција или хуманизација – Трибина на Ана Јовковска

EN↓ 15.06.2016 15 јуни, СРЕДА во 20:00 часот „ПРО-КНИЖИ ГО УМОТ” /„BOOKING YOUR MIND“ – платформа за креативен дијалог низ култни европски автори и дела ве кани на трибина на тема:
„ТЕХНОЛОГИЈА И УМЕТНОСТ – РЕВОЛУЦИЈА ИЛИ ХУМАНИЗАЦИЈА“

15 јуни, СРЕДА во 20:00 часот
Локација: Кино Култура
ул. „Луј Пастер“ б.б, Скопје

Автор во фокус: ВАЛТЕР БЕНЈАМИН
Панелисти:
НЕБОЈША ВИЛИЌ, историчар на уметност
ИВАН ЏЕПАРОСКИ, филозоф

Концепт и модератор: АНА ЈОВКОВСКА

Влезот е слободен, а публиката добродојдена 🙂

Во време на револуции, технологијата и новите медиуми се гулабите на слободната мисла и алатки за артикулација на гневот. Тензијата во општеството и честичките во воздухот се доволно наелектризирани за една интензивна дискусија во која ќе го отвориме прашањето за предизвиците на уметноста денес.
– Уметниците како носители на прогресот
– Уметничкиот производ и политичката моќ
– Влијанието на новите технологии и социјалните мрежи
– Етноцентризам VS космополитизам
– Дигиталното и ангажираната уметност
– Шарената револуција и уметноста на улица…
– Уметноста денес – револуција или хуманизација?

После дискусијaта следува неформална дружба со дегустација на германски благи специјалитети и пијалоци според авторот од земјата во фокус 😉
Платформата „Про-книжи го умот” /„Booking Your Mind“ е дел од проектот „Културни приказни“ на Делегацијата на Европска Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје


EN>> June 15, Wednesday at 20:00 “BOOKING YOUR MIND” – a platform for creative dialogue across the European cult authors and works invites you to a debate on the topic:
“ARTS AND TECHNOLOGY – REVOLUTION OR humanization”

June 15, Wednesday at 20:00
Location: Kino Kultura
“Luj Paster” bb Skopje

Author on Focus: Walter Benjamin
Panelists:
Nebojsa Vilic, art Historian
Ivan Džeparoski,  philosopher

Concept and moderator: Ana Jovkovska

The entrance is free and the audience is welcome 🙂

At a time of revolutions, technology and new media are the doves of free thought and tools for articulation of anger. The tension in the society and particles in the air are sufficiently charged for an intense discussion that will examine the challenges of art today.

– Artists as carriers of progress

– The impact of new technologies and social networks

– Ethnocentrism VS cosmopolitanism

– Digital and engaged art

– Colourful Revolution and the art of the street …

– Art today – a revolution or humanization?

After discussion follows an informal communication with sweet degustation of German dishes and drinks according to the country of the author who is in focus
Platform “Booking Your Mind” is part of the project “Cultural Stories” of the Delegation of the European Union and the EU InfoCentre in Skopje