EN↓ 20.06.2016 Во 16-тото издание на Контра Кадар СК – филм што барем малку е поврзан со духот на нашето време.
На програмата е Do The Right Thing од 1989, третиот и критички најуспешниот филм на Спајк Ли. Сместен во Бруклин во 1980-тите, филмот и неговата галерија од интересни ликови претставува општествена критика на расната нетрпеливост во тоа време, но и своевиден потсетник за последиците и опасностите од овие конфликти.
Дискусијата по филмот има намера да ги разгледа разните форми на ненасилно дејствување, кога, како и зошто тоа функционира, кои се границите и како сето тоа знаење може да се примени во нашето општество.
Гостин-модератор на дискусијата ќе биде Баже Петрушев.
Влезот на проекцијата и разговорот по неа е бесплатен и отворен за сите!
Понеделник, 20 јуни, 20:00.
EN>> In the 16th edition of Counter Staff SK – at least film that it is connected with the spirit of our time.
On the program is “Do The Right Thing” 1989, the third and critically the most successful film of Spike Lee.
Located in Brooklyn in the 1980s, the film and his gallery of interesting characters is a social critique of racial intolerance at the time, but also a reminder of the consequences and dangers of these conflicts.
The discussion after the movie intends to consider various forms of non-violent action, when, how and why it works, which are the limits and how all of this knowledge can be applied in our society.
Guest moderator of the discussion will be Baze Petrushev.
The entrance to the projection and on the discussion it is free and open to all!
Monday, June 20, 20:00.